Македонија
Унгарската претседателка: Вашето зачленување во ЕУ е, пред сè, стабилност за Европа и регионот
Унгарската претседателка Каталин Новак порача дека нејзината држава ќе помага Македонија побргу да стане членка на ЕУ. Според неа, тоа ќе донесе стабилност во Унијата.
„Сметаме дека вашето зачленување во ЕУ е, пред сè, за стабилност на регионот и Европа. Ако нема стабилност на Западен Балкан, тогаш нема ни во ЕУ“, рече таа.
Според неа, преку Македонија стигаат голем број илегални мигранти во Унгарија. Бројот се удвоил изминатата година.
„Многу ми е драго што имаме лично добри односи со Пендаровски. Би сакала пет теми да издвојам. Првата е војната во Украина, каде што ја осудуваме агресијата на Русија. Војната донесе многу проблеми и сакаме побргу процес за мир и прекин на огнот, како и модус за мир. Унгарија и на хуманитарно поле има многу мерки, имаме примено над еден и пол милион бегалци. Секогаш стоиме на ставот да ѝ се помага Украина“, рече Новак.
Смета и дека има демографски проблеми во Македонија, односно дека граѓаните се иселуваат. Пендаровски се интересирал за мерките на Унгарија за имплементација во Македонија.
„Унгарија се обидува економски да помогне во Македонија. Ги поддржуваме студентите за студии во Унгарија“, рече унгарската претседателка.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без струја денеска делови од Чаир и Студеничани
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 08.00 до 16.00 часот, корисниците од улиците број 90, 131 и 191, корисниците од околните згради и продавниците кај 26 Јули, објектите на хотелите Хамбург и Аен, казиното Сенатор и адвокатското друштво Калач. (општина Чаир)
· во периодот од 09.00 до 16.00 часот, корисниците од селата Драчевица, Цветово и Алдинци, вили Китка, Мала Река, Принцес, Караџица и Солунска Глава. (општина Студеничани)
Македонија
Без вода дел од Карпош
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради водоводен приклучок од ф – 80 мм на улицата Ристо Равановски бр. 8, без вода ќе останат корисниците од улицата Ристо Равановски во општина Карпош.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.00 часот па се до завршување на работата.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди
Променливо облачно со сончеви периоди. Во западните делови ќе има повремен локален дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 6, а максималната ќе достигне од 10 до 16 степени.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од југоисточен правец.
Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на циклонска активност до сабота ќе преовладува претежно облачно време со повремени врнежи од дожд. Пообилни врнежи се очекуваат во среда и четврток, кога на повисоките планини врнежите ќе преминуваат во снег. Од среда ветерот ќе го промени правецот во северен.

