Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Крвави се рацете на Ковачевски, додека си договара коалиции, болните од цистична фиброза без лекови
„Алармот кај надлежните вклучи откако почина пациент со цистична фиброза. Зошто се чекаше да почине пациент, па Димитар Ковачевски да се разбуди?! Премиерот Ковачевски вели замислете „тешката“ бирократија била виновна, како може бирократијата да е виновна па дури и тешка. Ако добие насока ќе постапи и ќе ја спроведе процедурата“ соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Оттаму посочуваат дека „Сали, веќе министер во здравство на заминување, ја префрла вината на Ковачевски. Вели министерството за здравство побарало да се обезбедат средства, ама немало глас ниту од Владата, ниту од Ковачевски лично. Сето ова води кон едно недостасува политичка волја! Проблемот е во оние кои носат одлуки! Истите тие имаат време и пари за се, само не за граѓаните!“.
„Колку за илустрација набавка на лекот за болните од цистична фиброза според проценки на надлежните чини околу 20 милиони евра, а толку ќе треба да се плати отштета за раскинување на договорот за градба на нов клинички центар. Неградењето на нов клинички или казна за истото е 20 милиони евра. За ова кој ќе одговара?! Предупредувавме подолг период, но власта е вообичаено глува кога станува збор за граѓаните. Зошто премиерот Ковачевски би се грижел за тоа дали во буџетот има пари за лекови кога е преокупиран со фирми за производство на струја, правење коалиции и договарање позиции! Цената на опстојување на оваа власт е преголема, штетата што ја прави е непроценлива затоа мора да си заминат веднаш!“ се вели во соопштението на опозициската партија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Намалена видливост поради магла на неколку патни правци
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно суви и местимично влажни коловози. Намалена видливост поради појава на магла до 50 метри има во околините на Гевгелија, до 100 метри Струмица, Неготино и Сарамзалино и до 150 метри Демир Капија, извести АМСМ.
Сите патни правци во државата се проодни.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· поради уличен дефект ф-80 мм на улицата Св. Кирил и Методиј бр. 48, од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од дел од истата улица и дел од улицата Димитрие Чуповски, вклучително и ЈЗУ Здравствен дом Железничар, општина Центар.
Македонија
Променливо облачно со услови за повремени врнежи од дожд
Променливо облачно претпладне во западните делови ќе има врнежи од дожд, а попладне услови за дожд ќе има и во источните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 6, а максималната ќе достигне од 8 до 14 степени.
Во Скопје, облачно со услови за повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб ветер со променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 11 степени.
Времето во наредните денови
Утре ќе се задржи променливо облачно време наместа со повремен слаб дожд освен во западните делови каде што ќе биде облачно со врнежи од дожд кои ќе бидат со пообилен интензитет (над 15 l/m²). Ќе дува умерен, повремено засилен ветер. Нови врнежи ќе има во недела и почетокот на следната седмица кога ќе настапи заладување со повремени врнежи од дожд, а на планините и во некои од повисоките места од снег.

