Забава
На Мајкл Даглас му требало помош да ги сфати филмовите на „Марвел“
Мајкл Даглас сè уште тивко прашува за работи во врска со филмскиот универзум на „Марвел“.
Холивудскиот актер не порасна читајќи стрипови и немал поим за Марвеловиот универзум (MCU) додека не стана Хенк Пим во филмот за човекот мравка „Антмен“ во 2015 година.
А додека го промовира најновото продолжение Ant-Man and the Wasp: Quantumania, Даглас признава дека му испратиле стрипови за полесно да ја сфати суштината.
„И покрај тоа што ми пратија стрипови за да добијам идеја за светот на фантазијата, сепак морав да добијам насоки за да не се чувствувам како идиот“.
78-годишниот актер исто така никогаш не работел на зелен екран пред да го направи своето деби во „Марвел“, но сега е многу полесно.
„Она што е уникатно овде е тоа што не го гледате материјалот додека не пристигнете на пробите и ова е системот на Марвел или Марвел Веј. Значи, малку сте во недоумица“, рече тој.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Шајло фотографирана на улиците на Лос Анџелес, многумина неодоливо ги потсетува на својата мајка
Ќерката на Анџелина Џоли и Бред Пит, 18-годишната Шајло, неодамна го привлече вниманието на улиците на Лос Анџелес.
Фотографите ја фотографираа со нејзината пријателка Кеони, од студиото за танц во кое одат заедно. Судејќи по фотографиите, девојките биле добро расположени.
Тие се смееја и се шегуваа додека минуваа по улицата. Шајло излезе во лежерна облека – носеше широка црна тренерка, црни патики и ранец. Таа е многу блиска со Кеони и често поминуваат време заедно.
Нивните фотографии набрзо се проширија на социјалните мрежи, а многумина напишаа дека Шајло неодоливо ги потсетува на нивната мајка Анџелина, која при неодамнешното гостување во шоуто Добро утро Америка изјави дека нејзините деца кои ги посвоила и ги родила за време на врската и бракот со Бред Пит живеат надвор од очите на јавноста.
Забава
Милијардерка се уште тврди дека никогаш немала пластична операција: Мразам ботокс и филери
Милијардерката Џоселин Вилденштајн (84) се уште тврди дека никогаш немала пластична операција. Сега додаде дека мрази и ботокс, иако постојано се зборува за нејзината трансформација на лицето.
Странските медиуми ја нарекоа „жена мачка“, а таа тврди дека нејзиниот изглед е природен.
Во новото интервју за The Sun, таа негира каква било пластична операција.
„Не сум направила пластична операција, се плашам што може да се случи“, рече таа. Милијардерката тврди и дека никогаш не ставила филери во лицето, но дека има пријатели кои не биле задоволни од нив.
„Не сакам ботокс. Секој има различна реакција на него. Имав ботокс само два пати. Не знам дали сум алергична, но кога го земав, не се чувствував добро. Не беше добар резултат, ми отече лицето“, рече таа.
Претходно нејзиниот партнер Лојд Клајн изјави дека Џоселин постојано изгледа исто и дека „никогаш не сменила ништо на лицето“.
Забава
(Видео) Ричард Гир за животот во Шпанија: „Прекрасно е, луѓето се грижат еден за друг“
Актерот Ричард Гир неодамна се пресели од САД во Шпанија поради сопругата Алехандра Силва и нивните два сина, а одлуката се покажа како полн погодок за нив.
Неодамна заедно присуствуваа на галата „Elle for Future“ во Мадрид, настан посветен на иднината и заштита на планетата, што воедно беше и нивно прво појавување во јавноста по преселувањето.
Во интервју за шпанското издание на магазинот Elle, Гир ги сподели своите впечатоци од животот во ново опкружување.
„Овде е прекрасно. Кога зборуваме за општеството и заедницата, морам да кажам дека овде чувствувам силен дух на заедница. Луѓето се грижат еден за друг. Во мојот свет таквите социјални врски се почесто се раскинуваат, па јас навистина го ценам тоа овде“, изјави познатиот актер.
Ричард Гир и Алехандра Силва се во брак шест години и имаат два сина. Заедно заклучиле дека нивните деца ќе имаат подобро детство во Шпанија, земјата во која Алехандра е родена и го поминала најголемиот дел од животот. Дополнителна предност е што момчињата уште од детството учат шпански со мајка им, што ќе им олесни да се прилагодат.