Забава
(Видео) „Греми 2023“: зад песната на годината се крие неверојатна приказна

Бони Рајт беше вчудовидена кога освои „Греми“ за песна на годината на синоќешната церемонија во Лос Анџелес, еден од најголемите настани во музичката индустрија.
73-годишната пејачка и текстописец се закити со една од главните награди. Нејзината песна Just Like That беше прогласена за песна на годината.
Џил Бајден ѝ ја врачи наградата, а Бони не можеше да поверува дека е победничка во оваа престижна категорија. „О, боже. Многу сум изненадена. Не знам што да кажам. Ова е нереален момент“, рече Бони. Таа ѝ се заблагодари на Академијата што ја цени уметноста на пишување песни и што ѝ оддаде почест.
„Не пишувам многу песни, но толку сум горда што ја цените оваа“, додаде таа. „Песна на годината е прилично важна работа. Ова е голема работа за мене и многу сум горда“.
Медиумите потсетуваат на неверојатната приказна зад Just Like That, која беше објавена во април 2022 година. Се појави на истоимениот албум, кој се искачи на 44. место на „Билборд топ-200“.
Песната ja напиша Бони, која откри дека била инспирирана од приказната за една жена, која срцето на својот починат син му го дала на друго дете. Бони ја посвети песната на својот пријател и колега Џон Прајн, кој почина во 2020 година по борбата со коронавирусот.
„За оваа песна ме инспирира неверојатна приказна за љубовта, милоста и великодушноста на некој што ги донира органите на својата сакана личност за да помогне на друга личност да преживее“, изјави Рајт. „Оваа приказна е толку едноставна и толку убава за овие времиња. И луѓето реагираа на песната, делумно поради тоа колку го сакав и сите го сакавме Џон Прајн, и тоа беше инспирација за музиката за оваа песна“, додаде таа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Никол Кидман не крие дека е скршена по разводот: „Ќе го преболам тоа колку и да е болно“

Познатата актерка Никол Кидман и музичарот Кит Урбан се разведуваат по 19 години брак. Како што изјавија извори за странски медиуми, двојката живее одвоено веќе некое време, а се шпекулира и дека Урбан има нова девојка.
Никол неодамна се појави со своите ќерки на црвениот тепих и покажа нова фризура, „одмазднички“ шишки како што многумина ги нарекоа, а сега во едно интервју зборуваше за чувствата и мислите што доаѓаат со возраста.
„Најдобриот дел се искуствата што сте ги акумулирале. Помислете како сте биле таму порано и дека знаете како да се справите со тоа или можеби не, но јас доживеав нешто слично и знам дека ќе го пребродам“, изјави таа за Харперс Базар.
И покрај сè, нејзините деца ѝ даваат најголема сила и Никол секогаш го нагласува ова, без разлика колку се болни некои работи.
„Има нешто посебно во сознанието дека без разлика колку е болно, тешко или разорно нешто, постои начин да се надмине. Ќе мора да го почувствувате тоа и понекогаш ќе ви изгледа непремостливо. Се чувствувате скршено, но ако се движите нежно и бавно, ќе помине иако можеби ќе потрае некое време“, беше искрена актерката.
фото: принтскрин
Забава
(Фото) Сопругата на Клуни е вистинска убавица: не е ни чудо што ја изгуби главата по неа

Кога станува збор за чист гламур, Амал Клуни е синоним за овој моден израз. Нејзините фустани зрачат со чиста елеганција, минималистички крој, а таа често флертува со специфични материјали.
Неодамна таа блесна на премиерата на филмот „Џеј Кели“ во Лондон, па дури ни нејзиниот сопруг – познатиот Џорџ Клуни – не беше имун на оваа сцена.
Имено, Амал прошета по црвениот тепих во розов фустан дизајниран од познатата модна дизајнерка Тамара Ралф. Фустанот е украсен со розови светки на горниот дел, додека долниот дел е исполнет со реси.
Фустанот е малку тесен, па затоа ја нагласува витката фигура на Амал. За да го комплетира овој стил кој зрачи со стар холивудски гламур, таа додаде пердувеста наметка во пудра розова боја.
Таа ја стилизираше косата на вообичаениот начин – се одлучи за меки бранови, а за шминка носеше нежни тонови кои ја нагласуваа нејзината природна убавина.
фото: принтскрин
Забава
(Фото) Поради Кејт Мидлтон, жените полудеа по една боја

Принцезата од Велс, Кејт Мидлтон, се појави на добротворен настан и во таа пригода привлече внимание на себе со својот моден избор исто како што секогаш прави кога станува збор за нејзините комбинации.
Откога оваа есен ја добивме маслинесто-зелената како кралица на сезоната меѓу боите, принцезата одлучи да го следи тој тренд.
Беспрекорната Кејт прошета во маслинесто-зелена боја од глава до петици. Таа избра комбинација од Викторија Бекам и покажа дека суптилноста и елеганцијата дефинитивно ѝ припаѓаат само на неа. Струкираното сако и правите панталони во комбинација со маица во истата нијанса ја покажаа целата моќ на еднобојното издание.
Со оглед на пригодата, но и стилот на принцезата, овој пат таа не претеруваше со деталите, па носеше едноставно синџирче и прстен, а косата ја стилизира во меки бранови.
Иако не е прв пат Кејт да избере нешто од колекцијата на Викторија Бекам, секогаш сме воодушевени од начинот на кој го претставува.
Суптилно и внимателно се чини дека е нејзиното мото, а по сите овие години, би се рекло дека не треба да го менува.
фото: принтскрин