Свет
(Видео) „Би сакала да те гушнам“, му рече новинарка на Зеленски; „Зошто да не“, одговори тој

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во средата го посети Обединетото Кралство и изненади новинарка со прегратка за време на прес-конференција.
Украинската новинарка на Би-би-си стана и пред нејзиното прашање рече дека би сакала да го прегрне Зеленски, но веројатно нема да ѝ биде дозволено.
“I would like to come and hug you, but I can’t” – @BBC_ua journalist told @ZelenskyyUa
Turns out, she can hug him! pic.twitter.com/4kMCMGSqMO
— Anton Gerashchenko (@Gerashchenko_en) February 8, 2023
„Зошто да не?“, одговори Зеленски пред да излезе од говорницата и да ја прегрне новинарката на нејзино задоволство.
Риши Сунак, британскиот премиер, беше виден во заднина како се смешка и аплаудира. Други новинари го опишаа моментот како трогателен и средбата ја снимија на своите телефони.
Видеото бргу се прошири на социјалните мрежи, а многубројни коментатори не го криеја ентузијазмот за гестот на Зеленски.
„Ова е многу убаво од него“, „Се гледа дека има големо срце“, „Вака треба да се однесува секој државен лидер“, „Ќе влезе во историјата како еден од најголемите“, продолжија коментарите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Ковчегот на папата Франциско затворен, погребот утре наутро

Од средата наутро, кога телото на покојниот папа Франциско беше пренесено во базиликата „Свети Петар“, низ неа поминаа 150.000 луѓе од целиот свет. Ковчегот на папата беше затворен вечерва, а погребот ќе се одржи утре наутро.
Пред церемонијата на запечатување, во ковчегот на папата беа поставени 12 монети, по една за секоја година од неговиот понтификат, како и краток запис и извештај за неговото папство. Церемонијата ја водеше кардиналот Кевин Фарел, камерлегно на Светата Римска црква.
Реки верници доаѓаат во Рим за да присуствуваат на утрешниот погреб на папата Франциско, а се очекува и пристигнување на бројни делегации од целиот свет.
Во Рим се воведени строги безбедносни мерки, со илјадници волонтери и полицајци, систем против дронови, снајперисти на покривите и борбени авиони подготвени за полетување.
Европа
Жена во Шпанија ја продала новородената ќерка за 2.000 евра на двојка која не можела да има деца

Шпанската полиција уапси 37-годишна жена која ја продала својата новородена ќерка на пар кој се лекува од неплодност, јавува АФП.
Полицијата соопшти дека жената била уапсена минатиот месец во Мостолес, јужно предградие на Мадрид. Брачен пар осомничен за купување дете и двајца нивни роднини беа уапсени во јужниот град Кордоба.
Според прелиминарната истрага, жената се согласила да им ја предаде својата новородена ќерка на двојката за 2.000 евра. Сепак, по породувањето, таа се предомислила и побарала да ѝ го вратат детето.
Двојката, според АФП, одбила да го врати бебето освен ако жената не им го врати платениот износ, плус дополнителни 1.000 евра за покривање на трошоците што тврделе дека ги направиле во текот на месецот што го поминале со неа во Кордоба пред да се роди детето.
Полицијата започна истрага откако една жена поднесе жалба тврдејќи дека семејство во Кордоба го „киднапирало“ нејзиното новородено бебе. Детето е предадено во центар за заштита на деца во Кордоба. Полицијата, исто така, објави дека властите ѝ одзеле уште шест деца на жената во 2022 година поради занемарување.
Свет
Зеленски можеби нема да оди на погребот на папата Франциско поради рускиот напад врз Киев

Зборувајќи со новинарите во Киев денес, украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека можеби нема да присуствува на утрешниот погреб на папата Франциско во Рим поради важни воени состаноци.
Се очекува на погребот да присуствуваат бројни светски лидери, вклучувајќи го и американскиот претседател Доналд Трамп. Зеленски претходно потврди дека ќе оди во Рим, но сега не е сигурен.
„Доколку не пристигнам на време, Украина ќе биде претставена на соодветен начин од некој друг“, рече тој, истакнувајќи дека украинскиот министер за надворешни работи и првата дама ќе бидат во Рим.
Тој објасни дека морал да одржи серија затворени состаноци поврзани со вчерашниот руски напад врз Киев, во кој загинаа 12 лица. „Постојат неколку прашања за тој напад и за украинските одговори. Не знам колку време ќе трае. Ако стигнам, дефинитивно ќе бидам присутен“, рече Зеленски.