Свет
(Видео) 13-годишно дете стои зад денешниот напад во Ерусалим

Две лица се ранети денес при пукање во нов напад во источен Ерусалим, соопшти израелската полиција и го оквалификува како терористички чин.
Израелската полиција соопшти дека напаѓачот е неутрализиран и ранет и дека мотивот е тероризам.
Државниот телевизиски канал Кан објави дека напаѓачот бил од областа Силван и дека имал 13 години. Од израелската служба за итни случаи соопштија дека двајца мажи биле тешко ранети и пренесени во болница. Според пишувањата на локалните медиуми, станува збор за татко и син.
Police say attacker in latest Jerusalem shooting attack has been “neutralized.” pic.twitter.com/I169AOm4RO
— Emanuel (Mannie) Fabian (@manniefabian) January 28, 2023
Овој напад се случува за помалку од 24 часа откако палестински напаѓач уби седум лица во близина на синагога во источен Ерусалим на Меѓународниот ден на сеќавањето на холокаустот, а израелската полиција приведе 42 лица на сослушување . Приведени се роднините и соседите на загинатиот 21-годишен напаѓач, соопшти полицијата.
Неколкумина се повредени кога напаѓачот отвори оган врз луѓето кои излегуваа од синагогата во израелската населба Неве Јаков. Полицајците го убија напаѓачот на местото на настанот додека безбедносните сили ја пребаруваа областа.
Јордан и Египет, арапските земји кои потпишаа мировни договори со Израел, го осудија нападот на синагогата, како и Обединетите Арапски Емирати, една од неколкуте арапски држави кои ги нормализираа односите со Израел пред две години.
Либанската шиитска група Хезболах го поздрави нападот на синагогата, а палестинското движење Хамас, кое е на власт во Појасот Газа, го поздрави како одговор на злосторството во Џенин и како природен одговор на криминалните дејствија на окупаторите.
Расте тензијата меѓу Израелците и Палестинците
Девет Палестинци беа убиени, а 20 други ранети во четвртокот во судирите со израелските војници во Џенин на Западниот Брег. Израел објасни дека операцијата во Џенин била спроведена за апсење на членови на милитантната група Исламски џихад.
Помалата милитантна група Исламски џихад, исто така, го пофали палестинскиот напад врз синагогата, но не презеде одговорност за него. Тензиите меѓу Израелците и Палестинците се зголемуваат по серијата напади минатата година.
Нова ескалација претставуваат податоците на палестинското Министерство за здравство, кое објави дека во петокот тројца Палестинци биле пренесени во болница откако биле застрелани од израелски доселеник во инцидент во близина на градот Наблус на Западниот Брег. Комитетот за безбедност на премиерот Бенјамин Нетанјаху ќе се состане вечерва.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Трамп: Јас сум претседател-медијатор, сакам да решавам војни

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека се гледа себеси како претседател-медијатор, нагласувајќи дека неговата цел е да помага во решавањето на конфликти ширум светот.
„Јас сум претседател-медијатор. Сакам да решавам војни“, рече Трамп за време на средбата со украинскиот претседател, Володимир Зеленки, додавајќи дека моменталната ситуација (мисли на Украина) не е лесна за посредување.
„Полесно е кога луѓето се разбираат, кога се среќаваат и кога си се допаѓаат еден на друг. Не сме баш во таква ситуација“, изјави тој пред новинарите, пренесе „Гардијан“.
Трамп спомена дека досега посредувал во осум конфликти, вклучително и на Блискиот Исток, и дека тековните напори се негов „деветти случај“.
„Ова ќе биде број девет за мене. Решив осум, вклучувајќи го Блискиот Исток… Не добив Нобелова награда, и не ми е важно тоа. Важно ми е да се спасувам животи“, изјави Трамп.
Свет
Трамп неодлучен за испорака на ракетите „ Томахавк“ на Украина

Како што објави „Гардијан“, американскиот претседател покажа двоумење во врска со испораката на Томахавк во Украина, велејќи: „Една од причините зошто сакаме да ја завршиме оваа војна е… не ни е лесно да ви дадеме… огромни количини многу моќно оружје… Се надеваме дека нема да им требаат. Се надеваме дека можеме да ја завршиме војната без да размислуваме за ракетите Томахавк“.
„Ќе зборуваме за ракетите Томахавк и многу повеќе би сакале да не им требаат тие ракети. Искрено, многу повеќе би сакале војната да заврши. Бидејќи, знаете, ние сме тука за војната да заврши… Продаваме многу различни видови оружје, како што знаете, на Европската Унија. Не сме тука за тоа. Ние сме тука за војната да заврши“, продолжи тој.
Во одговор на прашање од новинар, украинскиот претседател Володимир Зеленски, претходно изјави дека Украина е подготвена да им понуди на САД свои дронови во замена за далекуметните ракети „Томахавк“.
„Украина може да ѝ обезбеди на Америка илјадници дронови ако Вашингтон дозволи употреба на ракети ‘Томахавк’. Затоа, таму каде што можеме да соработуваме и да ја зајакнеме американската продукција, имаме голема понуда што се однесува на нашите дронови“, рече Зеленски.
Свет
Зеленски: Подготвени сме на Америка да ѝ понудиме дронови во замена за „Томахавк“ ракети

Во одговор на прашање од новинар, украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Украина е подготвена да им понуди на САД свои дронови во замена за далекуметните ракети „Томахавк“.
„Украина може да ѝ обезбеди на Америка илјадници дронови ако Вашингтон дозволи употреба на ракети ‘Томахавк’. Затоа, таму каде што можеме да соработуваме и да ја зајакнеме американската продукција, имаме голема понуда што се однесува на нашите дронови“, рече Зеленски.
На прашањето дали таков договор би го интересирал, поранешниот американски претседател Доналд Трамп одговори: „Да, би нè интересирал. Во моментов имаме многу дронови – ги произведуваме сопствените, но купуваме и од други, а Украинците произведуваат многу добри дронови.“
Трамп беше прашан и што мисли за тоа Украина да употребува ракети за напад подлабоко во Русија. „Ќе разговараме за тоа“, рече тој.
„Тоа е ескалација, но ќе разговараме за тоа“.
Украина бара од САД да испорачаат ракети „Томахавк“ кои можат да погодат цели на оддалеченост од речиси 2.000 километри.