Македонија
Маричиќ: Да сведочиме за силата на својата вера преку обединувањето во вредностите за подобра иднина
Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ, по повод верскиот празник Богојавление – Водици, упати честитка до сите православни верници во која повикува на спотеност и со заеднички труд, надеж, љубов и ново возобновување да достигнуваме нови успеси.
Во честитката на вицепремиерот се истакнува дека денешниот празник е голем доказ за тоа колку духот е посилен од телото и дека нема пречка што не може да ја надмине човек кој има цврста вера и е убеден во вредноста на она што го работи.
„Денешниот празник кој е еден од главните празници во Православното христијанство, е голем доказ за тоа колку духот е посилен од телото и дека нема пречка што не може да ја надмине човек кој има цврста вера и е убеден во вредноста на она што го работи. Бидејќи токму преку нашиот труд, надеж, љубов достигнуваме нови успеси, сплотени заедно како едно.
Сите кои денеска се дел од Богојавленското капење се победници, затоа што со својот пример покажуваат истрајност, храброст, но и обединетост во верата и радоста на празникот, а со тоа го зајакнуваат чувството на припадност и заедништво.
Богојавленски водосвет како чин кој е проткаен со сеќавање на крштението, не се гледа само како таинствено очистување на гревовите, туку и како осветување на суштината на сѐ што дава живот. Преку возобновувањето на целиот свет, да се возобновиме и ние во подобри луѓе за подобар живот.
Ви посакувам благословот на празникот да внесе кај вас непрекинато здравје, најубави моменти на радост и среќа во животот на сите и успеси за подобра иднина за нас и за идните генерации“, стои во честитката на вицепремиерот Маричиќ.
Денес вицепремиерот беше дел од Богојавленското празнување во Велес, каде од страна на клирот на Повардарската епаргија се осветија водите и беше фрлен крстот кој го фати среќникот Игор Василевиќ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

