Македонија
Герасимовски: Дојави за бомби во седум од осум основни училишта во Центар
Во седум основни училишта во Центар денеска имаше дојави за бомби.
Учениците беа евакуирани, а родителите повторно повикани да си ги земат.
Градоначалникот на општина Центар на својот фејсбук-профил повика на смиреност.
„На електронските пошти на основните училишта во Центар, ООУ ‘Ј.Х. Песталоци’, ООУ ‘Коле Неделковски’, ООУ ‘Димитар Миладинов’, ООУ ‘Гоце Делчев’, ООУ ’11 Октомври’, ООУ ‘Кирил и Методиј’, ООУ ‘Кочо Рацин’, стигнала порака за поставена бомба. Единствено нема потврда за ООУ ‘Киро Глигоров’ во населбата Капиштец. Случаите се пријавени во полиција и евакуирани се учениците, наставниот кадар и другите вработени во училиштата. Полициски службеници вршат антитерористички проверки. Искрено се надевам дека, конечно, оваа серија лажни дојави на поставени бомби, кои сериозно нè вознемируваат, ќе заврши и ќе се открие кој стои зад нив. Уште еднаш повикувам на смиреност и следење на протоколите во овие ситуации“, напиша Герасимовски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

