Македонија
Ковачевски: Заштитата на македонскиот јазик, идентитетот и културното наследство е приоритет

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски во одговор на пратеничко прашање истакна дека дури и во услови на економска и енергетска криза Буџетот за култура не е намален.
„Буџетот на министерството за култура не се состои само од проекти кои што се финансираат како авторски проекти во државата со години, туку се состои и од други дискрециони и недискрециони издатоци во однос на работењето на раководството на министерството.
Со колективниот договор кој што е потпишан во Министерството за култура, платите се покачени за исклучително висок износ во однос на други плати во другите сектори, тој колективен договор беше предмет и на јавна дискусија, предмет на преговори помеѓу Министерството за култура, економскиот тим на Владата, синдикатот и на крајот на денот ќе имаме сигурно некакво решение во однос на истиот, но сепак буџетот мораше да предвиди зголемени трошоци во однос на платите за вработените во култура, особено во деловите на култура кои што се однесуваат на уметноста“, рече Ковачевски.
Премиерот истакна дека предвидени се голем број на вложувања кои се однесуваа на заштитата на македонскиот јазик, на дигитализацијата на толковниот речник и навистина тоа е еден успех кој што е успех на државата. Исто така заштита на културното наследство е нешто што навистина на високо ниво е издигнато во овој Буџет за 2023 година и веќе се работи на неколку значајни проекти.
„Меѓу овие проекти е изградбата на Центарот за македонски јазик во селото Љубојно кое што е практично второто училиште во кое што се изучувал македонскиот јазик во државата и кое што конечно по завршувањето на административните процедури буџетот е определен и веќе се изработува документацијата потребна за распишување на оглас за избор на проектант. Црквата во Курбиново која што има непроценливо богатство на икони од кои што едната е дел од мотивите на денарот кое што е наше платежно средство, исто така се работи со голем интензитет бидејќи тоа претставува големо културно наследство кое што треба да биде заштитено на вистински начин. Оваа година ќе бидат реновирани и сите споменици и спомен обележја од НОБ, тоа е веќе ставено во буџетот, вие знаете дека овие споменици се во надлежност на општините, но со оглед на тоа дека се работи за споменици кои што се од државно значење во комуникација со општините и по обезбедувањето на сите потребни документи и согласности државата ќе го финансира реконструирањето на достоинствен начин на сите споменици од НОБ во текот на 2023 година“, рече Ковачевски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
СДСМ: Дали „Алказар енерџи“ има дозвола за градба

СДСМ денеска на прес-конференција обвини дека во енергетскиот сектор се случуваат нетранспарентни зделки и побара од ВМРО-ДПМНЕ да одговори дали компанијата „Алказар енерџи“ поседува одобрение за градба.
Пратеникот Јовица Јанковиќ истакна дека јавноста не знае ништо за најавените инвестиции во енергетиката, кои, според ВМРО-ДПМНЕ, тежат над 1.5 милијарда евра. СДСМ побара конкретни информации за јавниот интерес, цената на струјата и бенефитот за граѓаните.
Јанковиќ рече дека државната ЕСМ произведува сѐ помалку струја, додека приватни компании како „Казанџи“ и „Алказар“ добиваат поголем удел, со што, според СДСМ, се загрозува јавниот интерес.
СДСМ повторно побара јавно објавување на дозволата за градба за „Алказар енерџи“ и повика надлежните институции да го истражат случајот.
Македонија
Мицкоски: Имаме 16 нови авиолинии, за повеќе од 20 проценти е зголемен број на странски туристи

Апсолутно сум задоволен. Имаме 16 нови дестинации. Буџетот за субвенционирање е зголемен на 250-260 милиони денари оваа година, а истиот ќе биде и следната година. Ова го истакна премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање во однос на субвенционираните летови.
Премиерот рече дека резултатите се видливи и во секторот туризам, бидејќи како што посочи за повеќе од 20 проценти е зголемен бројот на странски туристи во државата во првите 5 месеци од годината.
„Впрочем резултатите се гледаат и во секторот туризам, имаме повеќе од 20 проценти зголемен број на странски туристи во првите 5 месеци од годината. И ова се субвенции на доаѓање, практично на тие летови, не на заминување, и во таа насока ќе продолжиме и во периодот кој што следи“, нагласи Мицкоски.
Македонија
Петрушевски: Коцевски е штит на Сoцијалдемократскиот сојуз, делегитимиран и без интегритет

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, на денешната прес-конференција изјави дека главниот обвинител Љупчо Коцевски избрал да биде штит на Социјалдемократскиот сојуз, а тие, како што рече, го бранат по секоја цена за да не одговараат за, според него, бројните криминали изминатите седум години.
Петрушевски истакна дека Коцевски нема легитимитет и дека со поддршка под 2 отсто од граѓаните, со интерпелација и барање од пратениците, сепак не си поднесува оставка.
Тој додаде дека, според ВМРО-ДПМНЕ, столбот на криминалот на опозициската партија е во обвинителството, и таа јавно застанала во одбрана на Коцевски за да ги заштити поранешните функционери.
Пратеникот рече дека главниот обвинител е целосно делегитимиран и нема интегритет за функцијата.