Македонија
Владата: Второто полугодие ќе почне на 23 јануари
Владата на Република Северна Македонија, денеска, на 118. редовна седница, го разгледа и го усвои предлогот на Министерството за образование и наука, второто полугодие од учебната 2022/2023 година, наместо на 18 јануари, да почне на 23 јануари (понеделник) со физичко присуство за сите ученици.
Во образложението од Министерството за образование и наука наведено е дека зимскиот распуст се продолжува поради заштеда на греење и заштита на здравјето на учениците, информираат од прес-службата на Владата.
На истата владина седница денеска беше разгледан и усвоен акцискиот план за реализација и спроведување на Националната стратегија за еднаквост и недискриминација 2022-2026 година. Усвоениот акциски план содржи временска рамка и финансиски импликации за реализација на стратегијата до 2026 година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Филипче: Муртезани секој ден го демантира Мицкоски, бараме итна затворена седница
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче денеска во изјава за медиумите истакна дека во Владата има спротивставени ставови за евроинтегративните процеси на Македонија и тоа е уште поголема причина за собраниска седница на која премиерот Мицкоски треба да ги каже плановите на Владата за напредокот на земјата. Филипче смета дека спротивставените ставови на премиерот Христијан Мицкоски и министерот за европски прашања Орхан Муртезани, се потврда за неспособноста на Владата да обезбеди јасен план за евроинтегративниот процес на државата.
„Многу најави има од премиерот за некаква поддршка од некои држави, за менување на преговарачката рамка, нешто што наводно би ја подобрило нашата положба во процесот на евроинтеграции. Меѓутоа сето тоа е обвиено со мистерија и не знаеме никакви детали. Премиерот има обврска тоа да го соопшти, прво пред Собранието, пред народните избраници а понатаму и пред граѓаните. Да знаеме, сега кога еднострано го запре евроинтегративниот пат, нешто за што сметам и ќе повторам, нема никакво право, ниту политичко, ниту етичко, морално, напротив има обврска пред граѓаните да го продолжи тој пат којшто го очекува огромно мнозинство на граѓаните, и потврдено преку огромната поддршка на граѓаните на сите анкети направени досега наназад. Тоа е местото каде што се дискутира“-изјави Венко Филипче, претседател на СДСМ.
Филипче истакна дека во Собранието треба да се расчистат овие „дисонантни тонови“, бидејќи тоа е местото каде што треба да се дискутира за иднината на државата и клучните прашања во врска со патот на Македонија кон Европската унија.
„Жалам што неговиот министер Муртезани го демантира во неговите најави и изјави дека наводно има некаква поддршка да се донесат уставни измени со одложено дејство. Самиот министер кажа дека воопшто во ЕУ во ниту една држава нема расположение за таква работа.Сметам дека тие конфузни изјави, тие дисонантни тонови во Владата коишто оставаат впечаток дека таму владее една целосно бесперспективност, мора да се расчистат во Собранието. Мора да знаеме кој е планот на Владата ако воопшто го има и како ние ќе го продолжиме евроинтегративниот пат“-изјави претседателот на СДСМ, Венко Филипче.
Тој додаде дека СДСМ секојдневно покажува конструктивност по прашањето за продолжување на евроинтегративниот пат на државата, но за жал одговор од премиерот во таа насока нема.
Македонија
Андоновски ја најави првата мобилна апликација за лични документи и за услуги
Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, денеска во новите простории на министерството за дигитална трансформација, пред медиумите и граѓаните го презентираше сработеното во рамките на 100 дена од новата Влада.
Министерот Андоновски го најави проектот за изработка на првата владина мобилна апликација за административни услуги Super App ELI. „Аплицираме на програма на Европската унија која ќе ни овозможи да развиеме мобилна апликација за административни услуги. Овој проект, наречен Supper App ELI, со вредност од 1.200.000 евра, е дел од иницијативата на Дигитална Европа. ЕЛИ ќе биде револуција во пристапот до јавните услуги,“ изјави Андоновски.
