Забава
Студија: Домашно милениче е добро за вашата меморија

Она што е добро за срцето понекогаш е добро и за мозокот.
Едно неодамнешно истражување спроведено на луѓе над 50 години покажа дека сопствениците на домашни миленици имаат подобри резултати на тестовите за меморија.
Истражувањето на научниците од Универзитетот во Мичиген покажува дека ефектот на домашните миленици, таканаречениот ефект на миленик (pet effect), не само што ги штити срцето и цревата, што е веќе добро позната теорија, туку може да игра важна улога и во зачувувањето на функциите на мозокот во постара возраст, пишува Science Alert.
Резултатите се засноваат на национално репрезентативно истражување на повеќе од 20.000 возрасни, кои одговарале на прашања за тоа дали поседуваат домашно милениче и колку долго. Здравствената состојба на испитаниците потоа била следена во период од шест години.
Се покажало дека сопствениците на миленици имале подобри когнитивни резултати од оние што немаат. Овој ефект бил видлив само кај луѓе над 65 години кога обично почнуваат да се појавуваат симптомите на деменција. Ако некое лице од таа возрасна група имало домашно милениче пет години, тие постигнувале подобри резултати во среднорочно и долгорочно помнење на зборовите отколку нивните врсници што немале миленичиња.
Ова откритие е само врска, а не јасен доказ дека ефектот на домашно милениче навистина постои, забележуваат научниците.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
(Видео) Безос ја продаде својата вила во Вашингтон: го собори рекордот за најскап имот

Џеф Безос, сопственик на Blue Origin и основач на Amazon, стана побогат за 63 милиони долари. Тој ја продаде својата луксузна вила во Хантс Поинт, Вашингтон, соборувајќи државен рекорд.
Продажбата на палатата на Безос стана најскапиот станбен имот во историјата на државата Вашингтон. Како што пишува Washingtonian, рекордот го држела медитеранска вила во која престојувале повеќе од 12 шведски амбасадори, со 17,3 милиони долари.
Безос ја купи гореспоменатата вила во 2019 година по разводот со новинарката Мекензи Скот. За тоа платил 37,5 милиони долари, што значи дека од продажбата остварил профит од над 25 милиони долари. Вилата се простира на повеќе од 3 хектари и има три спални соби, четири бањи, лифт, тераса на покривот и стаклен мост што ја поврзува со гостинската куќа.
Забава
(Фото/Видео) Џенифер Лопез блескаше во розевиот комбинезон во боксот на Ферари

Џенифер Лопез со нови фотографии на Инстаграм предизвика лавина реакции. Пејачката присуствуваше на трката за ГН на Формула 1 во Саудиска Арабија, а обожавателите беа особено импресионирани од нејзината облека.
Лопез за оваа пригода избра тесен розов комбинезон од латекс, кој ја истакна нејзината фигура. „Донесуваме малку сјај во Ф1“, напиша таа покрај фотографиите кои за само неколку часа им се допаднаа на речиси 800.000 луѓе.
„Латина Барби“, „Како да си ја измислила розовата боја“, „Ф1 Барби“, „Еве ја мојата Барби кралица“, „Никој не може да ти парира“, „Изгледаш апсолутно прекрасно“, „Оваа жена е спектакуларна“, „Веќе победи во трката“, „Ние ја сакаме Џеј Ло Барби“, „Опседната сум со овој изглед“, „Ова е совршенство“, се само дел од коментарите.
Забава
(Видео) Снимка од настап на Лејди Гага стана вирална, микрофонот и се расипа среде песна: „Барем знаете дека пеам во живо!“

Лејди Гага доживеа незгода за време на нејзиниот настап на вториот викенд на фестивалот Коачела. Среде изведување на песната Абракадабра, на пејачката и се расипа микрофонот, но таа продолжи да пее.
Некој од публиката објави видео од незгодата на Икс. На видеото Гага им се обрати на присутните коментирајќи го инцидентот. „Простете ми што накратко ми се расипа микрофонот… Барем знаете дека пеам во живо!“, се пошегува таа.