Црна хроника
Приведени две лица од Албанија, запленети 232 парчиња охридска белвица

Денеска (12.02.2023), по претходно преземени мерки и активности, полициски службеници од Одделението за прекуграничен криминал Струга и Полициската станица за граничен премин Ќафасан на излез од државата ги привеле Х.Ф.(22) и Ч.Е.(22), двајцата од Република Албанија.
При контрола во патничко возило „шкода”, со албански национални ознаки, биле пронајдени 232 парчиња охридска белвица кои биле предмет на недозволена трговија од Република Северна Македонија кон Република Албанија.
Х.ф. и Ч.Е. се приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Приведен грчки државјанин на Табановце, во неговото возило биле пронајдени пиротехнички средства

Полицијата приведе грчки државјанин на Табановце, а во неговото возило биле пронајдени пиротехнички средства.
„На 24.04.2025 околу 23.30 часот на Граничен премин Табановце, на излез од државата, полициски службеници го лишиле од слобода Н.К.(29) од Република Грција затоа што при гранична контрола и преглед во возилото со германски национални ознаки, кое го управувал, биле пронајдени повеќе разновидни пиротехнички средства“, информира МВР.
Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против него ќе биде биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Разбојништо во Кисела Вода: тинејџери нападнале две лица

Јавен обвинител донесе наредба за спроведување истражна постапка против 19-годишник осомничен за кривично дело – насилство.
„На 21 април, во 2 часот по полноќ, пред тобако-маркет во Кисела Вода, осомничениот заедно со уште неколку непознати лица извршил грубо насилство врз двајца оштетени, а кај 10-годишно дете сведок на настанот предизвикал чувство на несигурност, загрозување и страв“, соопшти Обвинителството.
Додека оштетените седеле пред маркетот, осомничениот со неколку непознати лица ги нападнале и започнале да ги удираат со бехатонски плочки, нанесувајќи му тешки телесни повреди на едното и телесни повреди на другото нападнато лице.
Со цел непречено водење на постапката, јавниот обвинител предложи на осомничениот да му бидат определени мерки на претпазливост – забрана за напуштање на живеалиштето односно престојувалиштето, обврска да се јавува повремено на определено службено лице во судот, привремено одземање на патна исправа или друга исправа за преминување на државната граница и забрана за приближување или воспоставување, односно одржување контакти или врски со оштетените.
Црна хроника
Косовски државјанин приведен на Блаце: бил со италијански фалсификувани документи

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 26-годишен косовски државјанин за кого постои основано сомнение дека сторил кривично дело – Фалсификување исправа од член 378 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.
Осомничениот, на 24 април веднаш по полноќ, на граничниот премин Долно Блаце при влез во државава, употребил како вистински лажни исправи – италијанска лична карта и италијанска возачка дозвола.
Бил задржан кога на пасошката контрола ги приложил лажните јавни исправи, а надлежниот јавен обвинител предложи да му биде определена мерка притвор поради опасност од бегство, соопшти обвинителството.