Економија
Бектеши: На почетокот на февруари ќе пристигне финансиската поддршка од ЕУ за енергетската криза од 80 милиони евра
Министерот за економија, Крешник Бектеши, денеска, во Брисел, оствари билатерален состанок со еврокомесарката за енергетика на Европската Унија, Кадри Симсон.
На средбата присуствуваа и државната секретарка во Секретаријатот за европски прашања, Дрита Абдиу-Халили, и амбасадорот македонската мисија во ЕУ, Зулфи Исмаили.
Главна тема на состанокот беше поддршката што Европската Унија ѝ ја дава на Северна Македонија за справување со енергетската криза, како и мерките што ги презема нашата земја во делот на безбедноста на снабдување со енергенти, но и зголемувањето на независноста од рускиот гас.
Министерот Бектеши ѝ се заблагодари на Европската Унија за финансиската поддршка од 80 милиони евра за справување со енергетската криза, кои ѝ се обезбедени на Северна Македонија.
Првата транша од 72 милиона евра или 90 % од финансиската поддршка се очекува да биде исплатена најдоцна во првата недела од февруари, а како што информира министерот Бектеши, овие пари се наменети за мерки за поддршка на домаќинствата и малите потрошувачи за справување со енергетската криза.
Некои од мерките што се предвидени со овие средства, како што рече министерот Бектеши, се наменети за субвенции на граѓаните за сметките за електрична енергија, поддршка на малите и средните компании за одржување континуитет на бизнисот, како и за инвестиции на државата за енергетска транзиција, обновливи извори на енергија и енергетска ефикасност.
Министерот Бектеши ја информира еврокомесарката дека од почетокот на годината, по потпишувањето договор помеѓу Северна Македонија и Бугарија за зголемување на количините на гасоводот помеѓу двете земји, се отвори можност земјата да се снабдува со гас од повеќе извори, со што се намали зависноста од рускиот гас.
Во таа насока, како што рече Бектеши, годинава ќе почне изградбата на интерконекторот за гас со Грција, со што целосно ќе се овозможи диверзификација за снабдувањето со гас на земјата од повеќе извори.
Министерот информира дека забрзано се реализираат инвестиции во обновливи извори на енергија, пред сè, фотонапонски централи. За разлика во минатото кога во земјата имаше изградено фотонапонски централи со вкупен инсталиран капацитет од 17 мегавати, а сега само во последните 6 години се изградени или во завршна фаза на изградба се фотонапонски централи со вкупна инсталирана моќност 250 мегавати.
Министерот исто така рече дека со цел справување со енергетската криза, Владата на Северна Македонија беше меѓу првите земји во регионот што презедоа мерки за заштита на граѓаните.
Со цел да го зголеми домашното производство, а со тоа и граѓаните и компаниите што се снабдуваат од регулиран пазар да добијат пониска цена, во текот на 2021 година од беа исплатени 86 милиони евра, а во текот на 2022 година 203 милиони евра, односно вкупно 289 милиони евра во двете години. Дополнително на ова, за да се заштитат граѓаните и стопанството од оваа криза, беа донесени два пакета антикризни мерки во вредност над 760 милиони евра.
За 2023 година, во буџетот во посебна програма за справување со енергетска криза и за мерки за поддршка вкупно се предвидени 225 милиони евра.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Македонско возило привлече внимание на улиците на Будимпшета: GREEN MACHINES чисти снег кај будимската тврдина
Деновиве, возило на Green Machines на БРАКО – Велес, привлече внимание на улиците на Будимпешта, додека ја чистеше од снег Будимската тврдина, едно од најзначајните културно-историски обележја на унгарската престолнина.
Иако по димензии е значително помало во споредба со класичните камиони за чистење снег, Green Machines возилото се покажа како исклучително ефикасно токму таму каде што големата механизација има ограничен пристап – на пешачки зони, патеки и тешко достапни делови, особено во културно заштитените подрачја и објекти.
Додека тешките машини се користат за расчистување на главните сообраќајници, возилото произведено во БРАКО обезбедува прецизно и безбедно одржување на јавната хигиена и зимската проодност во чувствителни урбани средини, каде што се бара внимателен пристап и современа технологија.
Истото возило кое во текот на годината ја одржува чистотата на градските улици, паркови и плоштади, во зимски услови успешно се користи и за чистење снег, што уште еднаш ја потврдува универзалноста и мултифункционалноста на возилата на Green Machines на БРАКО.
Фактот што вакво македонско индустриско решение е ангажирано во една европска метропола како Будимпешта претставува силна потврда дека нашите возила не само што се извезуваат, туку и се избираат за работа во најсложени и најчувствителни услови – од секојдневна урбана хигиена до зимско одржување, во повеќе од 60 држави низ светот.
(ПР)
Економија
Угостителите во Македонија за една година ги поскапеа цените за 3,4 проценти
Цените на угостителските услуги во јануари 2026 година се зголемени за 0,2 проценти во однос на претходниот месец.
Во споредба со истиот месец од минатата година, цените се повисоки за 3,4 проценти, сопшти Државниот завод за статистика.
На годишно ниво, односно во 2025 година во однос на 2024 година, цените на угостителските услуги се зголемени за 4,8 проценти.
Во јануари 2026 година, во однос на декември 2025 година, цените по групи се зголемени за: 0,3 проценти кај храна, 0,2 проценти кај алкохолни пијалаци. Кај групите Безалкохолни пијалаци и ноќевања не се забележани промени на цените.
Економија
Македонија добива можност да учи AI од Google, Microsoft, Amazon и IBM
AIatWork од денес овозможува 14-дневен целосно бесплатен пристап до својата платформа, со цел вештачката интелигенција да стане разбирлива, применлива и достапна за поширок круг корисници во Македонија.
Со бесплатниот 14-дневен пристап, корисниците добиваат можност практично да ја испробаат платформата и да користат водечки AI модели како ChatGPT, Gemini и Claude, над 50 практични AI алатки за пишување, анализа, дизајн и автоматизација, како и онлајн курсеви во живо, водени од AI практичари со искуство во глобални технолошки гиганти како Google, Microsoft, IBM и други.

Во Македонија вештачката интелигенција сè уште често се доживува како нешто нејасно и тешко совладливо за луѓето без ИТ позадина. Исто така AI често се поистоветува со една алатка, наместо да се разбере како поширок сет на практични решенија што веќе се користат во секојдневната работа низ светот. Голем дел од популацијата би сакала да знае да користи AI, но не знае кои алатки се навистина релевантни и како AI реално може да им помогне во работата.
Токму тука AIatWork се појавува како практичен одговор, нудејќи јасна насока за практична употреба на AI во секојдневната работа.
Во видеото што е дел од објавата, тимот на AIatWork објаснува дека изминатите месеци биле посветени на унапредување на корисничкото искуство и поддршката на платформата, со јасна цел: секој нов корисник уште од првиот момент да знае точно од каде да започне со изучување на вештините и алатките на иднината.
Само овој месец, на платформата се одржуваат 12 активни AI курсеви, во соработка со експерти и компании како Boeing, Google и Salesforce.
Во време кога AI станува составен дел од работата ширум светот, за земји како Македонија таа претставува можност за побрза дигитална трансформација и зголемена конкурентност. Бесплатниот пристап им овозможува на корисниците самите да проверат како AI може да им помогне во секојдневната работа, без ризик и без обврска.
Прашањето повеќе не е дали AI ќе стане дел од работата, туку дали ќе бидете подготвени кога тоа ќе се случи.
Пробајте AIatWork бесплатно – 14 дена, без обврска.
(ПР)

