Свет
Руски амбасадор: Западот ја вооружува Естонија со оружје што може да ја таргетира Русија
Западните земји планираат да ѝ испорачаат на Естонија најсовремени типови конвенционално оружје, кое е способно да го држи Санкт Петербург пред нејзиниот нишан, изјави рускиот амбасадор во Талин, Владимир Липаев.
„Англосаксонците имаа интерес овде да создадат антируска стража за да извршат притисок врз Русија. Не зборуваме само за економски, политички, културен, туку и за воен притисок“, рече тој.
„Естонија активно се вооружува, не е јасно зошто. Овде планираат да ги испорачаат најсовремените типови конвенционално оружје, со кое ќе може да го држат Санкт Петербург пред својот нишан. Се создава систем за противракетна одбрана со среден дострел. Се поставува прашањето: Со кого планира Естонија да војува?“, рече Липаев, пренесува „Спутник“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Бајден ја откажа посетата на Германија поради ураганот Милтон
Американскиот претседател Џозеф Бајден го одложи планираното патување во Германија и Ангола за да остане во Белата куќа поради ураганот Милтон на брегот на заливот на Флорида, соопшти денеска Белата куќа.
Портпаролката на Белата куќа Карин Жан-Пјер рече дека промената е неопходна „со оглед на проектираниот пат и силата“ на бурата.
Таа не прецизираше кога патувањето би можело да биде презакажано. Бајден претходно вети дека ќе оди во Африка за време на неговиот мандат, кој завршува во јануари.
Свет
(Видео) Напaднат унгарскиот премиер Виктор Орбан
Членот на Унгарската демократска коалиција Мартон Џекички денеска го нападна унгарскиот премиер Виктор Обран за време на прес-конференција во Европскиот парламент.
На видеото објавено од Corriere della Sera се гледа како човек, кој обезбедувањето го крева од подот, му вика на премиерот.
🔵#Strasburgo Protesta solitaria durante la conferenza stampa del premier ungherese. Pochi minuti dopo l’inizio, un giovane ha fatto irruzione in sala, si è avvicinato a #Orban urlando parole in ungherese e gettandogli addosso fogli e cartacce. L’uomo è stato subito immobilizzato pic.twitter.com/ajmNhPFQVu
— Rai Radio1 (@Radio1Rai) October 8, 2024
Орбан не е повреден во инцидентот, а обезбедувањето брзо го совлада Џекички и го фрли на подот, по што беше изнесен од собата.
„За колку ја изневери државата, премиере?“, го праша Џекички Орбан додека неговите телохранители го водеа надвор од салата.
Орбан по инцидентот коментираше дека „унгарскиот е директен јазик и дека комуникацијата може да биде груба“, пренесува унгарски Телекс.
„Кога еден политичар ќе му каже на друг дека е негативец, во нашата култура тоа значи „не се согласувам со тебе“, рече Орбан.
Како што потсетува Телекс, Џекички фрлал монети кон Орбан за време на инцидентот во Кеч на почетокот на септември во знак на протест.
Свет
Во експлозија во Пакистан загинаа двајца кинески инженери кои работеа на електрана
Двајца кинески државјани, кои во неделата загинаа во експлозија во близина на меѓународниот аеродром во Карачи, работеле во електрана, соопштија денеска властите.
Ројтерс објави дека тоа е еден од најсериозните напади врз кинески државјани во Пакистан откако бомбаш самоубиец уби пет кинески инженери кои работеа на хидроелектричен проект во март, што го натера Пекинг да го повика Исламабад да преземе построги безбедносни мерки.
Кинеската амбасада во Исламабад и пакистанското Министерство за надворешни работи ја опишаа неделната експлозија како „терористички напад“.