Црна хроника
172 санкции за брзо возење
Во текот на вчерашниот ден (10.1.2023) Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање возила што се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 172 возачи.
Од нив, шест возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволената брзина, а едно се движело со дури над 70 километри на час повеќе од дозволеното.
Притоа 93 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 79 надвор од населено место.
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Изгоре куќа во Куманово, сопственикот бил надвор од државава
Вчера во 21.37 часот во СВР Куманово било пријавено дека на ул.„Тоде Мендол“ во Куманово настанал пожар во напуштена куќа, сопственост на Ф.А., кој се наоѓа надвор од државата.
Од екипа на Територијалната противпожарна единица Куманово пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема. Увид бил извршен.
Црна хроника
Жена по автобус испратила пари за да добие повеќе, но ја измамиле
Вчера во полициската станица Велес, 75 – годишна велешанка пријавила дека била измамена од едно лице за сума од 600 евра. Според пријавеното, на 14.11.2024 лицето и се јавило телефонски, се претставило дека е од Скопје и ја известило дека и следувале околу 20.000 евра, но за да ги добие требало да му ги испрати парите.
Како што е пријавено, таа ги испратила парите преку автобус, а по кратко време лицето повторно и се јавило и побарало уште 1.500 евра за да добиела поголема сума, по што сфатила дека е измамена.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Топ
Се апсеа дилери на дрога, за четири часа полицијата приведе 12 лица
По преземени мерки и активности на подрачјето на општина Аеродром во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција и Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје во периодот од 23.20 часот на 15.11.2024 до 03.50 часот на 16.11.2024 привеле 12 лица, соопшти МВР.
Б.П.(29) од Скопје бил приведен затоа што кај него биле пронајдени таблети, кај Б.Ј.Р.(21) од Скопје била пронајдена бела грутчеста материја, кај А.С.(21) од Битола, а со живеалиште во Скопје, била пронајдена бела прашкаста материја, кај С.Т.(23) од Битола, а со живеалиште во Скопје, била пронајдена таблета, кај Н.Н.(28) од Куманово бела прашкаста материја, кај А.С.(24) од Прилеп таблети, кај Д.М.(20) од Битола грутчеста материја, кај О.С(30) од Битола прашкаста материја, кај М.К.(23) од Битола бела грутчеста материја, кај И.К.(21) од Велес таблета, кај К.Л.(31) од Скопје таблети и кај Д.Р.К.(24) од Тетово била пронајдена бела прашкаста материја.
По целосно документирање на случаите, против лицата ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.