Свет
(Видео) Воз излетал од шините во Охајо и експлодирал
Во американската сојузна држава Охајо, во близина на градот Источна Палестина, товарен воз излета од шините, по што избувна огромен пожар, јавува Си-Би-Ес Њуз.
Поради пожарот, била наредена итна евакуација на жителите во радиус од 1,6 километри од местото на настанот.
Фотографиите и снимките од Источна Палестина, град северозападно од Питсбург, објавени на социјалните мрежи покажуваат запалени повеќе вагони.
🚨#BREAKING: Train derailment sparks massive explosion⁰⁰📌#EastPalestine | #Ohio
Currently, multiple emergency crews are responding to reports of a major fire caused by a tanker train derailment leading to multiple explosions. All residents nearby are now being evacuated pic.twitter.com/LUWqegoQnn
— R A W S A L E R T S (@rawsalerts) February 4, 2023
Засега нема информации за повредени. Товарната железница Норфолк јужен корп „се координира со локалните служби за итни случаи додека ги мобилизира сопствените тимови“, рече портпаролот на компанијата, пренесе Индекс.хр.
#BREAKING: Police are blocking off multiple roads but we can see the fire caused by the #trainderailment from afar
Orange flames lighting up the sky @KDKA #EastPalestine #Ohio pic.twitter.com/i1jHX4r1F8
— Lauren Linder (@lauren_linder) February 4, 2023
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Објавени имињата на сопружниците кои загинаа враќајќи се од Германија, братот на починатиот е во кома
Во тешка сообраќајна несреќа што се случи рано утрово на автопатот Белград- Ниш, во близина на клучката Умчари, две лица го загубија животот, додека друг патник е итно однесен во болница со тешки повреди.
Познато е дека во возилото на несреќата биле двајцата браќа Назим и Шкелзен Авдиу, како и сопругата на Шкелзен.
Свет
Орбан: Распадот на Украина би бил катастрофа за Украина
Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан денеска изјави дека распадот на Украина би имал сериозни последици по неговата земја.
– Немојте да се залажувате: распадот на Украина би бил катастрофа за Унгарија, напиша Орбан на платформата Икс.
Тој додаде дека стабилноста на соседните држави е важна.
– Унгарија ја снабдува Украина со 44 отсто електрична енергија и 58 проценти гас. Во меѓувреме, војната ја слабее Украина секој ден. Само мирот може да ја зајакне. Секој кој навистина ја поддржува Украина мора да сака мир, и сега, посочи Орбан.
Свет
Нема да има блокада на граничните премини со Грција за време на празниците
Грчките земјоделци најавија прекин на блокадите на граничните премини со Македонија за време на божиќните и новогодишните празници, овозможувајќи им непречено патување за граѓаните.
Блокадата на земјоделците е проблем за многу македонски државјани кои изминативе недели им беше отежнато патувањето кон или од Грција.
Грчките медиуми известуваат дека за време на празничната сезона нема да има блокади, со цел граѓаните да можат непречено да патуваат.
Земјоделците одлучија да ги прекинат блокадите и да ги отворат граничните премини и патиштата во два периода: од вторник, 23 декември, до недела, 28 декември 2025 година и од вторник, 30 декември, до недела, 4 јануари 2026 година.
Во меѓувреме, премиерот на Грција посочи дека многу од барањата на земјоделците од неговата држава се исполнети.„Од листата со 27 побарувања на земјоделците, 16 се веќе задоволени или се третираат позитивно. Четири се во процес на разгледување или дискусија со цел да се пронајде решение, додека само седум не можат да бидат решени. Причините за тоа се или спротивност со основните европски правила и функционирањето на заедничката земјоделска политика, или финансиска неизводливост“, објави на Фејсбук премиерот Кирјакос Мицотакис.
Земјоделците, кои ги започнаа своите протести на 30 ноември со околу 60 блокади низ цела Грција, не се откажуваат од своите барања.

