Македонија
АСМЛ: Користење на смртта на пациент за политичка пресметка е неприфатливо

Смртта на пациент не сmее да биде тема на политичка пресметка, реагираат од Асоцијацијата на специјализанти и млади лекари.
Според нив користењето на смртта на пациент за политичка пресметка, е неприфатливо.
Од асоцијацијата бараат одговорност од сите без разлика на функцијата.
Очекуваме што побрзо зголемување на средствата за лекови и персоналот кој ќе биде од помош за овие пациенти, велат од АСМЛ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Герасимовски со aнсамблот „Орце Николов“: Културата е наша трајна заложба – вложуваме во манифестации што ги поврзуваат сите генерации

Градоначалникот Горан Герасимовски, се сретна со претставници од Ансамблот на народни игри и песни „Орце Николов“, еден од најстарите и најзначајни носители на фолклорната традиција во државата. На средбата, се дискутираше за тековните културни активности во општината, за локалната поддршка за културниот развој и за можностите за продлабочување на соработката.
Ансамблот, оваа година одбележува 80 години од своето постоење и е еден од добитниците на Конкурсот за финансиска поддршка на културни проекти на Општина Центар. За проектот „80 години волшебен свет на фолклорот“, ансамблот доби финансиска поддршка во износ од 30.000 денари.
„Преку континуирана и зголемена поддршка на културата, покажуваме дека ја вреднуваме традицијата, уметноста и креативноста. Чест ми е што со Ансамлот имаме одлична соработка и што годинава на нивниот јубилеј ги поддржавме негувајќи го и пренесувајќи го фолклорот како дел од културното богатство на нашата држава. Вложуваме во културата преку низа културни манифестации што обединуваат и радуваат граѓани од сите возрасти – од најмали до највозрасни. За само неколку години го зголемивме буџетот за култура од 3 милиони денари во 2021 година на 13 милиони денари годинава. Тоа е доказ дека културата е и ќе остане наш приоритет“, рече Герасимовски.
Во рамки на средбата, Герасимовски доби плакета од страна на Ансамблот „Орце Николов“, како знак на благодарност за досегашната успешна и долгорочна соработка.
Македонија
Мицкоски: Со гордост можеме да кажеме дека нашата држава е една од најбрзорастечките економии во Европа

„Ние сме новата надеж. Ние сме промената која не се плаши да се соочи со предизвиците, да ги поправи грешките и да постави правичен ред и правда. Владата којашто ја предводи ВМРО-ДПМНЕ ја презеде одговорноста во време кога економијата беше во криза, кога граѓаните беа загрижени и разочарани. Но денес, со гордост можеме да кажеме дека нашата држава е една од најбрзорастечките економии во Европа со четвртиот највисок економски раст на бруто домашниот производ“, кажа премиерот Христијан Мицкоски на вчерашниот настан по повод 35-годишнината на ВМРО-ДПМНЕ.
Мицкоски во текот на своето обраќање посочи дека владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ работи на санирање на штетите од минатото, на создавање стабилна и предвидлива економија, на отворање на нови работни места, подобрување на услови за сите работници, посебно младите, земјоделците и пензионерите.
– Сепак, ние не треба да се фалиме со бројките. Знаеме дека овој раст не е доволен, дека народот сè уште не го чувствува подобрувањето во својот секојдневен живот. Затоа упорно работиме на санирање на штетите од минатото, на создавање стабилна и предвидлива економија, на отворање на нови работни места, подобрување на услови за сите работници, посебно младите, земјоделците и пензионерите, кажа тој.
Премиерот се осврна и на надворешната политика при што укажа дека надворешна политика е принципиелна и се темели на заштита на заедничка историја, култура и идентитет.
– Македонија нема повеќе да биде земја на понижување и предавство. Нашата надворешна политика е достоинствена, принципиелна и се темели на заштита на нашата заедничка историја, култура и идентитет. Не можеме да дозволиме да не кодошат во странство оние кои треба да бидат чувари на националните интереси. И да не мислат дека ветувањата за отстапки, деградации и понижувања ќе ги донесат повторно во Владата. Народот е свесен и нема да дозволи повторно да биде измамен. Она што Венко Филипче го направи во Атина само не потсети дека кодошењето на сопствената земја не е туѓо и не смее да се заборави, за да не се повтори, вели тој.
На крај премиерот Мицкоски порача:
„Ние не сме тука за да изградиме праведно општество, во кое нема да има непривилегирани, туку напротив ние сме тука за да изградиме општество во кое ќе нема привелигирани. Тука сме за да изградиме правда за сите. И за тоа ќе бидеме безмилосни кон секој кој ќе ја злоупотреби довербата на народот“.
Македонија
Гавковски: Полска сака да биде најсилен поддржувач на македонската интеграција во ЕУ

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, оствари работна средба со вицепремиерот на Полска и министер за дигитални прашања, Кристоф Гавковски, во рамки на Дигиталниот самит во Гдањск, Полска.
На средбата беше разговарано за тековните процеси и заложби за дигиталната трансформација во двете земји, со посебен акцент на полските искуства во дигитализацијата на јавните услуги и сајбвер безбедноста. Двајцата соговорници ја потенцираа важноста од зајакната регионална и европска соработка во оваа сфера.
„Полска и Министерството за дигитализација ќе бидат најголем поддржувач на европската интеграција на Македонија. На крајот на претседавањето со Советот на ЕУ, фокусот на полската Влада останува на поддршка на партнерите и пријателите“, изјави министерот Андоновски.
Министерот Андоновски истакна и дека со поддршка од Европската Унија, оваа есен граѓаните на Македонија ќе добијат можност за дигитална лична карта преку мобилна апликација.
Средбата претставува потврда на заедничката заложба за интензивирање на билатералната соработка и размена на добри практики.
„Сакаме да бидеме најсилен поддржувач на македонската интеграција во ЕУ, и како ваш традиционален партнер, Полска е подготвена да и помогне на Македонија со експертиза, техничка помош особено во делот на сајбербезбедноста, но и лобирање и поддршка во европските институции“, изјави вицепремиерот Гавковски.