Андоновски најави дека секој граѓанин ќе има пристап до административните услуги директно преку својот мобилен телефон.
Во рамки на овој проект се работи на воведување на дигитална верзија на лични карти и возачки дозволи, познати како мобилен паричник (ID Wallet). Дигиталниот паричник ќе претставува револуција во начинот на кој граѓаните се идентификуваат и пристапуваат до услуги.
Андоновски најави и дека Министерството работи на целосен редизајн на порталот за услуги – uslugi.gov.mk.
„Свесни дека постоечкиот изглед на порталот за е-услуги не ги исполнува целосно потребите на граѓаните, се зафативме за сериозни подобрувања на порталот. За кратко време ќе имаме обновен портал за услуги со изглед кој е поинтуитивен и полесен за користење, кој ќе понуди нови функционалности и пристапност за лицата со попреченост и нови услуги и ќе се осигураме дека тие одговараат на реалните потреби на граѓаните.“, подвлече Андоновски. „Веруваме дека со овие подобрувања, ќе создадеме портал кој навистина ќе ги задоволува потребите на нашите граѓани и ќе прерасне во едноставна и единствена точка за контакт меѓу граѓаните и институциите.“ потенцираше Андоновски.
Во своето излагање, Андоновски најави и 100 нови електронски услуги во 2025 година, достапни на порталот за услуги.
„Секоја од овие услуги ќе биде базирана на анкетата која ја спроведовме со приватниот сектор, но и анализите кои произлегуваат од институциите. Овие нови услуги ќе опфаќаат широк спектар на области, од административни процедури во МВР, до услуги од ПИОМ, Министерство за правда, итн.“
Министерството најави дека со воведувањето на новите услуги, се очекува значително да се зголеми бројот на активни корисници на порталот и да се подобри ефикасноста на државната администрација. „На овој начин создаваме единствена точка за контакт меѓу граѓаните и институциите. Ова е иднината на дигиталната трансформација во нашата земја“, заклучи Андоновски.
Македонија
Филипче: Наследството на Глигоров е патоказ за напредок
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска, во основното училиште „Киро Глигоров“, во општина Центар, присуствуваше на свеченоста по повод откривање биста на првиот претседател на самостојна Македонија, патрон на училиштето. Говорејќи за ликот и делото на претседателот Глигоров, Филипче истакна дека тој оставил силен печат врз историјата на нашата татковина со правецот по кој ја движел земјата.
„Тој беше лидер што ги постави основите на современата македонска држава, воден од принципите на демократија, мир и соработка. Глигоров е симбол за мудрост и визионерство, затоа и не случајно многумина го нарекуваа таткото на нацијата. Во најтешките моменти, кога државата се соочуваше со предизвици во процесот на независност, донесе мудри политички одлуки. Глигоров го постигна она што ниту една република од поранешна СФРЈ не успеа да го направи – Македонија по мирен пат стана независна, суверена и демократска држава.
Тој веруваше во силата на дијалогот и помирувањето, нешто што е особено важно и денес кога треба да продолжиме работиме на заедничката иднина на државата. Благодарение на Глигоров, Македонија стана дел од најголемото меѓународно семејство на народи – Организацијата на обединетите нации“, изјави претседателот на СДСМ, Филипче.
Вредностите и државнички одлуки на Глигоров оставија траен белег во нашето општество и се патоказ за идните политики за напредок и просперитет на државата, истакна Филипче.
„Ние како генерација сме обврзани да ја продолжиме неговата визија за напредна и демократска Македонија, да ги надминеме сегашните предизвици и да изградиме подобра иднина за сите наши граѓани. Со оваа биста, која денеска се постави во истоименото основно училиште, не само што оддаваме почит, туку и ја чуваме визијата на Глигоров жива во нашето секојдневие инспирирајќи ја младината да се бори за заедништво, стабилност и просперитет“, зјави претседателот на СДСМ, Венко Филипче.