Забава
Над два милиона луѓе ја заследија Селена Гомез за 24 часа

За еден ден Селена Гомез на „Инстаграм“ почнале да ја следат повеќе од два милиона луѓе. Од 22 февруари бројот се зголеми над 5 милиони, што дополнително го потврди нејзиниот статус како најследена жена на „Инстаграм“.
Таблоидите не престануваат да пишуваат за новата шоубиз-драма на социјалните мрежи, која се чини дека сè уште не стивнува.
А во драмата се појавуваат три ѕвезди – Селена Гомез, Хејли Бибер и Кајли Џенер.
Селена Гомез моментно е најчестото име на социјалните мрежи, а причина е драмата помеѓу неа, Хејли Бибер (сопруга на нејзиното поранешно момче Џастин Бибер) и Кајли Џенер.
Сè почна на 22 февруари кога милиони фанови заклучија дека Хејли и Кајли ја исмеваат Селена поради нејзиниот изглед на социјалните мрежи. Тоа беше истиот ден кога Селена ја собори Кајли како најследена жена на „Инстаграм“.
Набргу на социјалните мрежи почна вистинска војна на фановите. Милиони луѓе застанаа во одбрана на Селена и почнаа да ги повикуваат другите да ја следат на социјалните мрежи, да ги отследат Кајли и Хејли и така бројот на нивните фанови рапидно почна да се намалува за стотици илјади луѓе, а на Селена од 381 милион се искачи на над 386 милиони.
Фотографијата што ја објави кога сè почна денес има 17 милиони лајка. И 17 милиони лајка на стара фотографија, која претходно ја објави, а потоа ја избриша. Во исто време, Кајли и Хејли мораа да ги заклучат коментарите на нивните објави поради големиот број хејтери, кои сега ги нарекуваат „злобни девојки“.
На „Тик-ток“ во тренд се објави во кои луѓето се снимаат како кликаат „отследи“ (unfollow) кај Хејли Бибер и Кајли Џенер и „следи“ (follow) кај Селена Гомез. „Девојко, ние сме со тебе“, ѝ велат на Селена, која среде ваквата војна најави дека на некое време ќе се повлече од социјалните мрежи.
Шпекулациите за драма помеѓу Хејли Бибер, Селена Гомез и Кајли Џенер не стивнуваат на интернетот, што веројатно е причина Гомез да направи пауза од социјалните мрежи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Пет бои што ќе бидат најпопуларни ова лето: една е водечка

Во сезона што повикува на олеснување и нежност, палетата за пролет/лето 2025 носи визуелно бегство во светли тонови, земјени основи и флуидност на пастелни емоции.
Модата ретко се однесува само на облеката – таа го обликува расположението, нуди засолниште и понекогаш нуди бегство. Летото 2025 не е исклучок. Колекциите на новата сезона ни носат материјали што лебдат, кроеви што се лизгаат по телото и палета на бои што носи порака, која е колку естетска толку и емотивна.
Оваа сезона боите не се случајна одлука – тие се покана за забавување, за мекост и тивка радост. Боите се нежни, речиси шепотат, но никако незабележливи. Доколку ги следите модните трендови, држете се до овие бои во наредните месеци.
Путер жолта
Ниту крем ниту беж и, секако, не лимон – путер жолтата е тивката сила на летото 2025. Тоа е утринското сонце што не пече, туку осветлува. Може да се носи како класиците, но многу помека, оваа боја изгледа речиси медитативна во својата тишина. „Тотем“, „Зимерман“, „Шанел“ и „Клое“ ја ставија во центарот на своите колекции.
Можеби најнезаборавниот момент не беше на пистата, туку на црвениот тепих: Тимоти Шаламе во целосно жолт костум „Сара Бартон“ за „Живанши“ – олицетворение на машката ранливост како сила.
Чоколадо кафеава
Длабоко, стабилно, но никогаш досадно. „Пантон“ ја прогласи за боја на годината со името мока маус (Mocha Mousse), а неговото враќање е силно и сеприсутно. „Прада“, „Сент Лорен“ и „Роу“ понудија софистицирани верзии на кафеава боја, кои не бегаат од луксузот, туку го редефинираат. Наместо сјај – текстура. Наместо театралност – длабочина.
Пудра розова
За разлика од минатогодишните експлозии на барби-розово, ова лето сè е попридушено, посуптилно, рафинирано. Нема повеќе детска наивност или агресивна брилијантност – пудра розовата порасна и научи тивко да доминира. „Клое“, „Миу миу“, „Алаја“ и „Ферагамо“ понудија палета на розова боја, која потсетува на балетски кочии, суви ливчиња од роза и романтични фустани од далечни времиња, но без носталгија. Тоа е розова со внатрешна сила.
Боја на мандарина
Ако летото претходно се сметаше за ветре, мандарината го претвора во бран. Не е нежна, не се крие – оваа боја бара внимание. Инспирирана од коктели на сончеви тераси и зрели плодови од јужна Италија, мандарината е летна егзалтација. Џонатан Андерсон понуди портокалови мини модели, кои балансираат помеѓу уметноста и забавата. „Барбери“ дополнително го потврди нејзиниот статус како неизбежна боја на сезоната.
Ледено сино
Ако има боја што зборува во тишина во 2025 година, таа е ледено сината. Тоа е бојата на тивките летни утра покрај морето, сенка под маслиново дрво и воздушеста свила на голо рамо. Прабал Гурунг ја прикажа во речиси филмска сцена: проѕирен фустан над панталони од слонова коска. „Клое“ ја стави во туники инспирирани од седумдесеттите, кои лебдат како мисли.
Забава
Луѓето родени во овие три знаци може да ве убедат во сè, дури и кога знаете дека грешат

