Економија
Ангеловска-Бежоска – Рухе: Народната банка и натаму е еден од носечките столбови на финансиската и макроекономската стабилност во земјата
И покрај силните шокови со кои се соочи нашата економија, како и глобалната економија, стабилноста беше зачувана. Централната банка и натаму е еден од носечките столбови на финансиската и макроекономската стабилност во земјата. Ќе се преземат сите потребни чекори и ќе се искористат сите расположливи инструменти, доколку има потреба, за да се исполни мандатот на централната банка и за да се зачува среднорочната ценовна стабилност, како и стабилноста на домашната валута. Ова беше истакнато на средбата помеѓу гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, и директорката за Централна и Југоисточна Европа на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), Шарлот Рухе, што се одржа на маргините на Форумот на Централна и Источна Европа (ЦИЕ), што го организира „Еуромани“ во Виена, Австрија.
На средбата помеѓу гувернерката и директорката Рухе стана збор за тековната економска состојба во регионот и земјата, активностите што се преземаат од страна на централната банка, како и очекувањата и проекциите за годинава и на среден рок. Ангеловска-Бежоска посочи дека како мала и исклучително отворена економија, каде што трошоците за храната и енергентите сочинуваат околу половина од потрошувачката кошничка, бевме исклучително подложни на шоковите на меѓународните пазари, кои бргу се пренесоа и во домашната економија. За остварување на својот основен законски мандат, односно одржувањето на ценовната стабилност, Народната банка уште од крајот на 2021 година почна да презема мерки за повлекување на ликвидноста преку интервенциите на девизниот пазар, од пролетта 2022 година почна и со примена на широка лепеза активности кај повеќе монетарни инструменти, вклучително и зголемување на основната каматна стапка, а активира и макропрудентни мерки, кои овозможуваат финансиска стабилност.
Гувернерката истакна и дека, имајќи ги предвид очекувањата за движењата на цените на храната и енергијата на светските пазари, како и мерките преземени од страна на носителите на политиките, годинава се очекува забавување на инфлацијата. Ангеловска-Бежоска посочи дека целта на Народната банка е на среден рок инфлацијата да се врати на историски ниските стапки од речиси 2 %.
Говорејќи за стабилноста на економијата, Ангеловска-Бежоска го истакна и значењето на банкарскиот сектор, кој и покрај последователните кризи, и натаму е висококапитализиран и ликвиден, односно ја задржа својата отпорност, а истовремено обезбеди постојана кредитна поддршка за економијата.
Рухе посочи дека земјава има сигурен партнер во ЕБОР за развојот на економијата и дека во текот на годините тоа многукратно е потврдено преку проектите и инвестициите на ЕБОР во земјата. Во дискусијата, осврнувајќи се на тековната криза и на структурните реформи, чија потреба стана очигледна, стана збор и за зелената транзиција и за нејзиното значење за спроведувањето на мандатите на централните банки. ЕБОР изминатите години има амбициозна агенда преку директни инвестиции во зелени проекти, но и преку финансирање преку партнерски институции, поттикнување на зеленото финансирање и зелените производи за овозможување енергетска одржливост и ефикасност во земјата.
_____________
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Македонско возило привлече внимание на улиците на Будимпшета: GREEN MACHINES чисти снег кај будимската тврдина
Деновиве, возило на Green Machines на БРАКО – Велес, привлече внимание на улиците на Будимпешта, додека ја чистеше од снег Будимската тврдина, едно од најзначајните културно-историски обележја на унгарската престолнина.
Иако по димензии е значително помало во споредба со класичните камиони за чистење снег, Green Machines возилото се покажа како исклучително ефикасно токму таму каде што големата механизација има ограничен пристап – на пешачки зони, патеки и тешко достапни делови, особено во културно заштитените подрачја и објекти.
Додека тешките машини се користат за расчистување на главните сообраќајници, возилото произведено во БРАКО обезбедува прецизно и безбедно одржување на јавната хигиена и зимската проодност во чувствителни урбани средини, каде што се бара внимателен пристап и современа технологија.
Истото возило кое во текот на годината ја одржува чистотата на градските улици, паркови и плоштади, во зимски услови успешно се користи и за чистење снег, што уште еднаш ја потврдува универзалноста и мултифункционалноста на возилата на Green Machines на БРАКО.
Фактот што вакво македонско индустриско решение е ангажирано во една европска метропола како Будимпешта претставува силна потврда дека нашите возила не само што се извезуваат, туку и се избираат за работа во најсложени и најчувствителни услови – од секојдневна урбана хигиена до зимско одржување, во повеќе од 60 држави низ светот.
(ПР)
Економија
Угостителите во Македонија за една година ги поскапеа цените за 3,4 проценти
Цените на угостителските услуги во јануари 2026 година се зголемени за 0,2 проценти во однос на претходниот месец.
Во споредба со истиот месец од минатата година, цените се повисоки за 3,4 проценти, сопшти Државниот завод за статистика.
На годишно ниво, односно во 2025 година во однос на 2024 година, цените на угостителските услуги се зголемени за 4,8 проценти.
Во јануари 2026 година, во однос на декември 2025 година, цените по групи се зголемени за: 0,3 проценти кај храна, 0,2 проценти кај алкохолни пијалаци. Кај групите Безалкохолни пијалаци и ноќевања не се забележани промени на цените.
Економија
Македонија добива можност да учи AI од Google, Microsoft, Amazon и IBM
AIatWork од денес овозможува 14-дневен целосно бесплатен пристап до својата платформа, со цел вештачката интелигенција да стане разбирлива, применлива и достапна за поширок круг корисници во Македонија.
Со бесплатниот 14-дневен пристап, корисниците добиваат можност практично да ја испробаат платформата и да користат водечки AI модели како ChatGPT, Gemini и Claude, над 50 практични AI алатки за пишување, анализа, дизајн и автоматизација, како и онлајн курсеви во живо, водени од AI практичари со искуство во глобални технолошки гиганти како Google, Microsoft, IBM и други.

Во Македонија вештачката интелигенција сè уште често се доживува како нешто нејасно и тешко совладливо за луѓето без ИТ позадина. Исто така AI често се поистоветува со една алатка, наместо да се разбере како поширок сет на практични решенија што веќе се користат во секојдневната работа низ светот. Голем дел од популацијата би сакала да знае да користи AI, но не знае кои алатки се навистина релевантни и како AI реално може да им помогне во работата.
Токму тука AIatWork се појавува како практичен одговор, нудејќи јасна насока за практична употреба на AI во секојдневната работа.
Во видеото што е дел од објавата, тимот на AIatWork објаснува дека изминатите месеци биле посветени на унапредување на корисничкото искуство и поддршката на платформата, со јасна цел: секој нов корисник уште од првиот момент да знае точно од каде да започне со изучување на вештините и алатките на иднината.
Само овој месец, на платформата се одржуваат 12 активни AI курсеви, во соработка со експерти и компании како Boeing, Google и Salesforce.
Во време кога AI станува составен дел од работата ширум светот, за земји како Македонија таа претставува можност за побрза дигитална трансформација и зголемена конкурентност. Бесплатниот пристап им овозможува на корисниците самите да проверат како AI може да им помогне во секојдневната работа, без ризик и без обврска.
Прашањето повеќе не е дали AI ќе стане дел од работата, туку дали ќе бидете подготвени кога тоа ќе се случи.
Пробајте AIatWork бесплатно – 14 дена, без обврска.
(ПР)

