Македонија
Османи на средба со Попеску: Силна поддршка од ОБСЕ за напорите за решавање на ситуацијата во Транснистрија

Претседавачот со ОБСЕ министерот Бујар Османи за време на својата официјална посета на Молдавија оствари средба со молдавскиот вицепремиер и министер за надворешни работи и европска интеграција, Нику Попеску. Toj во својство на претседавач со најголемата светска регионална безбедносна организација ја истакна важноста на теренските мисии на ОБСЕ и нивното директно влијание на животот на луѓето и изрази благодарност за поддршката која Молдавија ја даде на украинските бегалци.
„Воената агресија на Русија против Украина, имаше влијание врз вашата земја и предизвика големи безбедносни, политички, економски и социјални тешкотии. Издржливоста и отворените раце и срца на молдавскиот народ, не само што ме импресионираа мене, туку и многу други во регионот на ОБСЕ. Кога беше најпотребно, вие обезбедивте неверојатна поддршка на стотици илјади украински бегалци, за кои јас лично, а исто така и целата наша Организација, е многу благодарна“, нагласи Османи.
Своето присуство во Молдавија Османи го дефинираше како јасен сигнал за поддршката на претседателство на Северна Македонија со ОБСЕ, во однос на решавањето на предизвиците со кои Молдавија се соочува, особено за процесот за решавање на Транснистрија.
„Како претседавач, ние имаме за цел мирно, сеопфатно и одржливо решавање на конфликтот во Транснистрија. Секоја резолуција во иднина треба да се заснова на суверенитетот и територијалниот интегритет на Република Молдавија во рамките на нејзините меѓународно признати граници и специјален статус за Транснистрија“, рече Османи.
Тој посочи дека Организација е свесна за последиците кои воената агресија кон Украина ги предизвика врз процесот за решавање на Транснистрија и уште еднаш нагласи дека работата во формат 5+2 која во моментов е во мирување, останува единствениот формален, меѓусебно договорен формат за решавање на конфликтот.
„Ќе застанеме зад секој напор кој обезбедува позитивна динамика за поддршка на целосното спроведување на претходно договорените мерки и идентификација на нови области за договор“, порача Османи.
Тој потенцираше и дека Мисијата на ОБСЕ во Молдавија треба да продолжи да ги посредува средбите 1+1 и работните групи, но и да ги поддржи напорите за градење на доверба, истакнувајќи ја својата поддршка за нејзината работа.
„Мисијата на ОБСЕ во Молдавија има долга историја и многу успешни резултати во овој поглед, на што сите треба да се гордееме. Вчера се сретнав со различни проектни партнери, потврдувајќи ја нашата силна поддршка за редовно продолжување на сегашниот мандат на Мисијата за да може таа да продолжи да ја извршува својата важна работа која е препознаена од луѓето“, нагласи Османи.
Османи потсети дека мотото на претседавањето на Северна Македонија со ОБСЕ е „За луѓето се работи“ и истакна дека неговата цел под ова мото е да се направи многу, како за Организацијата, така и за луѓето на кои им е потреба помош. Тој истакна дека се стреми кон зајакнување на соработката и промоција на мирот и стабилноста во целиот регион на ОБСЕ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Сиљановска-Давкова: Да продолжиме да градиме силна и кредибилна Армија

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска се обрати на централната свеченост по повод 18 Август, Денот на Армијата, што се одржа во касарната „Јане Сандански“ во Штип.
Таа нагласи дека филозофијата на самоодржливост, наследена од Илиденците и партизаните, претставува темел на македонската воена доктрина.
Сиљановска-Давкова потсети дека Армијата повеќе од три децении ја гради својата приказна како вистински чувар на татковината: од учество во мировни мисии до помош на граѓаните во кризни состојби и затоа ужива највисока доверба меѓу граѓаните.
Според неа, иако безбедносните предизвици наметнуваат потреба од поголеми вложувања во одбраната, тие мора да бидат насочени не само во вооружување, туку и во јакнење на институциите, инфраструктурата, науката, образованието и здравството.
Како можни долгорочни проекти, таа ги посочи изградбата на НАТО клинички центар, Центар за обука на обучувачи на полигонот „Криволак“ и Развој на локалната одбранбена индустрија.
Во обраќањето, претседателката укажа на значењето на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ како водечка високообразовна и научно-истражувачка институција, како и на потребата од родова еднаквост и спроведување на родовиот акциски план 2025-2028.
Претседателката порача дека Армијата, иако бројно мала, е голема по дух, знаење и љубов кон татковината. Таа е способна да го штити територијалниот интегритет и независноста на Републиката и да продолжи да биде кредибилен НАТО сојузник.
Во рамките на централната свеченост Сиљановска-Давкова со Орден за воени заслуги го одликуваше Центарот за обука на питомци и офицери.
Одликувањето беше доделено за извонредните успеси во организацијата и реализацијата на обуката на питомците и кандидатите за офицери, како и за стратешкиот и долготраен придонес во јакнењето на одбранбената способност преку вложување во образованието и едукацијата. со што се изградени генерации посветени и професионални воени лидери.
На свеченото одбележување на Денот на Армијата, признанија им беа врачени и на прворангираните потпоручници и водници. Со ова, тие се стекнаа со правото да ги носат првите офицерски и подофицерски чинови.
Македонија
Меџити: За 1 година инвестиравме 164 милиони денари во Арачиново