Луѓето од овие хороскопски знаци лесно ќе ви влезат под кожа и нема ни да сфатите дека сте се предомислиле поради нив.
Има луѓе кои ќе се расправаат со вас, но безуспешно. А потоа се оние другите, оние кои ќе те погледнат право во очи, ќе кажат нешто што знаеш дека не е вистина… и ти и покрај се ќе им веруваш. Или барем почнуваш да се сомневаш во сопствената логика.
Некои хороскопски знаци едноставно имаат неверојатна дарба за убедување. Тие не се нужно манипулативни, иако можат, но исклучително вешти во вербална игра, емоционално влијание и градење наратив што звучи толку убедливо што веќе не сте сигурни што е вистина.
Близнаци
Близнаците се познати по тоа што зборуваат брзо, гласно и убедливо. Нивниот мозок работи во повеќе насоки во исто време, а нивната способност за брзо прилагодување и размислување им овозможува да го добијат она што им одговара од секоја ситуација.
Можеби ќе ви објаснат зошто задоцниле, иако знаете дека не се ни потрудиле да дојдат на време, но приказната ќе биде толку интересна, шармантна и добро раскажана што на крајот само ќе кажете „Во ред, нема врска“. Дури и кога знаете дека „малку ве туркаат“, не можете да ги обвините за тоа.
Вага
Вагите не влегуваат во расправии за победа, барем не отворено. Тие влегуваат за да ве натераат да сакате да ја прифатите нивната гледна точка. Со нив нема ни да сфатите дека сте се предомислиле, сè ќе се случи ненаметливо, непречено и речиси пријателски.
Вагата користи разум, стил и тактика. Изгледа смирено, учтиво и често се согласува со вас пред да изрази сосема спротивно мислење, но толку внимателно што на крајот се прашувате дали воопшто сте биле во право. И најдобро од сè, нема да се чувствувате поразени. Само ќе речете: „Можеби е така“.
Шкорпија
Шкорпијата нема да ве уверува гласно или нагласено. Ќе ве погледне, слуша, ќе ви даде простор да мислите дека имате контрола, а потоа ќе каже една кратка реченица по која сè ќе ви изгледа поинаку. Неговата убедливост не лежи во зборовите, туку во убедувањето. Тој знае што мисли и го пренесува тоа со толкава сигурност што ќе помислите: ако е толку сигурен, можеби навистина е вистина.
Шкорпиите се интуитивни и знаат како да влијаат, емотивно, психички, дискретно. Во нивно присуство често се чувствувате како да сте ја донеле одлуката, иако всушност само го следевте нивниот ритам.
Забава
Се појавија шокантни фотографии среде шпекулациите за разводот на Ана и Бастијан, сега ништо не е јасно

Дали навистина се разведуваат или се работи за маркетиншки трик сè уште не се знае. Сепак, новите фотографии фрлаат поинакво светло на целата драма во врска со нивниот наводен развод…
Со денови странските и регионалните медиуми пишуваат дека славната двојка – поранешниот фудбалер Бастијан Швајнштајгер и поранешната тенисерка Ана Ивановиќ се разведуваат по 9 години брак.
Двојката не ги коментира овие наводи, но интересни фотографии ги преплавија социјалните мрежи среде медиумскиот хаос за нивниот развод.
Фотографиите на Бастијан и Ана се појавија на „Инстаграм“ како дел од кампањата на модниот бренд. Како што можете да видите, двојката гордо позира пред објективот на фотоапаратот, а секако беа забележливи нивните блескави насмевки и погледи со љубов.
View this post on Instagram
И сега никому ништо не му е јасно…
Големи се шансите фотографиите да се направени за време на нивниот љубовен период, а дури сега се објавени.
И има друга верзија на приказната…
Нивните обожаватели во коментарите истакнуваат дека ова е, всушност, маркетиншки трик за да му се помогне на модниот бренд, заедно со најновата колекција на облека, да добие популарност.
View this post on Instagram
Како и да е, парот сè уште не ја коментирал веста за разводот, па сега останува само да ја почекаме вистинската вистина.