Македонија
Марш за одбрана на новинарското достоинство
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/02/thumbnail_МАРШ-–-ЗА-ОДБРАНА-НА-НОВИНАРСКОТО-ДОСТОИНСТВО.png)
Здружението на новинарите на Македонија и Самостојниот синдикат на новинарите и медиумските работници ги повика сите медиумски професионалци на протестен марш в петок (17 февруари), кој ќе почне од Владата на РСМ до Собранието, на кој заеднички и сплотено ќе се изрази незадоволството од нападите врз новинарите, навредите и понижувањата од политичарите, нелојалната конкуренција, небезбедните услови во кои работат новинарите, лошата социо-економска состојба.
На маршот, како што информираа од новинарските здруженија, ќе бидат испратени пораки од претставници на ЗНМ и ССНМ, а ќе бидат доставени и следните барања до Владата и Собранието.
– Итно донесување на неопходните закони, кои се важни за правата на новинарите и работата на медиумите и нивно доследно имплементирање;
– Јавните функционери и политичарите да ги почитуваат новинарите и снимателите;
– Крај на агресивниот државен пиар;
– Поддршка за локалните новинари и медиуми;
– Почитување на работничките права на новинарите и медиумските работници;
– Безбедни услови за работа на новинарите и медиумските работници.
Почетокот на протестот е во 10.30 часот пред Владата на РСМ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Македонија
Муцунски – Клаин: изразено задоволство што политиката на проширување на Унијата со земјите од Западен Балкан ќе биде меѓу приоритетните цели
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/Mucunski_Klain2.jpeg)
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски оствари средба со амбасадорот на Унгарија, Андраш Клаин.
Муцунски упати честитки за преземањето на претседавањето со Советот на ЕУ од страна на Унгарија, изразувајќи задоволство што политиката на проширување на Унијата со земјите од Западен Балкан ќе биде меѓу приоритетните цели. Беше изразено заемно очекување за напредок на земјава на евроинтегративниот пат за време на унгарското претседавање, како и заложба за соработка меѓу двете земји во таа насока.
На средбата, министерот Муцунски истакна дека во годината кога со Унгарија одбележуваме значаен јубилеј – 30 години од воспоставувањето на дипломатските односи ќе продолжат заложбите за зајакнување на соработката и партнерството.
Двете страни, се осврнаа и на соработката во рамки на НАТО, нагласувајќи го заемниот придонес за зачувувањето на целокупната трансатлантска стабилност. Соговорниците разменија мислења и за регионалните случувања, како и за актуелните надворешно – политички теми.
Македонија
Мицкоски за изборот на Филипче: Не се мешаме во внатрепартиските работи на СДСМ
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/mickoski3-butel.jpg)
Премиерот на Владата и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање како го коментира изборот на Венко Филипче за претседател на СДСМ, рече дека нема да се меша во внатрепартиските работи на СДСМ, бидејќи тоа е работа на органите и членството на партијата.
„Па видете тоа е работа на СДСМ на членството на СДСМ. Ние рековме дека нема да се мешаме, не сакаме тоа да им го правиме на другите, што не сакаме нам другите да ни го прават. На Филипче му посакувам успешна работа, да бидат конструктивна опозиција, да работата во интерес на граѓаните и татковината“, рече Мицкоски и додаде:
„Јас и во моето експозе во Парламентот кажав дека секогаш станува збор за интересите на Македонија и македонските граѓани, подавам рака а така ќе биде и во иднина. Членството на СДСМ одлучило така, нас не ни преостанува ништо друго освен таа одлука да ја почитуваме, бидејќи немаме право и не сакаме да се мешаме во внатрешните работи на другите политички партии“.
Македонија
Муцунски се сретна со амбасадорката на Хрватска: потврдени традиционално пријателските односи меѓу двете земји
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/Mucunski_Tiganj1.jpeg)
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски денеска се сретна со амбасадорката на Хрватска, Нивес Тигањ.
На средбата заеднички беа потврдени традиционално пријателските односи меѓу двете земји кои во иднина ќе се унапредуваат и продлабочуваат со посебен фокус на економската соработка.
Тема на разговорите беше интегрирањето на земјите од Западен Балкан во ЕУ, при што соговорниците се согласија дека проширувањето на Унијата ќе биде поттик не само за земјите од регионот, туку и суштински интерес за земјите членки.
Министерот за надворешни работи, Муцунски изрази благодарност за континуираната и безрезервна поддршка од Хрватска за наше членство во Европската унија. Воедно, беше нагласена потребата заеднички и интензивно да се работи во насока на забрзување на нашиот евроинтегративен процес.