Економија
Компанијата „Виваком“, во сопственост на „Јунајтед груп“, е најбрзо растечки давател на сателитски услуги на глобално ниво
Бугарскиот телеком се искачи на врвот на Светската асоцијација за телепорт (WTA) само две години откако му се приклучи на водечкиот телекомуникациски и медиумски оператор во Југоисточна Европа
Бугарскиот телекомуникациски оператор Виваком (Vivacom), кој е во сопственост на Јунајтед Груп го освои највисокото признание на престижното меѓународно рангирање. Виваком сега е број еден на глобално ниво врз основа на растот на приходите од сателитски услуги за деловни клиенти, според Top Teleport Operators 2022, објавено од страна на Светската асоцијација за телепорт (World Teleport Association – WTA). Покрај тоа што ја достигна позицијата број 1 во категоријата “Најбрзи 10 оператори со најбрз развој”, оваа година бугарскиот телекомуникациски оператор исто така се приклучи на групата на “Глобални Топ 20 компании врз основа на приходи од сите прилагодени извори на комуникации”, вклучително и оператори на телепорти и сателитски флоти.
Водечката позиција на Виваком на WTA рангирањето доаѓа само две години по нејзиното купување од Јунајтед Груп, водечки телекомуникациски и медиумски оператор во Југоисточна Европа. По серијата нови инвестиции во развојот на сателитската станица Plana Earth фокусирана на услуги насочени кон деловни клиенти, во 2021 година на Виваком му беше доделена целосна сертификација Tier 4 од Светската асоцијација за телепорт (WTA), највисока можна сертификација во областа од овие услуги, рангирајќи ја сателитската станица меѓу најсовремените објекти од ваков тип во светот.
Викторија Боклаг, извршен директор на Јунајтед Груп изјави: „Постигнувањето на Виваком покажува дека со вистинска стратешка визија, насочени инвестиции и тимска експертиза на локално ниво, можеме да поставиме стандарди на глобално ниво. Воодушевени сме што успехот на нашиот бугарски тим го препознаваат и клиентите и нашата индустрија“.
Во изминатите 10 години, Виваком инвестираше над 10 милиони евра во развојот на своите сателитски услуги за деловни клиенти, проширувајќи го своето партнерство со некои од најголемите светски сателитски оператори и даватели на содржини.
Николај Андреев, извршен директор на Виваком изјави: „Преку нашата најсовремена земјена станица, нудиме услуги низ Европа, Африка, Јужна Америка и Азија, емитувајќи преку 500 ТВ канали до милиони домаќинства ширум светот. Згора на тоа, обезбедуваме поврзување со некои од најтешко достапните места на глобално ниво, вклучувајќи го и Антарктикот. Горд сум на нашиот тим од професионалци кои успешно ја позиционираа нашата компанија меѓу врвните глобални партнери за даватели на сателитски услуги. Остануваме посветени на нашата стратегија за иновации, инвестирање и испорака на врвни производи и услуги, ставајќи го самоуверено Виваком на меѓународната мапа на индустријата“.
За Светската асоцијација за телепорт (WTA)
Од основањето во 1985 година, Светската асоцијација за телепорт (www.worldteleport.org) им помага на своите членови да се стремат повисоко. Денес, WTA е водечки партнер во растот на операторите кои управуваат со сателитски копнени станици, застапувајќи ги нивните комерцијални интереси и промовирајќи висок квалитет во нивните деловни практики, технологија и операции. Здружението објавува извештаи за најдобри практики и презентира вебинари за технолошките промени и нивните деловни и пазарни влијанија. Исто така, презентира настани и награди и обезбедува глобални програми за сертификација и оценување за да се потврди квалитетот и да се поттикне подобрување. Целењето повисоко создава можности. Целењето повисоко носи и ризик. WTA е посветена да им помогне на своите членови да ги искористат можностите и да управуваат со ризиците за да ги пронајдат патиштата до раст на пазарот што масовно се менува.
За Јунајтед Груп (United Group)
Јунајтед Груп (https://united.group) е водечки телекомуникациски и медиумски оператор во Југоисточна Европа, со седиште во Холандија. Активна во осум земји, компанијата има повеќе од 15 милиони корисници и речиси 15.000 вработени. Таа генерира приближно 2,6 милијарди евра годишни приходи. Јунајтед Груп има најширока мрежна покриеност во регионот и им нуди на корисниците најатрактивниот избор на ТВ содржини од целиот свет. Значајните инвестиции во дигиталната инфраструктура, содржината и технологијата обезбедуваат извонредност на производите и услугите што ги обезбедува на клиентите. Јунајтед Груп е во мнозинска сопственост на BC Partners, една од најголемите светски инвестициски компании, од март 2019 година. Во рамки на Јунајтед Груп, во Северна Македонија, работи компанијата Тотал ТВ.
ПР
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
ФЕРОИНВЕСТ ги отвора своите електрани: Инвеститорите поканети да се уверат како изгледа функционален батериски систем
Со зголемениот интерес за батериски системи кај фотонапонските електрани, сè почесто се појавуваат сериозни проблеми поврзани со нивната имплементација. Дел од инвеститорите купуваат батериски системи кои воопшто не можат да се инсталираат бидејќи не се соодветни за македонскиот пазар и мрежа, додека во други случаи батериите се инсталираат, но поради недостаток на искуство и несоодветна опрема за програмирање на истите, тие никогаш не се пуштаат во комерцијална работа.
