Забава
Американските медиуми: Принцот Хари не отиде доволно далеку со нападот врз кралското семејство

Во своите мемоари принцот Хари истури повеќе британски чај отколку одредена група револуционери пред 250 години – со резултати кои можеби ќе бидат еднакво вознемирувачки за сегашниот монарх како што беше бостонската чајанка за Џорџ Трети.
Многумина се прашуваа дали кажи-на-сите, објавена минатата недела, ќе содржи доволно нови откритија за да се одржи интересот на јавноста за војводата и војвотката од Сасекс, чија документарна серија од шест епизоди „Хари и Меган“ беше премиерно прикажани минатиот месец на „Нетфликс“.
Одговорот засега е убедливо „да“. „Резерва“ соборува рекорди на продажба и инспирира повеќе ударни наслови во медиумите од речиси која било друга книга во поново време.
„Принцот Хари не отиде доволно далеку со своите критики за кралското семејство“, стои во едиторијалот на „Лос Анџелес тајмс“, каде што авторката Мередит Блејк ги анализира интервјуата и мемоарите на војводата од Сасекс нагласувајќи дека тој открил сериозни недостатоци во кралското семејство.
„Виндзорите се прикажани како ладен, дисфункционален и немилосрден клан, каде што ‘прегратките се повеќе од бледи, но објавувањето приказни за сопствените роднини е стандардна практика’“, се наведува во воведната статија на весникот.
„Според мислењето на Хари, кралот Чарлс е ‘неумолив и немилосрдно себичен’, принцот Вилијам е ‘досаден и лут’, а Камила е ‘попустлива маќеа од Дизниевиот актерски тим’“.
Сепак, авторката Мередит Блејк вели дека Хари не отишол доволно далеку бидејќи не успева да ја предизвика самата монархија.
„Во своите мемоари Хари изложи случај против монархијата, но на крајот избегнува релевантни прашања за династијата што некогаш ја претставувал. Откривајќи ги своите ставови за монархијата, Хари вели: никој не сака да слуша како принцот се залага за постоењето на монархијата, како што не сака да слуша како принцот се залага против неа“.
„Запрашан од Том Бредби од Ај-ти-ви дали сè уште ја поддржува монархијата, Хари едноставно одговори: да“.
Книгата мемоари, која ја напиша добитникот на Пулицерова награда, Џ. Р. Мохрингер, ветува дека ќе биде преполна со експлозивни откритија и увид во кралското семејство, а има дури и аудиокнига, што ја чита самиот војвода од Сасекс.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Неверојатно откритие на научниците: Мозокот испраќа сигнали за кои не сме знаеле дека постојат

Многу суштества имаат способност да испуштаат видлив сјај, но луѓето не се меѓу нив. Сепак, како што истакнуваат истражувачите, ова можеби не е целосно точно.
До 1923 година, бројни студии откриле дека луѓето луминисцираат на фреквенции кои би биле видливи доколку не беа премногу слаби за да ги забележиме. Новото истражување сугерира дека од моментот на зачнувањето, сите ние блескаме на свој уникатен начин. Исто така, можно е дека откривањето на овие „биофотони“ може да ни открие нешто повеќе за тоа што се случува под нашата кожа.
Во новото истражување, тим предводен од биологот професор Хејли Кејси од Универзитетот Алгома во Канада го проучуваше екстремно слабиот сјај на едно парче ткиво: мозокот, сместен во черепот на секој жив човек. Тие внимателно го забележале слабиот сјај на човечкиот мозок и откриле дека тој се менува во зависност од активноста на мозокот.
Ова, велат тие, нуди возбудлива нова можност за проценка на здравјето на мозокот – техника која допрва треба да се развие.
„Како прв доказ за концептот дека емисиите на ултраслаби фотони од човечкиот мозок можат да послужат како отчитувања за следење на функционалните состојби, го измеривме и карактеризиравме бројот на фотони над главите на учесниците додека тие мируваа или извршуваа задача со аудитивна перцепција“, пишуваат научниците во нивниот труд.
„Покажавме дека сигналите од емисијата на фотони добиени од мозокот може да се разликуваат од мерењата на фотони од позадината. Покрај тоа, нашите резултати сугерираат дека при одредена задача, оваа емисија може да достигне стабилна вредност“, се додава во студијата.
Сè во Универзумот со температура повисока од апсолутната нула – вклучувајќи ги и луѓето – емитира вид на инфрацрвено зрачење наречено топлинско зрачење. Сепак, кога зборуваме за ултраслаба емисија на фотони, станува збор за различен феномен од топлинското зрачење.
Ултра слабата емисија на фотони е во опсегот на речиси видлива до видлива бранова должина и е резултат на електроните што емитуваат фотони додека губат енергија, нормален нуспроизвод на метаболизмот.
Кејси и нејзините колеги го сместија секој од учесниците во студијата во темна просторија. На главите на учесниците им беше поставена електроенцефалографска капа (ЕЕГ) за да се следи нивната мозочна активност, а околу нив беа поставени цевки со фотомултипликатор за да се регистрираат сите емисии на светлина. Тие се исклучително чувствителни вакуумски цевки кои можат да детектираат дури и најслаба светлина.
Учесниците потоа беа снимени додека се одмараа и извршуваа задачи базирани на аудио (за да можат да ги прават во темница).
Резултатите покажаа не само дека ЕЕГ сигналите се реални и мерливи дури и надвор од главите на учесниците – туку постоеше и јасна корелација помеѓу излезот на ЕЕГ и активноста што ја регистрирала ЕЕГ капата.
Идните истражувања, велат научниците, би можеле да се фокусираат на тоа како неуроанатомијата може да влијае врз излезот на ЕЕГ, како и на тоа како различни активности се манифестираат во ЕЕГ обрасците – а не само во двете состојби на мозочен одмор и мозочна активност.
Исто така, сè уште не е познато дали секоја личност има свој „отпечаток од прст“ – односно единственост во овој вид мозочна активност.
„На сегашните резултати гледаме како на доказ за концепт дека обрасците на новооткриени светлосни сигнали добиени од човечкиот мозок можат да се разликуваат од позадинското светло во затемнети услови, и покрај исклучително нискиот релативен интензитет на сигналот“, пишуваат истражувачите.
Идните студии би можеле да бидат успешни во користењето избрани филтри и засилувачи за филтрирање и подобрување на карактеристиките на овие сигнали – како кај здрави луѓе, така и кај оние со некое мозочно заболување – што укажува на можностите за идни методи на лекување и терапии.
Забава
Насекаде имало крв – Том Круз доживеал несреќа за време на снимање на 18+ сцена

