Економија
(Видео) Николова: Мицкоски покажа незнаење за енергетика, сите капацитети во погон, продаваме струја
Целосно незнаење за енергетика покажа Христијан Мицкоски, заложникот на Димитар Апасиев и Левицата. Со месеци Мицкоски ја лажеше и плашеше јавноста дека енергетскиот сектор е пред колапс, дека нема да имаме доволно струја и енергенти за грејната сезона. Реалноста е сосема поинаква. Денес, првпат во 70 години, со полна пареа работат сите енергетски капацитети во државата и задоволуваат 100 проценти од потребите, изјави на денешната прес-конференција, Даниела Николова, пратеничка на СДСМ.
Таа додаде дека првпат среде зима се врши и извоз на вишоци електрична енергија од домашно производство. Ако надлежните го слушаа Мицкоски да се набави гас одеднаш за целата грејна сезона, сега државата ќе беше во загуба од стотици милиони евра затоа што во периодот кога Мицкоски бараше набавка, цената на природниот гас соборуваше рекорди.
Лажеше Мицкоски и дека цената на електричнагта енергија драстично ќе се зголеми, ги плашеше граѓаните со ценовни шокови, рече Николова.
Николова истакна дека денес цената на струјата е намалена 20 отсто за речиси 70.000 мали компании што се на регулираниот пазар, 99,2 отсто од домаќинствата немаат зголемени цени на електричната енергија.
Сè што кажа Христијан Мицкоски за енергетската криза – излажа, сè што предвиде, излезе обратно. Се докажа дека Мицкоски нема познавања ниту од енергетика ниту од економија, сè што прави тој е дека шири лажни вести и измислици, со кои се обидува да ја вознемирува јавноста, рече Николова.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.
На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.
Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash
Економија
МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.
Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.
„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.
Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.
Економија
Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.
„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

