Црна хроника
238 казни за брзо возење
Во текот на вчерашниот ден (16.1.2023) Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање возила што се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 238 возачи.
Од нив, девет возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволената брзина.
Притоа 120 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 118 надвор од населено место.
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Магистралниот пат Крива Паланка – Куманово е во прекин поради сообраќајна незгода
АМСМ со вонреден извештај за состојбата на патните правци.
Од 10:30 ч. сообраќајот на магистралниот пат Крива Паланка – Куманово, кај м.в.„Миоли“, е во прекин во двата правци за сите видови возила, поради сообраќајна незгода, информираат од АМСМ.
Црна хроника
Приведено лице барано со потерница
Министерството за внатрешни работи информира дека во текот на вчерашниот ден бил приведен 30 годишник од Прилеп, баран со потерница.
„На 28.09.2024 во 17.30 часот на плоштад „Методија Андонов Ченто” во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишиле од слобода Н.Е.(30) од Прилеп, кој бил баран со потерница по издадена судска наредба од Основен суд Прилеп. Н.Е. бил баран за издржување на казна затвор во траење од една година“, соопштија од МВР.
Лицето е спроведено во Казнено поправната установа Затвор Битола.
Црна хроника
Полицијата во патничко возило со скопски регистарски ознаки пронашла 11 мигранти
На влезот во гевгелиското село Богородица, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор и гранични проверки Богородица во патничко возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки вчера пронашле 11 лица мигранти.
МВР денеска осопшти дека вчера во 03.50 часот полицијата во патничко возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки пронашла 11 лица мигранти, од кои пет лица од Сирија и шест лица од Република Турција.
– Откако ги забележал полициските службеници, возачот на возилото го напуштил местото. Мигрантите биле сместени во прифатно – транзитен центар во Гевгелија. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, се појаснува во соопштението од МВР.