Актерот Том Круз доживеал многу необична несреќа додека снимал љубовна сцена во филмот „Коктел“ од 1988 година.
Неговата тогашна колешка, Џина Гершон, за „Гардијан“ раскажа како ја снимале својата прва интимна сцена, а таа случајно го удрила Круз право во носот со коленото, поради што искрварил. Сè почнало кога таа предложила сцената да биде посугестивна, но под покривка, а на актерот му споменала дека е многу скокотлива.
„Му реков: ‘Само немој да ме скокоткаш’. Но, тој ме фати за половината и рефлексно му го удрив носот со коленото. Не го сакав тоа, крв имаше насекаде“.
Таа беше убедена дека оваа грешка и ја уништила иднината во Холивуд.
„Помислив: ‘Штотуку му го скршив носот на Том Круз, никогаш повеќе нема да работам’. Бев ужасната, но, Круз не ја обвинил. Тој само и’ рекол: „Моја грешка. Ти ме предупреди“.
Гершон заклучи дека Круз е исклучително нежен и професионален, особено во сцена каде таа се чувствува ранливо: „Мило ми е што тој беше мојот прв партнер во таква сцена“.
Забава
(Видео) Нова песна на Наташа Малинкова – „Нема правила“

Наташа Малинкова деновиве на јавноста реши да ѝ ја претстави својата нова песна со наслов „Нема правила“. Станува збор за, како што вели, емотивна баладa која допира длабоко и зборува за љубов која не познава и признава граници, која нема логика и, се разбира, ниту правила.
„’Нема правила’ е искрен крик на срцето што сè уште чека, што се буди со спомени и живее и кога љубовта е далеку. Текстот и интерпретацијата ја доловуваат болката, страста, но и надежта што останува во едно срце што љубело длабоко. Во песната доминира чувството дека понекогаш не можеш да го објасниш ниту да го контролираш она што го носиш во себе. Љубовта не следи правила, не се води по план – таа е хаос, сила и убавина во иста мера“, вели Наташа и додава: „Имам само еден живот, една песна – недопеана.“
Комплетен автор на песната која претендира да стане вистински летен хит – инаку уште едно лично, артистичко отворено писмо за сите оние кои некогаш љубеле без објаснување, без услови, само со цело срце, е нејзиниот долгогодишен соработник Столе Аврамов, во чие студио Аврамов рекордс и е снимена.
Видеото, пак, е со потписот на 351 Студио – екипа која повеќе од една деценија е посветена на креирање визуелно зачудувачки и влијателни креативни решенија. Впрочем, видеото за „Нема правила“ е доказ дека надвор од границите на можеби очекуваното видео парче, а од кои излегува Наташа секогаш има многу повеќе.