Забава
(Видео) „Бриџертон 3“ ќе го прикаже потеклото на кралицата Шарлот
Кралицата Шарлот, дрската монархиња која се вмешува во хит-драмата на „Нетфликс“, добива своја спиноф-серија, поточно приказна за потеклото на популарниот лик.
Третата сезона со наслов Queen Charlotte: A Bridgerton story („Кралицата Шарлот: Приказна за Бриџертон“), која премиерно ќе биде прикажана на стриминг-платформата на 4 мај, се враќа во минатото за да го раскаже подемот на монархињата кон моќта, како и љубовниот живот, ќе ги прикаже младоста Шарлот и почетокот на нејзината љубовна приказна со кралот Џорџ Трети.
Серијата од шест епизоди е првиот спиноф од „Бриџертон“, чие дејствие е сместено во Лондон од риџенси-ерата и чија прва серија стана глобален хит кога беше објавена кон крајот на 2020 година добивајќи пофалби за диверзитетот на актерскиот тим.
„Навистина ми се допадна фактот што можеме да го прошириме универзумот и да им покажеме на луѓето како настанал светот на ‘Бриџертон’,“ им рече на фановите Шонда Рајмс, извршен продуцент и на „Бриџертон“ и на „Кралицата Шарлот“, на настан на кој беше објавен првиот официјален трејлер.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Грузија со песна на Дарко Димитров настапи во финалето на Евровизија
Македонскиот композитор Дарко Димитров е автор на песната Firefighter, со којашто Грузија вечерва настапи во евровизиското финале.
Земјата успеа да се пласира во финалето, за првпат по 2016 година.
Погледнете го настапот:
Забава
(Видео) Двегодишно дете до совршенство го имитира настапот на евровизискиот претставник на Хрватска
Хрватскиот претставник на Евровизија, Бејби Лазања, важи за еден од фаворитите на финалето што треба да се одржи вечерва, па во Хрватска владее еуфорија и возбуда во исчекување на победа.
Во моштвото евровизиски видеа кои деновиве доаѓаат од таа држава, едно особено се издвојува.
Се работи за две и пол годишно дете кое до совршенство го имитира настапот на Бејби Лазања во градинка во Сплит.
@eurovision24_7 this is the cutest video I’ve ever seen ❤️ @The Baby Lasagna Official #foryou #fyp #eurovision #croatia #babylasagna #viraltiktok ♬ originalljud – ESC 2024
Видеото му се допадна и на Бејби Лазања, a медиумите во Хрватска напишаа: „Ѕвездата е родена!“.
Забава
Се појавија фотографии од ирската претставничка на Евровизија без шминка и рогови, луѓето коментираат колку е убава
Евровизија 2024 ја одбележаа бројни скандали и поради дисквалификацијата на претставникот на Холандија, а сите постојано ја коментираат овогодинешната претставничка на Ирска, Бамбија Туг.
Сега на Твитер кружи видео од прес-конференцијата од првата полуфинална вечер на Евровизија 2024, каде Бамби за време на разговор со новинарите рече: „Да се биде квир и да се биде вештерка ме прави посебна личност“.
This is Bambie Thug, the Irish delegate for the Eurovision competition.
She uses they/them pronouns and describes herself as a “goth gremlin goblin witch.” Why don’t we have talent like this in the US? pic.twitter.com/maFeeJEKR7
— Dr. Jebra Faushay (@JebraFaushay) May 8, 2024
Исто така, се појавија фотографија од претставничката без шминка, а огромниот контраст ги изненади сите кои коментираат дека е многу убава.
Бамби Реј Робинсон е родена како жена, но се идентификува како „небинарна“ личност и претпочита да ја користи заменката „тоа“, наместо „таа“.