Македонија
Маричиќ во тридневна посета на Брисел
Вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ, од денес е во тридневна официјална посета на Брисел, во чии рамки покрај следењето на билатералните скрининг-состаноци за поглавјата 6 и 7, ќе оствари билатерални средби со претставници на Европскиот парламент и на Европската комисија.
Вицепремиерот утре ќе го отвори билатералниот состанок за Поглавјето 7 – „Право за интелектуална сопственост“, а попладнето во Европскиот парламент ќе се сретне со европратениците Ирена Јовева, Дејвид Мекалистер и со бугарскиот европратеник и известувач за Република Северна Македонија, Илхан Ќучук.
В четврток главниот преговарач со ЕУ ќе се сретне со еврокомесарот за проширување, Оливер Вархељ, и со новиот генерален директор на Генералниот директорат за соседска политика и проширување на Европската комисија (ДГ НЕАР), Герт Јан Копман. Истиот ден Маричиќ ќе се сретне и со Марко Маковец, заменикот на генералната директорка за Западен Балкан во Службата за надворешна политика на ЕУ, Ајкхорст, со вршителката на должноста директор за Западен Балкан во Генералниот директорат за соседство и преговори за проширување на Унијата, Микела Матуела, и директорот на Секретаријатот на ЦЕФТА, Емир Џикиќ.
Работната посета на Брисел вицепремиерот Маричиќ ќе ја заврши со средба со Симон Мордју, дипломатски советник на претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел.
Теми на состаноците ќе бидат текот на скрининг-процесот, изработката на приоритетниот реформски план и подготовките за спроведување на тековните задачи и обврски за побрз напредок во процесот на преговори со ЕУ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Во прекин сообраќајот на граничниот премин Евзони
Од 17:30 часот сообраќајот на граничниот премин Евзони (Богородица) е во прекин, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Македонија
Во наредните десет дена изменет сообраќаен режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта
СВР Охрид информира дека од денеска во наредните десет дена, на сила ќе бидат измените на сообраќајниот режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта, општина Дебрца.
„На овој патен потег, сообраќајот ќе се одвива наизменично по левата сообраќајна лента гледано во правец од Охрид кон Кичево поради што, апелираме до возачите, крајно внимателно и со прилагодена брзина да ги управуваат своите патнички и други моторни возила и во согласност со поставената хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација“, соопштуваат од СВР Охрид.
Македонија
СДСМ: „Тефтерчињата“ во судството од времето на Никола Груевски се вратија
„Го сменија јавниот обвинител за да постават обвинител под своја контрола. Сопруга на градоначалник од ДПМНЕ назначија за член на Судскиот совет, поставија партиски човек во Советот за јавни обвинители. ‘Тефтерчињата’ во судството од времето на Никола Груевски се вратија“, велат од СДСМ.
„Сите знаат, следува целосно погребување на правдата. Со неуставна Резолуција во Собранието ДПМНЕ-ЗНАМ ја гушат демократијата, слободата на говор и се обидува да ја замолчи опозицијата да не зборува за договорот мигранти за пари.
Дури и Катица Јанева ја пуштија од затвор. Три години порано ја пуштија надвор од затвор за 3 месеци да тера кампања. Copy-paste сценарија како методите на Никола Груевски и Вучиќ. Режим 2.0.
Затоа е потребен широк фронт за правда на сите слободоумни граѓани, опозициски партии, прогресивни сили, здруженија. Заедно ќе ја одбраниме демократијата, заедно ќе ја одбраниме Македонија!“, се наведува во соопштението на СДСМ.

