Македонија
Стоилковски: Со потпис на Груби отпишани 1.500 тони пченица и 500 тони јачмен; дали завршиле на црниот пазар?
Со потпис на Груби отпишани се 1.500 тони пченица и 500 тони јачмен од државните резерви вредни 650.000 евра; дали тие завршиле на црниот пазар?, праша портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски, на прес-конференција.
Во „Службен весник“, со датум 14.6.2022 година, објавена е одлука на Владата, потпишана од Артан Груби, за отпис на 1.500 тони пченица и 500 тони јачмен за сточна храна под превезот поради загуби при складирање и одржување на квалитетот на пченицата и на јачменот. Никогаш досега, вели Стоилковски, не се правел отпис на пченица и јачмен во толкава количина. Тоа, како што рече, отвора сомнежи дека можеби пченицата и јачменот завршиле на црниот пазар, а парите во нечиј приватен џеб и сето тоа го дозволува Груби со негов потпис.
„Според моментните цени на пченицата на новосадската берза, 1.500 тони пченица чинат 500.000 евра, а 500 тони јачмен 150.000 евра. Буквално кажано со потпис на Груби тој отпишал 650.000 евра како загуби при складирање, ова досега не било случај, не се памети отпис на име загуби вреден половина милион евра“, рече Стоилковски.
Опозицијата побара од Јавното обвинителство да не чека и да отвори истрага.
Претходно, ВМРО-ДПМНЕ објави дека шалтерски работник вработен кај брат му на Груби добил акредитација за баждарење инструменти за точење нафтени деривати и течен нафтен гас, процес во кој учествува Бирото за метрологија, чија директорка има непријавена хациенда за која постои сомнеж како е стекната. Опозицијата потоа објави и како Ветон Груби, брат на Артан, купил дуќан од 127 м2 на улицата Македонија во Скопје по цена од 100.000 евра, односно 700 евра за квадрат, во услови кога станбениот квадрат е и по 2.000 евра и посочи за можно тргување со влијание.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Видео) Полицијата заплени 40 тони дрога: откриена неусоглесеност на количините кои правните лица ги поседуваат, произведуваат, набавуваат и отуѓуваат
Министерството за внатрешни работи извести дека во тек е опсежна акција, во рамки на која е запленета голема количина на марихуана. Во правно лице во Скопје пронајдени се и одземени околу девет тони марихуана и над 1300 шишиња произведено масло од канабис (полупроизвод). Од правни лица пак од источниот регион, одземени се над 31 тон марихуана и биомаса.
Во координација со Царинската управа и надлежната Комисија за контрола на овој вид на дејност од Министерство за здравство извршени се контроли во повеќе правни лица чија основна дејност е одгледување зачински, ароматични и лековити растенија и растенија со употреба во фармацијата, а во координација со јавен обвинител од ОЈО за ГОКК, се преземаат мерки и активности заради утврдување на фактите дали неодамна запленетата марихуана во Р.Србија потекнува од нашата држава.
„Со оглед на тоа дека едно од осомничените и приведени лица во Р.Србија е дел од сопственичката структура во правното лице од Скопје, извршени се детални проверки и контроли на количината која е затечена во правното лице и целосната документација која што е пронајдена во просториите на правното лице. Врз основа на пронајдената документација од страна на Комисијата од Министерството за здравство сочинет е записник, во кој се констатирани низа неправилности при работењето и голема неусогласеност во однос на количините кои правното лице ги поседува, произведува, набавува и отуѓува. Со оглед на констатираните неправилности и по доставено известување од надлежен Јавен обвинител, од просториите на правното лице е подигната целосната количина на пронајдена марихуана“, известија од МВР.
Полицијата извршила проверки во неколку правни лица во источниот регион каде исто така од надлежната комисија се утврдени неправилности и неусогласеност во однос на количините кои правните лица ги поседуваат, произведуваат, набавуваат и отуѓуваат, по што е одземена затекнатата количина.
Министерството за внатрешни работи во координација со ОЈО ГОКК, каде е формиран посебен тим за овој и слични предмети, продолжува и во наредниот период со преземање на мерки и активности за целосно расчистување на овие случаи.
МВР по завршување на акцијата и по целосно расчистување на случаите детално ќе ја информира јавноста.
Македонија
Петнаесетгодишник претепан пред обложувачница во Скопје
Осумнаесетгодишник ноќеска претепал петнаесетгодишник пред обложувачница во Скопје, а настанот го пријавиле лекарите од Клинички центар.
„Утрово во 06:31 часот во Полициската станица Кисела Вода од Ургентен центар при комплекс клиники ’Мајка Тереза’ во
Скопје е пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди е донесен 15-годишник од Скопје, кој претходно, според пријавеното околу 00:30 часот во обложувачница во Скопје бил физички нападнат од Л.В.(18)“, извести МВР.
Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.
Македонија
Двегодишно дете со тешки телесни повреди од Битола пренесено во Скопје, го нападнале кучиња скитници додека си играло
Лекарите од Клиничката болница во Битола вчера во полиција приавиле дека примиле двегодишно дете со тешки телесни повреди по напад од кучиња скитници.
„Доктор од Клиничка болница Битола пријави дека кај нив со тешки телесни повреди е донесено двегодишно дете од Битола, кое, според пријавеното, додека си играло во близина на семејната куќа во Битола, било нападнато од кучиња скитници. Детето е пренесено во Комплекс клиники ’Мајка Тереза‘ во Скопје“, соопшти МВР.
СВР Битола презема мерки за расчистување на настанот.

