Македонија
Преминот Деве Баир повторно прооден, МВР го поправи дефектот на системот

По неколкучасовен застој, системот за контрола со кој работат граничните премини повторно е во функција и може да се влезе и да се излезе од државава.
„Отстранет е дефектот на системот на сите гранични премини, истиот е оспособен за функција и се пропуштаат возила за влез и излез од земјава“, соопшти МВР.
Само итни случаи селектирани од полицијата моѓеа да ја поминат границата во периодот додека ситемот беше падна. Се формираа колони и за влез и за излез од земјава.
Заглавени во колона пред нашата граница останаа и дел од Бугарите тргнати на чествувањето по повод 151 годишнината од раѓањето на револуционерот Гоце Делчев.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Герасимовски: Целосно исчистена депонијата кај Буњаковец

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, информира дека целосно е исчистена дивата депонија зад катната гаража во Буњаковец, во близина на ООУ „Јохан Хајнрих Песталоци“.
Отстранувањето започна минатиот месец како дел од акцијата за чистење „Центар не чека, Центар чисти“, при што беа подигнати големи количини отпад, се миеја улици и се подобруваше хигиената низ целата општина.
„Целосно ја исчистивме дивата депонија позади катната гаража во Буњаковец. На овој простор, кој долго време беше занемарен и невидлив за граѓаните, затекнавме опасен отпад – азбестни плочи и разни градежни и други материјали што претставуваа сериозен ризик по здравјето. Веднаш интервениравме со механизација, го отстранивме целиот отпад и извршивме дезинфекција на теренот. Сега овој простор е безбеден и уреден, а во наредниот период тука ќе се уреди нов паркинг и ќе се засади зеленило, со што оваа локација конечно ќе добие функционална и естетска вредност“, истакна Герасимовски.
Македонија
(Видео) Манасиевски: Венко Филипче е човек без кредибилитет на врвот на СДС и само второ лице на Зоран Заев

Венко Филипче е човек без кредибилитет на врвот на СДС и само второ лице на Зоран Заев, вели Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.
Според него, Венко Филипче е избран со двојно и тројно помалку гласови од своите претходници.
Венко Филипче, како што додава во изјавата Манасиевски, нема ниту автентична политика и тој е второ лице на Заев и негова продолжена рака во политиката.
„Венко Филипче е човек со голем број афери зад него, и само таков човек му одговара на Заев, да го држи зауздан и послушен. Венко Филипче не знае каде тера, тој нема мандат за ништо, ниту пак може да нуди решенија за нешто. Филипче е извор на проблеми долги години наназад“.
Како што истакнува Манасиевски, колкав проблем е Венко Филипче, доволно е да се погледне здравството и на секој ќе му биде јасно.
Македонија
„Пин петрол“: Целата документација е доставена до надлежните органи

Целата документација во врска со нашето правно лице е доставена до надлежните органи за што имаме одговор дека немаме никаква поврзаност со овој настан, велат од компанијата „Пин петрол“ по кривичната пријава од финансиската полиција за проневера на речиси 22 милиона денари.
Од таму испратија демант за поврзаност со уапсеното лице и велат дека немаат никаква поврзаност со кривично-правниот настан.
Демантот го пренесуваме во целост:
„Како компанија ‘Пин петрол’ во целост демантираме и се оградуваме од наводите на некои медиуми, кои пренесоа информација за некаква поврзаност со уапсената Габриела Крстевска. Ние како компанија немаме никаква сопственичка, правна и роднинска поврзаност со осомничената. Ние како правно лице имаме склучено договор со АД ‘Пошта Македонија’ (подружница ‘Пин петрол’) за кое осомниченото лице Габриела Крстевска има работено. Како компанија најостро ги осудуваме ваквите наслови на некои медиуми и за какви било информации во врска со осомничената одговорите треба да ги барате во АД ‘Пошта Македонија’. Целата документација во врска со нашето правно лице е доставена до надлежните органи за што имаме одговор дека немаме никаква поврзаност со овој настан“.