Свет
Путин: Украина ја започна војната, ние се обидуваме да ја завршиме
Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека Русија не започнала никакви борбени операции, туку се обидува да ги прекине.
Во разговор со претставници на воздухопловната индустрија, тој рече дека токму Украина пред осум години започнала борбени операции на територијата на ЛНР и ДНР.
– Тие борбени операции ги започнаа националистите во Украина и оние кои ги поддржаа во 2014 година, кога се случи државниот удар. Потоа следеа настаните на Крим и Донбас – изјави Путин и додаде дека од 2014 година регионите на Донбас се под блокада, иако тоа е прекршување на сите преземени обврски.
Таа војна траеше осум години со цел да се истребат луѓето кои се крвно поврзани со Русија и руската култура, рече Путин.
– Уште колку требаше да трпиме – заклучи тој,пренесе Новости.рс.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Путин: Москва мора да започне со производство на ракети со среден и краток дострел
Москва мора да започне со производство на ракети со среден и краток дострел за да може да одговори на акциите на Вашингтон, изјави денеска рускиот претседател Владимир Путин на оперативниот состанок со членовите на Советот за безбедност на Русија.
„Во 2019 година објавивме дека нема да ги произведуваме овие ракети и дека нема да ги распоредиме додека САД не ги распоредат овие системи во некој регион во светот“, потсети Путин, пренесува РИА Новости.
Денес, како што оцени, се знае дека САД не само што ги произведуваат овие системи, туку и ги пренесуваат во Европа – на воени вежби во Данска.
Свет
„Тешко е да се расправаш со лажго“: се огласи тимот на Бајден
Американскиот претседател Џо Бајден не се откажува од трката за реизбор, изјави денеска неговиот претставник од кампањата по дебатата против републиканскиот кандидат Доналд Трамп, од која некои демократи не беа задоволни.
„Се разбира дека нема да се откаже“, рече портпаролот на кампањата на Бајден, Сет Шустер, пренесува „Хил“.
По дебатата и Бајден потврди дека нема да се откаже од трката за нов четиригодишен мандат.
„Тешко е да се расправате со лажго. „Њујорк тајмс“ истакна дека тој лажел 26 пати“, рече тој, мислејќи на поранешниот претседател Трамп.
По настапот во дебатата во четвртокот вечерта со Трамп, Бајден беше широко критикуван од демократите, а некои признаа дека тоа ќе ги поттикне дискусиите за тоа дали претседателот треба да биде сменет пред националната конвенција во август, каде демократите формално ќе го номинираат својот кандидат.
Регион
Земјотрес го погоди Крит
Земјотрес со јачина од 3,8 степени според Рихтеровата скала го погоди Крит.
Земјотресот бил на длабочина од пет километри, а епицентарот на 73 километри од Ираклион.
Засега нема информации за жртви и материјална штета.