Забава
Адвокатите на Алек Болдвин издејствуваа намалување на обвинението
Обвинителството во Ново Мексико го промени обвинението против актерот продуцент Алек Болдвин, односно се откажа од обвинувањата за употреба на огнено оружје, па сега на актерот ќе му се суди само за убиство од небрежност по фаталното пукање во камерманката Халина Хачинс на сетот на филмот Rust.
Претходно, на Болдвин му се закануваа минимум пет години затвор, но, по промената, сега тој може да добие максимални 18 месеци затвор. Американски медиуми пишуваат дека судот може да му изрече и поблага казна, дури и условна.
Адвокатите на актерот тврдат дека законот за огнено оружје, на кој се повикуваат обвинителите, не бил во сила во времето на трагичниот инцидент.
Според нив, окружниот обвинител на округот Санта Фе неправилно го обвинил актерот во согласност со верзијата на законот за огнено оружје во Ново Мексико, кој бил донесен неколку месеци по инцидентот во октомври 2021 година.
Овој потег ја намалува можната затворска казна за актерот со оглед на тоа што обвинение за убиство од небрежност предвидува задолжителна затворска казна од пет години.
Доколку бидат осудени, Алек Болдвин и Хана Гутиерез-Рид, оружарката на филмот, сега ќе се соочат со затворска казна до 18 месеци.
Хедер Бруер, портпаролка на окружниот обвинител на округот Санта Фе, рече дека обвинителството се решило на ваков чекор за да се избегнат дополнителни парнични одолжувања од страна на Болдвин и неговиот адвокати.
„Приоритет на обвинителството е обезбедување на правдата, а не обезбедување работни часови за адвокатите од големите градови“, рече Бруер.
Според „Си-би-ес њуз“, ова вклучува олеснување на претходното обвинение против Хана Гутерез-Рид, оружарката на филмот, чија должност била да се грижи за оружјето и куршумите.
Болдвин и Гутерез-Рид минатиот месец беа обвинети по две точки од обвинението за убиство од небрежност и за употреба на огнено оружје. Болдвин е обвинет и дека не учествувал во обуката за ракување со огнено оружје на филмскиот сет. Имало и повеќекратни прекршувања на безбедносните правила и протоколи, што резултирале со тоа на Болдвин да му биде дадено оружје со вистински куршуми.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Ќерката на Ким Кардашјан повторно шокира: „И ова е 12-годишно дете?“
Модните избори на 12-годишната Норт Вест долго време се предмет на вниманието на јавноста. Не е тајна дека Ким Кардашјан како нејзина мајка трпи критики од општеството, но таа не се грижи за коментарите и често ги оправдува постапките на својата ќерка со една реченица – тоа е нејзиниот креативен начин на изразување и не сака да ја спречува.
Се чини дека младата Норт повторно го привлече вниманието на јавноста, а овој пат со објава на „Тик-ток“. Имено, таа претстави нов имиџ и е потценување да се каже дека ги шокира сите.
@kimandnorth♬ original sound – flxxsohard
Таа носеше целосно црна комбинација, што ја комбинира со скапи ѓердани. Сепак, најголемо внимание привлекоа нејзините избелени веѓи, како и вештачките трепки што го заокружуваа изгледот на 12-годишното девојче.
Набргу потоа следуваа лавина коментари.
„А ова е 12-годишно дете!“, рече еден корисник на „Тик-ток“, а друг напиша: „Нема шанси 12-годишно дете да има пирсинг на прстот, избелени веѓи и такви нокти!“
@kimandnorth💧💧♬ original sound – ꜰɪɴɴ
„Ким треба да научи да биде мајка, а не најдобра пријателка на своите деца“, коментира трет корисник на социјалната мрежа.
Забава
(Видео) Дакота Џонсон ги воодушеви сите во фустан од тантела
Пејачката Лили Ален пееше на сцената на Saturday Night Live по 18 години, а Дакота Џонсон стави свој печат на сè. Убавата актерка се појави за време на изведбата на песната Madeline и ги воодушеви сите со својот изглед.
Познато е колку Дакота ги сака голите фустани, а ниту сега не отстапи од своето правило.
За сцената таа избра навидум едноставен црн, проѕирен фустан, врз кој додаде светкава наметка украсена со циркони и цветни апликации.
Dakota Johnson made a surprise appearance on the most recent episode of Saturday Night Live as the mistress in Lily Allen‘s song “Madeline.” https://t.co/wCOy6INVVf
— The Hollywood Reporter (@THR) December 15, 2025
Сензуален и драматичен, така може да се опише најновиот во низата провокативни појавувања на Дакота Џонсон поради кои речиси ги остави Лили и нејзиниот настап во сенка.
Спектакуларниот накит беше таму за да заокружи сè, а Дакота повторно не отстапи од својот препознатлив стил што го негува со години.
Забава
(Видео) Најстариот син на Доналд Трамп се сврши
Претседателот на САД, Доналд Трамп, објави дека неговиот најстар син, Доналд Трамп Јуниор, се сврши со Бетина Андерсон, членка на високото општество во Палм Бич.
Трамп ја објави веста на празнична забава во Белата куќа. Портпаролот на двојката подоцна ја потврди среќната вест, а набргу се појави и видео од самиот претседател Доналд Трамп како ја објавува веста.
BREAKING NEWS:
President Trump just announced at the White House that his son @DonaldJTrumpJr and his girlfriend Bettina Anderson are getting married! They just got engaged.
Congratulations to them both. pic.twitter.com/psb38nTGla
— Laura Loomer (@LauraLoomer) December 16, 2025
„Тие се сложуваат многу добро и објавија дека ќе се венчаат“, рече претседателот пред да ја покани двојката на сцената.
Дон Помладиот потоа ѝ се заблагодари на својата свршеница што го прифати неговиот предлог.
Ова е третпат Доналд Трамп Јуниор да се свршува. Претходно, 12 години беше во брак со Ванеса, поранешна манекенка и актерка, со која имаат пет деца заедно. Ванеса поднесе барање за развод во 2018 година.
Подоцна се сврши со Кимберли Гилфојл, американска телевизиска водителка.
Романсата, пак, со Бетина почна минатата година, приближно во исто време кога Дон Јуниор ја раскина свршувачката со поранешната водителка на „Фокс њуз“.
фото/депозитфотос

