Свет
Британско разузнавање: Русите загубија над 300 луѓе во еден украински напад
Британското Министерство за одбрана објави нова анализа за ситуацијата во Русија, врз основа на информации од нејзините разузнавачи и луѓе на теренот.
Британците велат дека Русите изгубиле над 300 луѓе во еден напад на првиот ден од новата година.
Latest Defence Intelligence update on the situation in Ukraine – 28 January 2023
Find out more about the UK government’s response: https://t.co/rQI3IVrDMH
🇺🇦 #StandWithUkraine 🇺🇦 pic.twitter.com/QA2OBo1rpk
— Ministry of Defence 🇬🇧 (@DefenceHQ) January 28, 2023
„Русија многу веројатно имала над 300 жртви во нападот на зградата каде што се наоѓаат војниците во Макијавика во близина на Доњецк на 1 јануари 2023 година. Проценуваме дека мнозинството биле убиени или исчезнале, наместо да се повредени“, пишуваат Британците.
По нападот, руското Министерство за одбрана го презеде реткиот чекор јавно да ги признае загубите, велејќи дека загинале 89 лица, додаваат Британците. „Руските функционери веројатно оценија дека е неодржливо да се избегне коментар покрај широките критики на руските команданти за овој инцидент“, објаснуваат тие.
„Разликата меѓу бројот на жртви што Русија ги призна и веројатниот реален вкупен број го истакнува распространетото присуство на дезинформации во руските јавни соопштенија“, се додава.
Ова е веројатно комбинација на намерно лажење што го одобруваат високи лидери и неточно известување од пониски функционери кои ги минимизираат сопствените пропусти, заклучија Британците.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Се бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери
Голем број граѓани на Тузла денеска излегоа на улиците на градот и одржаа протест, изразувајќи го своето незадоволство поради трагедиите и скандалите што го погодија Тузланскиот кантон.
Пожарот што избувна во вторникот во Домот за пензионери во Тузла однесе 13 животи, а 12 пациенти сè уште се наоѓаат во болница. Како што беше утврдено, жртвите починале од труење со јаглерод моноксид.
Една седмица претходно, Тузланскиот кантон го потресе случајот со подведување малолетнички, за што се осомничени полициски службеник и еден професор. Нивното подведување траело неколку месеци во текот на минатата и оваа година.
Присутните граѓани од Тузла, но и оние кои допатуваа од други градови на Босна и Херцеговина, денеска побараа оставки од надлежните.
Свет
Три девојки планирале терористички напад во Париз
Девојки на возраст од 18, 19 и 21 година, беа уапсени и обвинети за терористичка завера и планирање напад во Париз, соопштија денеска истражните органи.
Како што е наведено, тие неколку недели планирале насилен терористички напад врз кафуле или концертна сала во Париз, јави РТЛ.
Апсењето и обвинението против трите жени е резултат на истрагата на Националното обвинителство за борба против тероризмот, која беше успешно завршена пред 10-годишнината од смртоносниот терористички напад на 13 ноември 2015 година во Париз.
Свет
Се запали магацин за парфеми во Турција, загинаа шест лица
Најмалку шест лица загинаа, а две се повредени во пожар што утрово избувна во магацин за парфеми во градот Диловаси, во северозападниот дел на Турција.
Според снимките што ги емитуваше турскиот канал НТВ, изгореле два ката од зградата во која се наоѓале магацинот и работилницата за производство на парфеми.
Засега нема информации за тоа што го предизвикало пожарот.

