Македонија
(Видео) Стоилковски: Ковачевски е слуга на интересите на Али Ахмети
„Средбата во Тирана е само обид за спас на власта во заминување, средба за спас на кариерите и бизнисите на ДУИ и на неколкумината околу Димитар Ковачевски! Ковачевски е слуга на интересите на Али Ахмети. Кариерата на Ковачевски се состои во исполнување на желбите и барањата на Али Ахмети. Затоа сега Ахмети му фрла на Ковачевски гума за спасување на неговата политичка кариера, а за кусо време ќе го видиме и вториот слуга – Димче Апасиев како само на зборови и без дела ќе глуми патриот“, рече на денешната прес-конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.
Тој напомена дека „оваа тиранска средба се случува токму на барање на СДС и на Димитар Ковачевски за да добијат помош за продолжување на мандатот на оваа Влада, а за возврат да се реализираат политики и агенди на штета на Македонија и на македонскиот народ“.
„Потврда за тоа е молкот од СДС, од Ковачевски и од Зечевиќ за оваа средба, односно премолчаното одобрување, без да се постават јавно прашањата какви агенди и план разработен на оваа средба ќе добијат на маса? А резултатот од ваквата средба, резултат во таа агенда, не може да биде ништо поинакво, ништо подобро од познатото – како и до сега. Одлуките за Македонија мора да се носат во Македонија и по промената на власта една од првите работи што ќе ги направиме е да прекине оваа пракса за Македонија да се одлучува надвор од Македонија“, рече Стоилковски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Мицкоски до пензионерите: Уживајте во зголемените пензии од 2.500 денари
Пензионерите утре ќе добијат повисоки пензии за 2.500 денари. Зголемувањето е линеарно, што значи дека сите пензии ќе се покачат за истиот износ.
Второто линеарно покачување од плус 2 и пол илјади денари пензионерите ќе го добијат во март следната година.
Премиерот Христијан Мицкоски вечерва преку видео обраќање на пензионерите им порача да уживаат во повисоките пензии кои од утре ќе се најдат на нивните сметки.
Македонија
До овој момент нема наши државјани кои се обратиле за помош или евакуација од Либан, соопшти МНР
До овој момент, нема македонски државјани кои се обратиле за помош или евакуација од Либан, соопштија од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија.
-Поради влошенета безбедносна ситуација во Либан, Министерството за надворешни работи и надворешна трговија на Северна Македонија во неколку наврати ги повика сите наши државјани кои се наоѓаат во оваа држава, да ја напуштат во прва можна прилика и апелираше да се одложат сите патувања кон оваа држава, кои не се неопходни, рекоа од Министерството.
Денеска силен чад се издига над хоризонтот на јужен Либан откако израелските трупи го нападнаа јужниот град Сидон, на околу 45 километри јужно од Бејрут каде што загинаа најмалку 32 лица, соопштија либанските власти, додека во провинцијата Баалбек Хермел загина 21 лице, а најмалку 47 се ранети.
Според либанското Министерство за здравство во последните израелски напади загинале повеќе од 100 луѓе, додека бројот на жртвите во изминатите две недели се искачи на над 1.000, а околу 600 се повредени.
Македонија
Мицкоски на средба со СОНК: Стандардот на вработените ќе го подобруваме преку заеднички дијалог и мерки што ќе дадат резултати
Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски заедно со министрите за финансии Гордана Димитриеска Кочоска, образование и наука Весна Јаневска и економија и труд Бесар Дурмиши остварија средба со раководството на Самостојниот синдикат за образование, наука и култура – СОНК.
На средбата се разговараше за унапредување на работничките права, состојбата во образованието, науката и културата, колективните договори како и состојбата со платите и нашата тенденција тие да растат согласно реалните можности на економијата.
„Стандардот на вработените ќе го подобруваме преку заеднички дијалог и мерки кои ќе дадат резултати. Разговараме за сет одлуки и системски мерки кои ќе бидат одржливи на долг рок. Следуваат добри одлуки“, истакна премиерот Мицкоски.