Свет
(Видео) Сопственик на луксузен комплекс срушен во земјотресот фатен при обид да избега од Истанбул

Разорни земјотреси ги погодија јужниот дел на Турција и Сирија во понеделникот, а според последните податоци, повеќе од 22.300 луѓе загинаа кога се урнаа станбените згради во кои престојуваа луѓе.
Една од зградите која е целосно срамнета со земја е новоизградениот комплекс „Ренесанс резиденс“ во Хатај, а турските медиуми јавуваат дека нејзиниот инвеститор бил уапсен на аеродромот при обид да побегне од земјата.
Имено, Мехмет Јашар Ќоскун бил фатен на аеродромот во Истанбул откако се обидел да побегне, бидејќи по уривањето на комплексот, против него и неговиот брат Хусеин Јалчин Ќоскун била покрената истрага, а по нив била распишана потерница, пренесе турскиот портал Ахабер.
Hatay’daki depremde yıkılan Rönesans Rezidans’ın müteahhidi Mehmet Yaşar Coşkun’un, bu akşam Kanada’ya kaçacağı öğrenildi. pic.twitter.com/QyxYdteMpc
— Pusholder (@pusholder) February 10, 2023
Според порталот, во зградата имало дури 250 станови во кои живееле вкупно околу 1.000 луѓе.
На социјалните мрежи е објавено видео од апсењето на Мехмет Јашар Ќоксун, кој е фатен на аеродромот во Истанбул.
Комплексот кој беше погоден од земјотресот, беше прикажан како еден од најлуксузните згради во Хатај, а неговата изградба е завршена во 2012 година.
По земјотресот бил срамнет со земја.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
40 ранети во Израел, двајца критично

Вкупно 40 лица побарале медицинска помош по вечерашниот ирански ракетен напад врз Израел, соопштија локалните здравствени служби. Двајца од повредените се во критична состојба.
Најголем број пациенти се лекуваат во болницата Ичилов во Тел Авив – 18 лица.
Според лекарите, пријавените повреди вклучуваат рани од шрапнели, вдишување чад и состојба на шок.
Свет
Израелската војска: Иран истрела помалку од 100 балистички ракети, повеќето ги пресретнавме

Портпаролката на израелската војска, Ефи Дефрин, рече дека помалку од 100 балистички проектили биле истрелани од Иран кон Израел.
Дефрин рече дека „повеќето од ракетите биле пресретнати од воздушната одбрана или паднале пред да стигнат до израелска територија“.
„Регистрирани се ограничен број погодоци на згради, а дел од штетата е предизвикана од фрагменти од пресретнати проектили“, додаде тој.
Според израелските медицински служби, во нападот биле ранети 40 лица.
Свет
Нетанјаху: Ова е можност за иранскиот народ да се спротивстави на режимот

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вечерва и порача на јавноста дека можат да ги напуштат засолништата, откако новиот бран ирански ракети прелета над израелска територија.
„Иранскиот режим никогаш не бил послаб. Ова е можност за иранскиот народ да се спротивстави на режимот“, рече Нетанјаху во вечерашното обраќање.
Тој директно им се обрати и на граѓаните на Иран: „Јас сум со вас, израелскиот народ е со вас“, рече тој.
Министерот за одбрана на Израел, Израел Кац изјави дека Иран „ја преминал црвената линија со лансирање ракети кон израелските цивилни области“ и најави: „Техеран ќе плати висока цена“.
Оваа иранска одмазда следеше по израелските воздушни напади на иранска територија, при што беа погодени нуклеарни постројки и беа убиени високи команданти и научници.