Македонија
Левица: ДПМНЕ и ДУИ го продадоа езерото Mладост
На последната седница во Советот на Општина Велес, без никаква транспарентност, коалицијата од ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ заеднички изгласаа продажба на пет атрактивни парцели на велешкото езеро Младост. Парцелите се оттуѓени во 2022 година и мистерија е на кој начин општинскиот имот преминал во приватни раце, се вели во соопштението од Левица.
Од партијата додаваат дека градоначалникот Марко Колев се прави дека не е запознаен кој му го купил земјиштето, за кое самиот е надлежен. Иако Колев ветуваше дека во неговиот мандат ниту една парцела нема да се продаде покрај езеро Младост, очигледно нечии лукративни интереси преовладоа.
Како што се наведува во соопштението, сите еколошки здруженија од Велес и стручни лица беа едногласни дека не смее да се дозволи дополнителна урбанизација на крајбрежјето на езеро Младост, но тоа не го разубеди градоначалникот Колев!
Го повикуваме градоначалникот Марко Колев да излезе пред јавноста и да објасни како беше спроведена приватизацијата на овие парцели, што е предвидено да се гради и за чии бизнис-интереси одработува со неговата одлука, се вели во соопштението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Мицотакис: Очекувам од новиот премиер изјава дека името на неговата земја е Северна Македонија и тоа ќе го користи во и вон неговата земја
„Очекувам од новиот премиер да даде јасна изјава дека го почитува Договорот од Преспа и дека името на неговата земја е Северна Македонија и тоа ќе го користи во и вон неговата земја“ рече грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис во интервју за телевизијата Стар.
Говорејќи за надворешната политика, тој се осврна и на односите со Северна Македонија, посочувајќи дека Атина се стреми кон добри односи, но неопходно е почитување на Договорот од Преспа.
„Видов некои изјави на претседателката на Северна Македонија и мислам дека направи некои чекори назад од првичните изјави. Ние се стремиме кон добри односи со Северна Македонија, но многупати имаме кажано дека добрите односи поминуваат преку почитувањето на јадрото на Договорот што го потпишаа двете земји“, истакна тој.
„Договорот одреди едно име за сите и ова соседите мора да го почитуваат. И очекувам од новиот премиер, кога и штом ќе положи заклетва да даде јасна изјава дека го почитува Договорот од Преспа и дека името на неговата земја е Северна Македонија и тоа ќе го користи во и вон неговата земја“, кажа грчкиот премиер.
Македонија
Маричиќ – Бока: Европската интеграција на Северна Македонија мора да продолжи со превземање на одговорноста и обврските на патот кон ЕУ
Првиот заменик претседател за европски прашања Бојан Маричиќ денес оствари средба со Јанос Бока, министерот за европски прашања на Унгарија.
На средбата се говореше за приоритетите на унгарското претседателство со цел зајакнување и поддршка на процесот на европските интеграции на Северна Македонија во периодот што следи. Унгарија како претседавач ќе биде фокусирана на проширувањето на Европската Унија со земјите кои се дел од пакетот за проширување со фокус на Западен Балкан и Северна Македонија и со посебен акцент на спроведување на реформите.
Унгарија претседава со Советот на Европа од 1 Јули 2024 до крајот на годината.
Маричиќ изјави дека државата мора да го продолжи процесот на евроинтеграција, кој е дел од меѓународните заложби и обврски за просперитет на регионот, Европа и сите граѓани на државата.
Превземањето на обврските и исполнувањето на долгорочните планови со Европската Комисија се од витално значење за прогрес на државата, меѓународните стратешки партнери и за развојот на геополитичката мапа на регионот и Европа.
Маричиќ ја истакна важноста од носење на важни одлуки за понатамошно реализирање на стратешките цели на Северна Македонија и регионот за која се залагаат и земјите членки на ЕУ, регионот на Западен Балкан и сите стратешки партнери на државата.
На средбата во фокус беше и одлучноста односно заложбата на Европската Комисија за Планот за раст за земјите на Западен Балкан, можностите и конкретните мерки со кои земјите кои се дел од Планот за раст ќе ги почувствуваат придобивките од неговата имплементација во претпристапниот период се до полноправно членство во унијата, каде што природно, географски и идеолошки припаѓаат.
Маричиќ и Бока се сложија дека во последните 2 години беа постигнати значајни резултати во процесот на евроинтеграција на Северна Македонија, со реализација на скрининг процесот, отпочнувањето на преговорите за државата и комплетната подготовка за реализација на европската агенда на државата.
Европската интеграција мора да продолжи со превземањето на обврските на патот кон ЕУ со кои државата ќе се движи во правец на прогрес и значаен развој. Реализацијата на Планот за раст е исклучително важен процес, бара детално и вредно вклучување на сите капацитети со големи придобивки за државата и за сите граѓани во неа – рече Маричиќ.
Македонија
Мицкоски на средба со Мануел Сарацин: новиот пратенички состав и идната влада ќе бидат силно посветени на реформите и трансформацијата на Македонија
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски заедно со потпретседателот Тимчо Муцунски и пратениците и членови на ИК, Марија Митева и Антонијо Милошоски оствари средба со специјалниот претставник на Сојузна Република Германија за Западен Балкан, Мануел Сарацин.
Во духот на одличната соработка беше и оваа средба, како што информираат од ВМРО-ДПМНЕ, во која се потенцираше важноста за реформските процеси како и можностите за продлабочување на соработката помеѓу Македонија и Германија.
Мицкоски истакна дека новиот пратенички состав и идната влада ќе биде силно посветена на реформи и трансформација на Македонија.