Свет
Директор на ЦИА: Путин е уверен дека ќе ја добие војната исцрпувајќи ја Украина
Директорот на американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА), Вилијам Барнс, изјави дека само воените успеси на Украина можат да ги подобрат изгледите за идните преговори со Русија, пренесува Си-Би-Ес.
– Не мислам дека Руската Федерација сега е сериозно расположена за преговори. Мислам дека само напредокот на бојното поле може да ги подобри изгледите за идните преговори, рече Барнс.
Според него, Украина мора да одлучи дали се можни преговори и од „витално значење“ е да се продолжи со американската помош за оваа земја за да се добие гореспоменатата „предност на бојното поле“.
Претходно, колумнистот на „Њујорк тајмс“ Мајкл Кроули напиша дека американските власти го повикале украинскиот претседател Володимир Зеленски да покаже подготвеност за дипломатски дијалог за ставање крај на конфликтот,пренесе Новости.рс.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Клучните луѓе на Трамп добиле закани за бомби
Неколку кандидати за кабинетот на Доналд Трамп и луѓе во неговата администрација добиле закани за бомби, објави ФБИ.
„Сите потенцијални закани ги сфаќаме сериозно и ја охрабруваме јавноста да пријави се што смета дека е сомнително во полиција“, велат тие.
FBI Statement Regarding Threats to Nominees and Appointees https://t.co/PNbmuHjrrl pic.twitter.com/tenOKMeupW
— FBI (@FBI) November 27, 2024
Заканите беа упатени во вторникот вечерта и во средата наутро, а полицијата реагираше брзо за да ја осигура безбедноста на целните, рече портпаролката на транзицискиот тим на Трамп, Каролина Ливит.
Си-Би-Ес објави дека заканата ја добил и кандидатот на Трамп, за министер за трговија, Хауард Лутник.
Републиканецот од Флорида, Мет Гаец, кој неодамна се откажа од трката за државен обвинител во САД, исто така беше цел на измама за бомба.
„Фокс њуз“ објави дека Џон Ретклиф, кандидатот на Трамп за директор на ЦИА и кандидатот за секретар за одбрана Пит Хегсет, исто така, добиле закани.
Тројца официјални лица изјавија за „NBC News“ дека заканите биле лажни.
Регион
17-годишен тинејџер почина по тепачка во Лесковац: лекарите еден час се обидувале да го ожевеат
17-годишнoто младo момче кое околу 14 часот беше брутално претепано пред средното хемиско училиште во Лесковац, им подлегнало на повредите во болница, потврдиле од здравствената установа, пренесуваат тамошните медиуми.
Лекарите од итната служба се обидувале да го оживеат речиси цел час, но, според написите, момчето веќе бил донесено со возило на брза помош без знаци на живот.
„Донесен е во бесознание, со широки зеници, бледа кожа и мукозни мембрани, без пулс и немерлив притисок. Лекарите во Итната медицинска помош веднаш започнале со интензивна реанимација. За жал, смртта настапила во 15 часот и 45 минути. Причината за смртта ќе биде утврдена со обдукција“, изјавил директорот на Општата болница Лесковац.
Според неофицијални информации, како што пишуваат српските медиуми, младиот човек бил нападнат пред училиштето од двајца момци на жолт скутер кои побегнале од местото.
„Пулсот на момчето уште додека лежеше на асфалтот се губеше“, според лекарите од итната помош.
Според очевидци, пријателот на момчето бил приведен во полициска станица за да даде исказ како сведок.
Порталите во соседството пренесуваат дека момчето било ученик на Текстилното училиште и дека живеело во згрижувачко семејство. Полицијата и инспекторите се излезени на местото на настанот а по напаѓачите интензивно се трага.
Регион
Укинат притворот на поранешниот министер за градежништво на Србија, Горан Весиќ
Укинат е притворот на поранешниот министер за градежништво, транспорт и инфраструктура на Србија, Горан Весиќ, кој беше уапсен поради падот на настрешницата на Железничката станица во Нови Сад кога загинаа 15 лица, соопшти Вишиот суд во Нови Сад, пренесуваат тамошните медиуми.
„Вонистражниот совет на Вишиот суд во Нови Сад, одлучувајќи по жалбите на Вишото јавно обвинителство и бранителот на осомничениот, му го прекина притворот на осомничениот Горан Весиќ, утврдувајќи дека и од наредбата за истрагата, како од доказите доставени од Вишото јавно обвинителство во Нови Сад во списите на предметот, засега не постои основано сомнение дека сторил тешко кривично дело против општата безбедност“, се вели во соопштението на Вишиот суд, стои во написите на медиумите.
Тој суд навел дека јавниот обвинител „досега не доставил докази кои укажуваат на постоење на основано сомнение за причинско-последична врска помеѓу дејствијата опишани од обвинителот и пропуштањето на осомничениот Горан Весиќ со последиците што произлегуваат од тоа“.
„Советот оцени дека жалбените наводи на В.Ј.Т за постоење на влијание врз сведоци и други стравови се бесмислени, па му го прекина притворот на осомничениот Горан Весиќ и нареди веднаш да биде пуштен на слобода“, соопшти Вишиот суд во Нови Сад.
Весиќ, кој поднесе оставка по падот на настрешницата на Железничката станица, беше уапсен на 21 ноември.
Под сомнение дека се одговорни за падот на настрешницата од зградата на железничката станица во Нови Сад, во која загинаа 15 лица, уапсени се уште 12 лица.
Горан Весиќ и Небојша Шурлан поради здравствени проблеми се пренесени од притвор во Заводот за кардиоваскуларни заболувања во Сремска Каменица, пишуваат српските медиуми.