Свет
Се судрија товарни возови во Австрија
Утрово, во 4.23 часот, во Австрија два товарни воза се судрија во реонот на станицата „Фирниц“ кај Вилах.
Еден од товарните возови превезувал цистерна натоварена со многу запалив керозин, што предизвикало пожар на неколку вагони, кој пожарникарите успеале да го стават под контрола.
Од еден од вагоните истекоа 64.000 литри керозин, па експертите се на терен за адекватна санација на местото на несреќата.
Двајцата машиновозачи се спасени и префрлени во болница со полесни повреди, јавуваат австриските медиуми.
Локалните и долгите возови ќе бидат пренасочени, а постојките „Фирниц“ и „Нојхаус/Гајл“ нема да сообраќаат, пренсе „24 часа.хр“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Два земјотреси во Грција: Првиот удар 4,6 степени, а вториот 4,9
Два силни земјотреси утрово ја погодија Грција. Првиот беше со јачина од 4,6 степени според Рихтеровата скала, а вториот 4,9. Како што соопшти Европскиот медитерански сеизмолошки институт (EMSC), епицентарот бил островот Крит.
Првиот земјотрес се случил на длабочина од 10 километри, додава EMSC, а епицентарот бил на 40 километри југоисточно од градот Сити, кој има околу 9.000 жители.
Засега нема информации за жртви и материјална штета.
Регион
„Заедно до крај“: Сопружници беа пронајдени прегрнати под урнатините во Јабланица
Босна и Херцеговина на 4 октомври беше погодена од катастрофални поплави, кои однесоа човечки животи.
Тешка е ситуацијата во неколку градови во БиХ, но убедливо најтешка е во Јабланица.
Во екот на разорните поплави што ја погодија БиХ, особено е потресна приказната за брачната двојка Ирмела и Јасмин Чилиќ, чии тела прегрнати ги пронашле спасувачите под урнатините во Јабланица.
Тие останале еден со друг до крај, но за жал не можеле да се извлечат. Биле познати во нивната заедница како топли и грижливи луѓе, а нивната љубов и поврзаност послужија како инспирација за многу луѓе.
Регион
Две лица загинаа во пожар во стан во Белград
Две лица загинаа во пожар во Белград, потврдија за РТС од итната помош.
Пожарот избувнал околу 05:30 часот во стан на вториот кат во Раковица.
Противпожарните екипи се уште се на терен.