Првиот вицепремиер и министер за животна средина, Изет Меџити, денеска изврши увид на терен во завршната фаза од изградбата на секундарната фекална канализација во Арачиново – проект составен од 9 краци, со вкупна вредност од околу 20 милиони денари.
Меџити при работната посета изјави дека моментално се работи на последниот крак, во должина од 860 метри, каде што се реализирани 50% од активностите, а проектот се очекува да заврши во текот на наредниот месец.
„Во изминатите 13 месеци, во Арачиново донесовме инвестиции во вредност од над 164 милиони денари – реални, конкретни проекти, а не само празни ветувања. Она што за некои беше недостижно повеќе од три децении – ние го реализиравме. Го изградивме ободниот канал, започнавме со изградба на нови фекални, атмосферски и водоводни мрежи, и овозможивме урбано уредување преку изградба на пешачки патеки и шеталишта, како што е случајот покрај Мојанска Река“, изјави Меџити.
Овие инвестиции, појасни тој, се резултат на соработката на Министерството за животна средина со Владата, при што се инвестирани 164 милиони денари преку Првиот повик, Вториот повик и Програмата за капитални инвестиции – од кои 64 милиони денари се само за изградбата на каналот, а 100 милиони денари за други инфраструктурни проекти.
Првиот заменик претседател на Владата и министер за животна средина Меџити најави дека работата нема да застане тука.
„Ќе продолжиме да инвестираме – не по партиска или етничка линија, туку секаде каде што има реална потреба. Веруваме во одговорна политика која носи конкретни резултати, а нашата цел е секој граѓанин да ја почувствува разликата“, заклучи Меџити.
Македонија
Меџити: За една година инвестиравме 164 милиони денари во Арачиново

Вицепремиерот и министер за животна средина, Изет Меџити, денеска изврши увид на терен во завршната фаза од изградбата на секундарната фекална канализација во Арачиново – проект составен од 9 краци, со вкупна вредност од околу 20 милиони денари.
Меџити при работната посета изјави дека моментално се работи на последниот крак, во должина од 860 метри, каде што се реализирани 50% од активностите, а проектот се очекува да заврши во текот на наредниот месец.
„Во изминатите 13 месеци, во Арачиново донесовме инвестиции во вредност од над 164 милиони денари – реални, конкретни проекти, а не само празни ветувања. Она што за некои беше недостижно повеќе од три децении – ние го реализиравме. Го изградивме ободниот канал, започнавме со изградба на нови фекални, атмосферски и водоводни мрежи, и овозможивме урбано уредување преку изградба на пешачки патеки и шеталишта, како што е случајот покрај Мојанска Река“, изјави Меџити.
Овие инвестиции, појасни тој, се резултат на соработката на Министерството за животна средина со Владата, при што се инвестирани 164 милиони денари преку Првиот повик, Вториот повик и Програмата за капитални инвестиции – од кои 64 милиони денари се само за изградбата на каналот, а 100 милиони денари за други инфраструктурни проекти.
Меџити најави дека работата нема да застане тука.
„Ќе продолжиме да инвестираме – не по партиска или етничка линија, туку секаде каде што има реална потреба. Веруваме во одговорна политика која носи конкретни резултати, а нашата цел е секој граѓанин да ја почувствува разликата“, заклучи Меџити.