Забава
Кијану Ривс поинаков од другите ѕвезди
Набргу излегува четвртиот дел од серијалот „Џон Вик“ со холивудскиот миленик Кијану Ривс во главната улога.
Кијану на многу начини е олицетворение на класичен холивудски акционен херој, кој на филмското платно успева да се извлече од една невозможна ситуација за потоа да влезе во друга. А сега тој се враќа со „Џон Вик: Поглавје 4“.
Во пресрет на премиерата американски медиуми се осврнаа на неговиот приватен живот, обележан со трагедии и исклучително тешки моменти поради што актерот се повлече во себе.
На прв поглед Кијану изгледа како и секоја друга славна личност, сепак, тој не е типична холивудска ѕвезда. Го нарекуваат најголемиот холивудски добротвор, со оглед на тоа што значителен дел од својата заработка ја донира во хуманитарни цели.
Стана познат по улогата на Нео во „Матрикс“.

И не е ништо чудно кога филмските списанија тврдат дека тој не користи каскадери за насилните сцени во филмската трилогија „Матрикс“ и трите филмови со Џон Вик (2014, 2017 и 2019 година).
Но, има добро објаснување: Кијану, всушност, знае како да се бори. Совладал неколку видови борачки вештини. Пред да го снима првиот филм „Матрикс“ во 1999 година, вежбал со месеци со кореограф за борачки вештини. Заедно со остатокот од тимот морал да вежба сè, од џиу-џицу, вушу и бокс до крав мага, џудо и карате.
Има кариера долга повеќе од три децении и успех за кој само неколку негови колеги се осмелуваат да сонуваат. Но, тоа не е успех што дојде сам од себе. На личен план животот му го обележаа трагедии и тешки мигови, кои би можеле да ја потресат и најнечувствителната душа.

Не само што имал трауматично детство, туку морал да се соочи и со потресни моменти подоцна во животот.
Во 90-тите Ривс веќе беше ѕвезда, зад него беа блокбастерите „Брзина“ (1994) и „Матрикс“ (1999). Тогаш ја запозна актерката Џенифер Сајм и се вљуби во неа. Двојката почна врска и таа набргу забременила. За жал, Џенифер го изгуби бебето во осмиот месец од бременоста. По смртта на нероденото дете, Кијану доживеа уште една трагедија – Џенифер загина во сообраќајна несреќа во Лос Анџелес.
„Со текот на време тагата и загубата може да ја сменат формата, но никогаш нема да исчезнат. Луѓето имаат погрешна претстава и веруваат дека може да се справат со тагата и дека во еден миг ќе си кажат: ја нема и сега се чувствувам подобро. Грешат. Кога луѓето што ги сакате ќе починат, останувате сами“, изјави Кијану во една пригода.
На неговата единствена сестра ѝ била дијагностицирана леукемија и иако закрепнала, ова искуство имало големо влијание врз него. Години подоцна болеста ѝ се вратила и тој морал повторно да го преживее трауматичното искуство.
Кијану со години во тајност финансирал повеќе детски болници.
Кога медиумите ја открија неговата хуманост, тој рече: „Парите не ми значат ништо. Заработив многу пари, но сакам да уживам во животот и да не се оптоварувам со создавање банкарска сметка. Сите знаеме дека доброто здравје е многу поважно од парите. Подарувам многу и живеам едноставно“.

Често се дружи со бездомници и е исклучително љубезен и трпелив кога се среќава со своите многубројни фанови. Меѓутоа, Ривс привлекува внимание и поради приватниот живот, кој е ист како филм.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Страст, храброст и нови почетоци: Четири хороскопски знаци ќе доживеат голема среќа во љубовта
Доаѓа Полна Месечина во знакот Лав, која носи силна космичка енергија и интензивни љубовни случувања. Според астрологинката Лиса Стардаст, овој период буди храброст, страст и желба, а емоционалните врски стануваат подиректни и полесни.
Најголеми промени на љубовен план ќе почувствуваат четири хороскопски знаци:
Лав – Полна Месечина е во вашиот знак и ви носи зголемена популарност. Слушајте ја интуицијата и бирајте само искрени и здрави односи.
Водолија – Време е да ги спуштите ѕидовите. Ако некој ви се допаѓа, направете чекор напред и бидете искрени.
Вага – Љубовната среќа ви е наклонета. Поканете ја симпатијата на средба и оттурнете ги луѓето кои не ве инспирираат.
Шкорпија – Во центарот на вниманието сте. Прифатете ја наклонетоста и обидете се вистински да ја запознаете личноста спроти вас.
Забава
Бед Бани го откри вистинското значење на бројот 64 на неговиот дрес на Супербоул
Бед Бани не само што го стави Порторико во центарот на вниманието на најголемата можна сцена, туку донесе и дел од неговата семејна историја на Супербоул. Кога излезе на теренот на стадионот Левис, обожавателите веднаш забележаа детаљ на неговиот дрес: бројот 64.
Корисниците на Интернет, како што се очекуваше, почна да нагаѓаат: некои тврдеа дека бројот е почит кон неговата мајка, други го поврзаа со албумот „El Último Tour del Mundo“. Но, објаснувањето е многу по лично.
Претставници на 31-годишниот порторикански музичар испратија соопштение до USA TODAY, откривајќи дека бројот 64 е во чест на неговиот чичко Кутито, брат на неговата мајка, кој е роден во 1964 година. Бед Бани, исто така, рече дека научил „она малку“ што го знае за НФЛ од својот чичко, бидејќи ги гледале натпреварите заедно со години.
Чичко му бил голем обожавател на Сан Франциско 49, а починал пред две години, кратко откако 49ерс го загубија Супербоулот во 2024 година. Бед Бани вели дека отсекогаш сонувал да го однесе на Супербоул, но никогаш не успеал да го направи тоа, па затоа сега го однел на свој начин, преку неговиот дрес: неговото презиме Окасио и неговата година на раѓање, 64.
„1964 е годината кога е роден мојот чичко Кутито, братот на мајка ми. Она малку што го знам за НФЛ, го знам благодарение на него. Кога бев дете, ги гледав натпреварите со него бидејќи тој нè посетуваше кон крајот на јануари или почетокот на февруари, точно на средина од плејофот. Тој беше луд по 49ерс. Почина пред две години, кратко по Супербоулот во 2024 година. Отсекогаш сонував да го однесам на Супербоул, но никогаш не успеав. Па затоа решив да го направам овој настап негов: ОКАСИО, неговото презиме и 64, неговата година на раѓање. Сигурен сум дека гледал и бил горд.“
фото/епа
Забава
Едноставен појадок полн со витамини
Начинот на кој го започнуваме денот има големо влијание врз нашата енергија и концентрација. Еден од наједноставните чекори за подобро утро е да ги земате вашите витамини во првите неколку часа од денот.
Ова вкусно смути е совршено кога немате многу време и сакате брз, здрав и хранлив појадок или ужина.
Состојки
1 црвено јаболко
1 банана
половина чаша јогурт
половина чаша млеко,
20 бадеми
четвртина лажичка цимет
1-2 коцки мраз.
Подготовка
Ставете ги млекото и јогуртот во блендер, додадете го овошјето исечено на парчиња, цели или мелени бадеми и цимет и блендирајте сè заедно околу триесет секунди додека не добиете густа смеса.
Наместо мраз, можете да користите замрзната банана.
фото/Depositphotos

