Македонија
Супервештачењето за „Тендери“ сè уште не е завршено, судењето презакажано за 16 февруари
Oсновниот кривичен суд Скопје извести дека главната расправа за „Тендери“ насроечна за утре, се презакажува за 16.02.2023 година, бидејќи предметот со сите списи сеуште не се вратени од надлежното Биро за судски вештачења.
„Имено, заради претходно изведени два спротиставени вешти наоди, а заради доследно почитување на одредбите од ЗКП, судот на 06.04.2022 година предметот го достави на надлежно постапување во Брото за судски вештачење со наредба за изготвување на супервештачење од областа на градежништво и урбанизам. Со оглед да предметот сеуште не е вратен во судот и досега се отповикани седум насрочени расправи, а воедно судот на два наварти се има обратено до Бирото со барање за прецизирање на рок – кога наодот ќе биде изготвен, за што немаме добиено одгвор, Кривичниот суд денеска по трет пат се обрати до Биртото за судски вештачење со известување дека доколку до 31.01.2023 година предметот со сите списи и изготвениот вешт наод и мислење не биде вратен во судот, или не биде доставен образложен извештај зошто наодото сеуште не е изготвен и кога истиот ќе биде завршен, судот ќе ја искористи Законската можност за парична казна на надлежната институција согласно член 237 ст.3 од ЗКП“, велат од Основниот кривичен суд Скопје.
„За одолговлекувањето на постапката како и за сите дописи доставени до Бирот, судот ќе го извести Министерството за правда на РСМ и Судски совет на РСМ.
Бирото за судски вештачењеа, но и целокупната јавност мора да ја имаат предвид комплексноста на предметот, интерсот на медиумите и невладините организации за истиот, Уставно загрантираните права и обврси на странките во постапката и пред се начелото за судење во разумен рок кој судот е должен да го почитува, па зради тоа неможе да се дозволат дополнителни неосновани одолговлекувања на постапката“, соопштуваат од Основниот кривичен суд Скопје.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Фетаи на Националниот форум на граѓански организации: Мисијата на Владата е градење на отворени и ефективни институции
Во рамки на Националниот форум – Саем на граѓански организации, Заменик-претседателот на Владата задолжен за добро владеење, Арбен Фетаи, учествуваше и се обрати пред претставниците на граѓанското општество. Тој ја истакна важноста од континуиран дијалог меѓу Владата и граѓанскиот сектор, потенцирајќи дека граѓанското општество претставува еден од клучните механизми за зајакнување на демократијата и транспарентноста.
Фетаи посочи дека Владата останува посветена на изградбата на поотворени институции и на редовна соработка со граѓанските организации, повикувајќи ги истите да продолжат да бараат отчетност и да ги адресираат предизвиците што ги засегаат граѓаните.
Тој нагласи дека мисијата на Владата е градење на отворени и ефективни институции и ги охрабри граѓанските организации да го продолжат нивниот критички ангажман.
Заменик претседателот на Владата додаде дека неговата канцеларија ќе остане отворена за директна и континуирана соработка со сите организации од граѓанското општество.
Македонија
(Видео) Костадинова Стојчевска: Македонскиот јазик не се чува со кратење на буџетот за инспекторатот
Пратеничката на СДСМ Бисера Костадиновска Стојчевска, во образложението на амандманот за зголемување на буџетот за инспекторатот за употреба на македонскиот јазик, пред собраниската комисија за финансирање и буџет, истакна дека со предложениот буџет се оневозможува функционирање на инспекторатот.
Во буџетот за 2026 година средствата во однос на буџетот од 2025 година се намалени на 620.000 денари, што практично го намалува функционирањето на инспекторатот, рече Костадиновска Стојчевска и побара буџетот за оваа институција да се врати на износот од 2.033.000 денари, колку што изнесуваше во буџетот за 2025 година.
-Со намалениот износ не е можно да се обезбеди вработување на потребниот број инспектори и административен кадар, извршување на редовни активности на терен, опремување и тековно функционирање на институцијата, нагласи Костадиновска Стојчевска, додавајќи дека инспекторатот за употреба на македонскиот јазик е нова институција, основана врз основа на законот за употреба на македонскиот јазик, чија цел е да го следи спроведувањето на законските обврски во инситутциите, образованието, културата и јавниот простор.
Костадиновска Стојчевска побара поддршка од сите пратеници за овој амандман.
„Барам поддршка за оваа институција да може конечно, откако е формирана во 2024, да профункционира, затоа што откако е воспоставена, нејзиниот буџет само се крати, а со тоа не се покажува вистинска грижа за зачувување, унапредување на македонскиот јазик“, нагласи пратеничката на СДСМ Бисера Костадиновска Стојчевска, во обраќање пред собраниската комисија за финансирање и буџет.
Македонија
Муртезани во ЕП: Нашиот долг евроинтегративен пат, често надвор од Копенхашките критериуми, не ја поколеба нашата визија за полноправно членство
Министерот за европски прашања, Орхан Муртезани, се обрати на 24-от состанок на Мешовитиот парламентарен комитет ЕУ – Северна Македонија, што денеска и утре се одржува во Европскиот парламент во Стразбур. Состанокот, на кој копретседаваа пратеници од Европскиот парламент и од Собранието на Република Северна Македонија, беше посветен на односите меѓу Северна Македонија и Европската Унија, со акцент на фундаменталните права и слободата на изразување, владеењето на правото и борбата против корупцијата, напредокот во пристапните преговори, добрососедските односи и регионалната стабилност, како и на прашањата од областа на животната средина, транспортот, енергетиката, инфраструктурната поврзаност, дигитализацијата и вештачката интелигенција.
Во своето обраќање, Муртезани се осврна на клучните приоритети на државата во европскиот процес, нагласувајќи ја посветеноста кон реформите во рамките на Планот за раст и Реформската агенда. Тој истакна дека земјата продолжува со имплементација на суштинските реформски чекори, како и со подготовката на значајни инвестиции што ќе ја зацврстат економската и институционалната усогласеност со Европската Унија. Муртезани се осврна и на оценките од Годишниот извештај на Европската комисија за 2025 година, посочувајќи дека извештајот го потврдува континуираниот напредок на Северна Македонија и дека препораките на Комисијата веќе се вградени во националното планирање.
„За Северна Македонија, чиј пат беше долг и честопати исполнет со предизвици надвор од Копенхашките критериуми, европскиот пат и полноправното членство остануваат прашање на цврста убеденост, а не на погодност. Секоја реформа што ја спроведуваме ја зацврстува нашата верба дека Европа е најсилна кога го исполнува своето ветување и дека Унијата е целосна кога оние што најдолго чекале конечно ќе бидат примени како полноправни членки“.

