Свет
(Видео) Возач влета во пешачка зона во Кина, пет лица загинаа

Кинеската полиција уапси маж кој со својот автомобил влета во пешачка зона, при што уби пет лица, а повреди 13, јавува Би-би-си.
Инцидентот предизвика гнев во јавноста, при што многумина го обвинија човекот дека намерно ги прегазил луѓето.
Како што додава британскиот јавен сервис, на видеата објавени на социјалните мрежи се гледа како возачот излегува од автомобилот и фрла пари во воздух веднаш по трагедијата.
DON'T WATCH if you cannot handle it #China 2023 1.11 17:25 #中国 #广州 #天河区 horrific footage of car driving through a pedestrian crossing hurting many pedestrians
* Source from social media platforms pic.twitter.com/jzAuxtVY1p— atomic .. ⚛️ half-life ☢️ stage ..😅 (@Pen1900) January 11, 2023
Инцидентот се случи во средата за време на вечерниот шпиц на голема раскрсница во јужниот град со 19 милиони жители, пренесе „Телеграф.рс“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Русија и Украина денеска треба да разменат затвореници

Русија и Украина денеска треба да разменат затвореници, а посредник во договорот повторно се Обединетите Арапски Емирати, соопштил извор запознаен со преговорите.
Ќе бидат разменети вкупно 492 војници – 246 од двете страни, како и уште 46 ранети украински војници.
За време на војната Русија и Украина со посредство на ОАЕ веќе разменија вкупно 3.233 воени заробеници
Свет
„Вие сте глупави луѓе“: Трамп за Путин и Зеленски доколку ги отфрлат преговорите за прекин на огнот

Американскиот претседател Доналд Трамп ги потврди зборовите на американскиот државен секретар Марко Рубио во врска со повлекувањето од преговорите доколку руската и украинската страна не постигнат договор наскоро.
Трамп понуди помек пристап, велејќи дека Рубио бил „во право“, но во исто време покажа поголем оптимизам во врска со изгледите за постигнување договор.
На прашањето за временската рамка во која САД би можеле да се повлечат, Трамп одговори:
– Нема конкретен број на денови, но сакаме брзо да го завршиме. Ако, поради некоја причина, една од двете страни го отежни тоа многу, ние само ќе кажеме: „Вие сте глупави, вие сте глупави. Вие сте ужасни луѓе“ и едноставно ќе се откажеме. Но се надевам дека нема да мораме“, продолжи тој.
Трамп не сакаше да каже дали е подготвен целосно да ги напушти преговорите или дали ќе продолжи воено да ја поддржува Украина доколку преговорите не успеат.
На прашањето каков напредок би требало да види за да ги продолжи преговорите, Трамп рече дека „ќе мора да види ентузијазам за заклучок“ од двете страни, предвидувајќи дека ќе знае „наскоро“.
– Мислам дека имаме навистина добри шанси да го постигнеме тоа. „Сега сè завршува“, рече тој.
Претходно американскиот државен секретар Марко Рубио изјави дека ако не е можно да се стави крај на војната во Украина, Соединетите Американски Држави треба да се откажат од своите напори и да продолжат понатаму, според написите во светските медиуми.
Свет
Русија: Украинците подготвуваат крвава провокација во пресрет на Велигден

Украинските вооружени сили и специјалните служби подготвуваат провокација во пресрет на Велигден во Харковската област со цел да ги дискредитираат руските војници, тврди Виталиј Ганчев, шеф на сепаратистичката администрација на Харковската област.
„Според оперативните информации што ги добивме, украинската страна подготвува крвава провокација со цел да ја дискредитира Русија во пресрет на Велигден. Имајќи ги предвид горенаведените информации, ги повикувам сите сериозно да ја сфатат оваа изјава и, доколку е можно, да не ги напуштаат своите домови на 19 и 20 април и да не одат на празнични настани и места за масовно собирање на луѓе“, изјави Ганчев за ТАСС.
Според него, слични провокации се подготвуваат и во Дњепропетровската и Полтавската област.
Овој потег доаѓа откако украинскиот претседател Володимир Зеленски предупреди дека Русија подготвува нови напади врз енергетската инфраструктура на Украина пред и по Велигден, повикувајќи се на информации од украинските разузнавачки служби, пренесуваат светските медиуми.