Свет
Бебето џин од Индонезија: малиот Мухамед има само 16 месеци и 28 килограми, не го собира во количка и носи облека од татка си

Мухамед Кензи Алфаро има само 16 месеци, но има 28 килограми и носи пелени со големина ХХХЛ, пишува „Дејли мејл“.
Просечното бебе на негова возраст тежи околу една третина од неговата тежина.
Во семејната куќа во Бандунг Регенси, Индонезија, тој ѝ се насмевнува на мајка си додека таа се бори да го помести во исправена положба.
Bayi 16 Bulan di Bekasi Memiliki Berat Badan 26 Kg, Orang Tua Sulit Menggendong
•••Balita yang mengalami kelebihan berat badan atau obesitas bernama Muhammad Kenzi Alfaro (16 bulan) asal Kabupaten Bekasi, Jawa Barat sudah ditangani tenaga kesehatan dengan menjalani rawat pic.twitter.com/Vt91qVJRGd
— Kodok Ijo 🐸 (@Midjan_La_2) February 23, 2023
Кензи носи зелена маица, која му изгледа премала.
Јаде грицки и си игра со своите играчки додека неговото семејство се собира околу него.
Мајка му Питрија објаснува дека Кензи повеќе не може да се смести во неговата количка, а на родителите им е тешко да го подигнат додека тој не може да се држи исправено.
A baby boy has become so big that he weights the same as an eight-year-old and has to wear his father’s clothes. Muhammad Kenzi Alfaro is only 16 months old but weighs a whopping 60 pounds – and wears nappies in size XXXL.#Viral #viralvideo @ViralPosts5 @googlenews pic.twitter.com/2Qy2OLktmm
— Rajendra K R🐬 (@RajendraKRudra) February 24, 2023
Мајката вели дека Кензи понекогаш мора да ја носи облеката од татка си.
Кензи имал 4,5 килограми при раѓањето – што е многу, но обично не е причина за загриженост бидејќи повеќето бебиња тежат приближно толку килограми при раѓање.
Но, во изминатата година порасна до тој степен што му треба редовна медицинска нега и посети.
Неговите родители и лекарите сега ги чекаат резултатите од тестовите направени во болницата „Хермина Бекаши“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Путин до Западот: Купија билет и не патуваа, само за да се налутат на кондуктерот: рускиот енергетски систем работи беспрекорно

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека одбивањето на европските земји да се потпираат на руските енергетски ресурси сериозно ја поткопа конкурентноста на нивните економии и доведе до пад на индустриското производство и пораст на цените низ целиот континент.
Зборувајќи на пленарната сесија на Руската недела на енергија во Москва, Путин истакна дека постапките на западните политички елити „ја уништија глобалната енергетска инфраструктура“, нагласувајќи дека политичкиот притисок довел до ирационални одлуки во ЕУ, според западните медиуми.
„Многу европски земји, под политички притисок, одбија да купуваат руски енергетски производи. Веќе неколку пати предупредив за последиците – не за Русија, туку за самите тие земји. Гледаме пад на индустриската активност и пораст на цените поради поскапата нафта и гас од странство“, рече Путин.
Тој додаде дека, по забраната за соработка со Русија, западните компании почнаа да ја губат својата технолошка предност и да го намалуваат производството, додека руските експерти станаа „технолошки лидери“ на пазарот.
„Што направија? Купија билет и не патуваа – само за да се налутат на кондуктерот. Каква глупост.
Нашиот енергетски систем е еден од најголемите во светот. Овој огромен комплекс работи сигурно и ефикасно“, заклучи претседателот на Русија.
Свет
Кремљ: Путин го предупреди Трамп за време на разговорот

Во денешниот телефонски разговор, рускиот претседател Владимир Путин го предупреди американскиот претседател Доналд Трамп дека испраќањето крстосувачки ракети „Томахавк“ во Украина ќе го загрози мировниот процес и ќе им наштети на односите меѓу САД и Русија. Веста беше потврдена од Кремљ во официјално соопштение, пренесуваат медиумите во регионот.
Според Кремљ, Путин изразил загриженост поради можноста напредното американско оружје во рацете на украинските сили да доведе до понатамошна ескалација на конфликтот. Предупредувањето јасно посочи дека таков потег од страна на Вашингтон би имал директни негативни последици врз билатералните односи на двете сили.
Советникот на Путин, Јуриј Ушаков, им изјави на новинарите дека Путин во разговорот нагласил дека руските сили во моментов имаат „целосна стратешка иницијатива“ по целата линија на фронтот во Украина.
Ушаков додаде дека денешниот повик, кој траел речиси два и пол часа, бил инициран од руска страна. Тој, исто така, објави дека на планираниот нов самит меѓу двајцата претседатели ќе му претходи разговор меѓу државниот секретар на САД, Марко Рубио, и рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, кој се очекува да се одржи во наредните денови, пренесува index.hr.
Фото: принтскрин
Свет
Орбан по разговорите Трамп-Путин: Голема вест за мирољубивите луѓе, подготвени сме

Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека наскоро повторно ќе се сретне со рускиот претседател Владимир Путин, а овој пат средбата ќе се одржи во Будимпешта. Двајцата лидери се согласија за нов самит за време на телефонски разговор.
Унгарија е подготвена да биде домаќин на самитот Русија-САД, изјави унгарскиот премиер Виктор Орбан.
„Планираната средба меѓу американскиот и рускиот претседател е голема вест за мирољубивите луѓе низ целиот свет. Подготвени сме!“ напиша тој на X.
Трамп и Путин последен пат се сретнаа пред два месеци во Алјаска, но таа средба не донесе конкретен напредок кон мирот во Украина, по што следеше период на дипломатско затишје меѓу Вашингтон и Москва, анализираат медиумите.
Денешниот телефонски повик не беше објавен со денови, за разлика од некои претходни, а аналитичарите истакнуваат дека времето на неговото случување е исклучително значајно. Имено, Трамп утре треба да се сретне со украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Клучната тема на нивниот разговор ќе биде можното испраќање американски ракети со долг дострел „Томахавк“ во Украина, што би претставувало значително зголемување на воената помош за земјата.
Фото: принтскрин