Тоа значи дека наместо батерискиот систем да носи поголеми приходи и заштеди, тој прави загуби.
Батерискиот систем не е обична батерија ниту опрема што може лесно да се приклучи. За разлика од фотонапонските електрани кои се релативно едноставни во својата имплементација и работа, батериските системи се сложен енергетски објект кој мора правилно да се проектира, софтверски да се интегрира, и да се усогласи со мрежните правила, регулативите и пазарните механизми.
ЗОШТО Е ВАЖНО ДА СЕ РАБОТИ СО ИСКУСЕН ПАРТНЕР?
ФЕРОИНВЕСТ нуди два типа проверени батериски системи:
· Кабинетски батерии
· Контејнерски батериски системи
Овие системи: ✔ со години совршено функционираат во Европа, со вкупен инсталиран капацитет од над 3.000 MWh.
✔ совршено функционираат и во Македонија, со вкупен инсталиран капацитет над 20MWh.
РЕАЛНИ, ФУНКЦИОНАЛНИ ПРИМЕРИ ВО МАКЕДОНИЈА
За разлика од многу теоретски решенија, батериските системи на ФЕРОИНВЕСТ се реално поставени, поврзани на мрежа, стекнати со сите дозволи, и веќе подолг период работат и се дел од комерцијална експлоатација без никаква техничка или административна пречка.

Дел од електраните на кои ФЕРОИНВЕСТ има поставено батериски систем кој веќе функционира се:
📍 Фотонапонска електрана Гиновци – 6,1 MWh/2,6MW, о. Ранковце, Крива Паланка
📍 Фотонапонска електрана Тркање – 10,5MWh/4,5MW, Кочани
Ги покануваме сите заинтересирани инвеститори лично да ги посетат локациите и од прва рака да се уверат во функционалноста, стабилноста и ефектите од правилно имплементиран батериски систем.
КОМПЛЕТНА УСЛУГА – ОД ИДЕЈА ДО ПРИХОДИ
ФЕРОИНВЕСТ нуди целосно заокружено решение, кое опфаќа:
· изработка на бизнис план (физибилити студија) за финансирање
· проектирање на батерискиот систем
· испорака на батерискиот систем и негово поставување на терен
· пуштање на батеријата во работа
· програмирање на батеријата и оптимизација на приходите и заштедите
· 24/7 мониторинг на батерискиот систем
· одржување на батерискиот систем
· приклучување во нашата балансна група
· откуп и пласман на произведената и складираната електрична енергија
ПОРАКА ДО ИНВЕСТИТОРИТЕ
Ако сакате батериски систем што навистина ќе работи, што носи техничка и финансиска сигурност, и оптимален поврат на инвестицијата –ФЕРОИНВЕСТ има реални проекти, реално искуство и докажани резултати.

За повеќе информации и закажување посета на активните локации со батерии на електраните на ФЕРОИНВЕСТ:
02/5122 809
075 277 354
ПР
Економија
Македонско возило привлече внимание на улиците на Будимпшета: GREEN MACHINES чисти снег кај будимската тврдина
Деновиве, возило на Green Machines на БРАКО – Велес, привлече внимание на улиците на Будимпешта, додека ја чистеше од снег Будимската тврдина, едно од најзначајните културно-историски обележја на унгарската престолнина.
Иако по димензии е значително помало во споредба со класичните камиони за чистење снег, Green Machines возилото се покажа како исклучително ефикасно токму таму каде што големата механизација има ограничен пристап – на пешачки зони, патеки и тешко достапни делови, особено во културно заштитените подрачја и објекти.
Додека тешките машини се користат за расчистување на главните сообраќајници, возилото произведено во БРАКО обезбедува прецизно и безбедно одржување на јавната хигиена и зимската проодност во чувствителни урбани средини, каде што се бара внимателен пристап и современа технологија.
Истото возило кое во текот на годината ја одржува чистотата на градските улици, паркови и плоштади, во зимски услови успешно се користи и за чистење снег, што уште еднаш ја потврдува универзалноста и мултифункционалноста на возилата на Green Machines на БРАКО.
Фактот што вакво македонско индустриско решение е ангажирано во една европска метропола како Будимпешта претставува силна потврда дека нашите возила не само што се извезуваат, туку и се избираат за работа во најсложени и најчувствителни услови – од секојдневна урбана хигиена до зимско одржување, во повеќе од 60 држави низ светот.
(ПР)
Економија
Угостителите во Македонија за една година ги поскапеа цените за 3,4 проценти
Цените на угостителските услуги во јануари 2026 година се зголемени за 0,2 проценти во однос на претходниот месец.
Во споредба со истиот месец од минатата година, цените се повисоки за 3,4 проценти, сопшти Државниот завод за статистика.
На годишно ниво, односно во 2025 година во однос на 2024 година, цените на угостителските услуги се зголемени за 4,8 проценти.
Во јануари 2026 година, во однос на декември 2025 година, цените по групи се зголемени за: 0,3 проценти кај храна, 0,2 проценти кај алкохолни пијалаци. Кај групите Безалкохолни пијалаци и ноќевања не се забележани промени на цените.

