Македонија
Протерани тројцата Бугари, меѓу кои пратеник: Добија времена забрана за влез во Македонија и казна

Тројцата Бугари кои со погрдни зборови навредуваа полицајци на границата „Деве Баир“, по што беа уапсени, се протерани од Македонија. Судот во Крива Паланка им изрече забрана за влез во Македонија во наредните три години. Ќе треба да платат и по 300 евра казна за сторениот прекршок. Ваков е исходот од нивното изведување пред судија на претходна постапка.
Меѓу уапсените, а сега протераните е и пратеникот на „Вазраждане“ Ангел Георгиев. Тој тврди дека бил тепан од полицајците, а тоа го пренесоа и медиумите од Бугарија. Од видеото споделено на социјалните мрежи се гледа само како тој е уапсен бидејќи не почитуваше наредба од службениците кои побараа од него да не снима, како и поплака зошто го апсат и да не го удираат.
Инцидентот се случи попладнево, кога тој и други граѓани останаа на границата „Деве Баир“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Неколку скопски општини денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– 09:00 до 11:00 часот, корисниците од С.Чајлане (Општина Сарај);
· Oд 09:30 до 11:00 часот, дел од ул 2 .(Општина Сопиште).
· Oд 09:30 до 11:00 часот, дел од ул 4 .(Општина Сопиште)
· Oд 09:30 до 14:00 часот Рилски Конгрес, Славејско Арсов Христо Чернопов.(Општина Центар)
– Oд 12:30 до 14:30 часот Дел од корисниците на ул. Мечкин Камен ул.Петко Јанчевски од бр.32 до бр,60(Општина Ѓорче Петров)
Македонија
Утрото ведро и студено, преку денот сончево со мала до умерена облачност

Времето денеска, наутро ведро и студено, преку денот сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -7 до 0, а максималната ќе достигне од 8 до 16 степени.
Во Скопје, утрото ведро и студено, преку денот сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до -4, а максималната ќе достигне до 15 степени.
Во наредните денови следува период на стабилно и потопло време, освен во четврток кога ќе има локални врнежи од дожд, а на планините снег. Утринските и дневните температури ќе бидат во постепен пораст.
Македонија
Од утре до петок посебен режим на сообраќај во Скопје

Во периодот од 09-11.04.2025 година (среда-петок) во официјална посета на Македонија ќе присуствува Уршка Клакочар Зупанчиќ, Претседател на државниот збор на Република Словенија.
Од тие причини Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот на подрачјето на град Скопје.
СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите што ќе ги даваат полициските службеници.