Свет
(Видео) Пентагон: Откривме и внимателно следиме кинески шпионски балон

Пентагон забележа, како што верува, набљудувачки балон над северниот дел на Соединетите Американски Држави и внимателно го следи, но Белата куќа ја советуваше војската да не почнува операција за соборување.
Балонот, за кој високи американски претставници велат дека ѝ припаѓа на Кина, првпат бил забележан во средата.
Портпаролот на Пентагон, генерал Патрик Рајдер, објави дека американската влада открила и внимателно следи надгледувачки балон на голема височина во моментот над континенталниот дел на Соединетите Американски Држави.
Последен пат беше потврдено дека балонот е забележан на небото над Билингс, Монтана, но неговата моментна локација не е откриена.
На состанокот во средата, со кој претседаваше американскиот секретар за одбрана, Лојд Остин, највисоките воени претставници разговараа како да одговорат на балонот и ја информираа Белата куќа за неговата локација уверувајќи ги дека тој не претставува закана за авионите поради неговата голема надморска височина.
Американската војска сè уште ја разгледува опцијата за соборување на леталото, пренесува РТ.
The US government has said a strange balloon floating in the sky over Montana is a surveillance device of Chinese origin.
Read the full story: https://t.co/cIkrwgxjsG pic.twitter.com/HwNa1kUAsW
— Sky News (@SkyNews) February 3, 2023
„Во моментот проценуваме дека овој балон има ограничена вредност од перспектива на собирање разузнавачки информации надвор од она што Кина може да го направи со други средства“, рече висок претставник на американската одбрана на брифингот со новинарите.
„И покрај тоа, ги преземаме сите неопходни чекори за заштита од собирање чувствителни информации од страна на странски разузнавачки служби“, додаде тој.
Министерството за одбрана соопшти дека е уверено оти балонот ѝ припаѓа на Кина, а американските власти се во комуникација со Пекинг бидејќи сите опции остануваат на маса во врска со следните чекори.
Пекинг не презеде одговорност за балонот. Инцидентот се случи неколку дена пред планираното патување на американскиот државен секретар Ентони Блинкен во Пекинг, прва посета на Кина на високо ниво од 2020 година, пренесе „Новости.рс“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Судот на правдата на ЕУ: Изгубен миленик на лет се смета како изгубен багаж

Судот на правдата на Европската унија донесе одлука дека домашните миленици кои се превезуваат со авион се сметаат за „багаж“, а не за патници.
Одлуката следи по случај во кој куче исчезнало при пренос до авион на лет од Буенос Аирес до Барселона, по што сопственичката побарала 5.000 евра отштета.
Судот оцени дека, според Монреалската конвенција, авиокомпанијата не е должна да исплати поголема отштета од онаа предвидена за изгубен багаж, освен ако патникот претходно не доставил специјална изјава за вредноста на пратката.
Во одлуката учествувале и двајца претставници од Хрватска – судијата Синиша Родин и адвокатката Тамара Ќапета.
Свет
Евакуирано средно училиште во Италија по истекување на амонијак

Во италијанскиот град Пескара беше евакуирано државното средно училиште „Маркони“ откако во просториите се почувствувал силен мирис од непознато потекло, поради што на многумина им се слошило.
Според италијанските медиуми, повеќе од 1.000 ученици биле итно евакуирани, а неколкумина се хоспитализирани, меѓу нив и пожарникари кои пристигнале на интервенција, пренесе „ТВ Раи“.
Првичните информации укажуваат дека причината најверојатно е истекување на амонијак од лабораторијата, иако не се исклучува ниту можноста за цурење гас од климатизацијата.
Заменичката градоначалничка на Пескара, Марија Рита Карота, нареди итно затворање на училиштето до понатамошна проверка.
Свет
Мерц: Без реформи, Европа ќе стане пиун на Азија и САД

Германскиот канцелар, Фридрих Мерц, предупреди дека Европската унија ризикува да ја изгуби својата економска независност ако итно не спроведе реформи за зголемување на конкурентноста.
Во обраќање пред германскиот парламент, во пресрет на самитот на ЕУ во Брисел, Мерц рече дека во наредните години ќе се решава дали Европа ќе остане независна економска сила или ќе стане „пиун на економските центри во Азија или Америка“.
Тој ја повика ЕУ да го намали бирократскиот товар за компаниите, да го зајакне единствениот пазар и да потпише нови трговски договори, особено со јужноамериканскиот блок Меркосур до крајот на годината.
Мерц се соочува со растечки притисок дома поради економската стагнација во Германија, која се влошува поради царинските политики на американскиот претседател Доналд Трамп.
Тој истакна дека решенијата за европската економија веќе постојат во извештаите на Марио Драги и Енрико Лета, кои предлагаат продлабочување на внатрешниот пазар и јакнење на конкурентноста, додавајќи дека тие препораки треба веднаш да станат дел од агендата на Европската комисија.