Македонија
Стојаноски: Над 80 отсто од граѓаните веруваат дека има корупција во судството, во такво криминално дувло влегува Алијансата

„Почитувани граѓани, разговараме за разрешување министер кому многумина од пратениците денеска му го дознаа името, Адмирим Алити. Ке ви кажам зошто го зборувам ова, а особено сакам да влезат пратениците од Алијансата за да ги соочиме аргументите и да ви кажеме пред очите на целата македонска јавност во какво криминално дувло влегувате“, нагласи Стојаноски.
Стојаноски преку бројки кажа во какво криминално дувло влегува Алијансата за Албанците.
„Ќе цитирам бројки што се изнесени на емисијата ‘Детектор’, а кои ја таргетираат корупцијата. Според вас, дали степенот на корупција во Македонија се зголемува? 63 %, а останува ист 19,5 %, во вакво криминално дувло влегувате вие. Второ, според вас, дали има корупција во судството, има многу корупција 57,1 проценти, а донекаде има 22,7 проценти. Над 80 % од граѓаните веруваат дека има корупција во судството. Има корупција многу во судството 57 %, здравство 43,6 %, јавната администрација 41,9 %, во полицијата 41,8 %. Двата сектора што ги води Алтернативата се полни со корупција“, рече Стојаноски.
Стојаноски додаде и дека многу бргу од сега граѓаните ќе ги испратат во историјата корумпираните актери на политичката сцена.
„Не е тактика да ги собирате сите, да ги уценувате и да останете на власт, тактика е да добиеш доверба од граѓаните и да излезеш со чист образ и крената глава. Правете што сакате, овие бројки што ви ги прочитав се мислењето на народот за вас, можете да бегате, можете да се продавате, можете да купувате, можете да тргувате нечесно со кого сакате, многу бргу од сега корумпираните актери на политичката сцена ќе ги испратиме во историјата“ , нагласи Стојаноски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Без вода делови од Центар и Аеродром

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради уличен дефект на улицата Питу Гули бб, општина Центар (во близина на Тинекс), прекинато водоснабдување ќе имаат следниве улици: Питу Гули, дел од Загребска, Ганчо Хаџипанзов, Капештец, Димитар Пандилов, Караорман, висока зона Козле и Ловќенска-крак 1,3,5 и 7.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот.
Денеска поради уличен дефект на 3-та Македонска Бригада бб, прекинато водоснабдување ќе имаат објектите на Вива, Метро, Центро, Спорт М и Форд, во општина Аеродром.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:00 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Делови од Аеродром, Центар и Ѓорче Петров денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 08.10 до 15.00 часот, корисниците на дел од село Долно Лисиче.(општина Аеродром)
· во периодот од 08.10 до 15.00 часот, корисниците на објектите спроти Ист Гејт населба Крњево.(општина Центар)
· во периодот од 08.10 до 12.00 часот, корисниците од улица Божидар Рајковиќ, дел од ул. Горноврановска и дел од улицата Горно Лисиче (општина Аеродром)
· во периодот од 08.10 до 16.00 часот, корисниците на улиците Ибе Паликуќа, Воин Драшкоци, Веле Марков (општина Ѓорче Петров)
Македонија
Претежно облачно со повремен дожд

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Кон крајот на денот врнежите насекаде ќе престанат. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец (локално над 60 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 13, а максималната ќе достигне од 8 до 16 степени.
Во Скопје, претежно облачно со повремен дожд. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 12, а максималната ќе достигне до 14 степени.
Времето во наредните денови
Од четврток времето ќе биде стабилно и суво со слаб до умерен северен ветер. Дневната температура ќе биде во пораст.