Македонија
Министерството за правда: Тупанчески нема право да го потпише мислењето за еврообврзницата

Од Министерството за правда денеска информираа дека „министерот за правда, Никола Тупанчески, до Владата поднесе оставка од функцијата на 10.2.2023 година. Собранието ги констатира оставката и престанокот на функцијата министер за правда на седница на 13.2.2023 година“.
Од таму посочуваат дека Тупанчески нема право да стави потпис на правното мислење за еврообврзицата, што беше побарано од Министерството за финансии.
„Од 14.2.2023 година Никола Тупанчески е во работен однос на Правниот факултет `Јустинијан Први`. Барањето од Министерството за финансии за потпишување правно мислење за еврообврзницата е примено во Министерството за правда на 15.2.2023 година. Со оглед на тоа што Тупанчески не е министер за правда од 13 февруари, тој нема право да стави потпис како министер“, наведуваат од Правда.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
И Обвинителството се вклучи во постапката за пронаоѓање на маскираните разбојници кои ограбија златара

Обвинителството денеска информира дека во текот на ноќта и утринава од Основното јавно обвинителство од Гостивар се издадени повеќе наредби со цел откривање на сторителите кои вчера извршија грабеж во златара во близина на малиот пазар во Гостивар.
Разбојништвото се случи вчера попладне, а случајот беше пријавен во полиција во 18:45 часот.
Четворицата максирани лица со автоматско оружје го извршиле разбојништвото по што побегнале со БМВ без регистарски таблички.
Македонија
Јакимовски: Фотоволтаичните панели не се шминка, туку вистинска работа

Во сите 10 основни училишта во општина Карпош веќе се поставени фотоволтаични панели – проект кој ја позиционира општината како лидер во зелена енергија и одржлив развој. Ова не е шминка, туку вистинска работа, визија и енергија што носи резултати, вели актуелниот градоначалник и кандидат за градоначалник на Карпош од коалицијата „Искуство за успех“ предводена од Граѓанската опција за Македонија (ГРОМ) Стевчо Јакимовски.
Со оваа инвестиција, училиштата веќе ги намалија своите сметки за електрична енергија, а следниот чекор е уште поамбициозен – да станат производители и продавачи на електрична енергија.
„Нашата цел е едноставна – училиштата да произведуваат повеќе струја отколку што трошат, да ја враќаат назад во системот и да станат мали енергетски центри со голема општествена улога“, изјави градоначалникот Стевчо Јакимовски.
Со ова, Карпош ќе биде првата општина во Македонија што целосно ќе функционира на принципи на енергетска ефикасност и зелена трансформација.
Учениците ќе учат од жив пример дека иднината е зелена, а училиштата ќе се претворат во вистински симбол на одговорност и иновација.
„Додека некои велат дека ќе поставуваат панели, ние веќе ги имаме. И не само тоа – сега ги надградуваме и ги претвораме во генератори на енергија. Карпош не чека наредби. Карпош мисли, работи и произведува – зелена енергија, чиста совест, силен Карпош,“ порача Јакимовски.
Македонија
Минчев: 11 Октомври нека биде потсетник за нашата одговорност

„11 Октомври нека биде потсетник за нашата одговорност, да ја унапредуваме татковината со обединети сили, знаење и заедништво. Само така ќе обезбедиме стабилна и просперитетна иднина за генерациите што доаѓаат“, порачува министерот за за јавна администрација Горан Минчев во честитката упатена по повод 11 Октомври.
– На овој ден се сеќаваме на храбрите мажи и жени кои, пред повеќе од осум децении, храбро се спротивставија на тиранијата и ги поставија темелите на борбата за слободна и праведна Македонија. Нивната жртва и визија за подобро утре се наша водилка денес, да продолжиме да градиме општество засновано на демократија, еднаквост и солидарност, вели Минчев во честитката.