Забава
Мадона возврати на коментарите за непрепознатливиот изглед

Мадона одговори на негативните коментари во врска со нејзиното појавување на Греми-наградите и ја обвини камерата со долг објектив за која вели ѝ го сменила лицето.
64-годишната музичка легенда се соочи со лавина критики за нејзиниот изглед на свечената церемонија на доделување на престижните музички награди минатата недела.
Во прилично долга објава на својот инстаграм-профил таа вели: „Уште еднаш сум фатена во сјајот на ‘ејџизмот’ (дискриминација според возраст) и мизогинијата“.
Таа сподели видео од вечерта во „Стејплс центарот“ во Лос Анџелес, каде што се забавуваше со Сем Смит и Карди Би.
Во придружниот опис на објавата Мадона возвраќа на коментарите за нејзиниот непрепознатлив изглед на свеченоста, кои доминираат на социјалните мрежи веќе неколку дена.
Според неа, токму камерата со долг објектив ѝ го изобличила лицето и го направило да изгледа позаоблено и подуено отколку што всушност е.
Таа го дијагностицира проблемот додавајќи: „Уште еднаш сум фатена во сјајот на ‘ејџизмот’ и мизогинијата, кои стануваат сè поприсутни во светот во кој живееме“.
„Наместо да се фокусираат на она што го кажав во мојот говор, а тоа беше за изразување благодарност за бестрашноста на уметниците како Сем и Ким, многу луѓе избраа да зборуваат за моите фотографии што ги направил новинарски фотограф со камера со долг објектив, кој би го изобличил сечие лице!“, напиша таа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Тие создаваат стил и немаат конкуренција: трите најдобро облечени хороскопски знаци

Некои луѓе едноставно имаат вродена способност да комбинираат бои, кроеви и додатоци за секогаш да изгледаат дотерано – без оглед на пригодата.
Нивниот стил не мора да ги следи модните диктати бидејќи тие самите го создаваат. Ѕвездите откриваат дека одредени хороскопски знаци се особено добри во облекувањето и естетскиот изглед.
Без разлика на сезоната или пригодата, тие знаат како да остават впечаток.
Вага
Луѓето родени под овој знак се познати по својот беспрекорен вкус и чувство за естетика. Тие ја сакаат модата и деталите, а ретко се гледаат неуредни.
Тие знаат како да се облекуваат за пригодата и секогаш изгледаат хармонично и елегантно. Сè во нивните комбинации изгледа добро осмислено – дури и кога е лежерно. Вагите ја гледаат облеката како продолжение на личниот израз и уметност.
Лав
Харизматични и самоуверени, Лавовите сакаат да остават впечаток – а нивната облека често служи како средство за изразување. Тие сакаат луксузни детали, светли бои и трендовски парчиња што привлекуваат внимание.
Нивниот стил е смел, препознатлив и секогаш во центарот на вниманието. Тие не се плашат да експериментираат бидејќи веруваат дека сè им стои добро. Луѓето родени под овој знак често ги поставуваат модните стандарди во нивната околина.
Бик
Луѓето родени под овој знак имаат класичен, префинет стил кој ги комбинира удобноста и естетиката. Тие знаат да препознаат квалитетни парчиња и секогаш изгледаат негувани, без да претеруваат. Тие сакаат природни материјали, меки тонови и облека што ја нагласува нивната сензуалност.
Нивниот стил зрачи со самодоверба, но и допир на луксуз кој не е претеран. Биковите веруваат дека добриот вкус се гледа во деталите и никогаш не ги забораваат.
Забава
Ако не сте љубител на радикални диети и тренинзи, пробајте ја оваа зелена напивка

Состојките се многу евтини, а подготовката трае само 5 минути.
Ако не сте љубител на радикални диети и тренинзи, сè што треба да направите е да промените една навика, вашата утринска, за да го забрзате метаболизмот и да ослабете. Тоа е пијалок направен од само 2 состојки – магдонос и лимон.
Оваа течност ќе му помогне на вашето тело да се ослободи од вишокот вода, да ја елиминира надуеноста, да ги разгради масните клетки, да го стимулира мочниот меур да работи подобро и да ги исфрли токсините од вашето тело.
Состојки:
– 1 лимон
– 60 г магдонос
– 60 мл вода
Подготовка:
Исцедете го сокот од лимонот и исечкајте го магдоносот. Ставете ги во чаша и прелијте ги со вода.
Примена: Секогаш пијте го овој напиток на празен стомак. Консумирајте по една чаша дневно 6 дена, потоа направете пауза од 10 дена, а потоа можете да почнете одново.
Ќе забележите резултати по само еден месец.
Забава
(Фото) Лавица на теренот, супермодел надвор од него

Арина Сабаленка ужива во летниот одмор во Грција, од каде што објави фотографија во бикини и за многу кратко време успеа да стане главна тема.
View this post on Instagram
Тенисерката број еден во светот, Арина Сабаленка, ниже успеси на теренот, па по финалето на „Ролан Гарос“ одлучи дека е време за пауза.
Таа повторно ја избра Грција како своја летна дестинација, поточно прекрасниот Миконос, а друштво ѝ прави нејзиниот партнер, Јоргос Франгулис, успешен бизнисмен, кој претходно живеел во Бразил.
View this post on Instagram
Како што еднаш откри, Грците ја освоиле со својата топлина, гостопримството и со одличната клима, па затоа нема намера да го промени местото за одмор.
View this post on Instagram
Во серија фотографии од одморот, онаа во бикини привлече најголемо внимание, а луѓето ѝ рекоа во коментарите дека изгледа подобро од кога било и дека треба почесто да објавува вакви фотографии.