Свет
Кина: Секогаш сме одржувале односи со сите страни во конфликтот, вклучително и со Киев
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/02/Capture-61.jpg)
Кина отсекогаш одржувала односи со сите страни во руско-украинскиот конфликт, вклучително и со Киев, изјави денеска портпаролката на кинеското Министерство за надворешни работи, Мао Нинг, одговарајќи на прашање за коментирање на изјавата на украинскиот претседател Володимир Зеленски дека ги поздравува разговорите со Кина.
Таа додаде дека Кина ќе преземе решителни контрамерки како одговор на американските санкции, објави „Ројтерс“.
„Жалиме и одбиваме да прифатиме таков потег“, додаде Мао одговарајќи на прашањата за санкциите против кинеските компании.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Свет
(Видео) Џулијан Асанж е на слобода, стави крај на долгогодишната правна битка
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/06/0035e2ff-aa42-462c-a6d2-94e1dafceaad.jpg)
Основачот на Викиликс, Џулијан Асанж, пред американскиот суд во Саипан се изјасни за виновен за прекршување на Законот за шпионажа на САД, во спогодбата со американскиот правосуден систем што стави крај на долгогодишната правна битка и ја остави судницата како слободен човек, известуваат светските агенции. Судијката Рамона Манглона ја одобри спогодбата со обвинителите, ставајќи крај на 14-годишната сага.
Julian Assange Free At Last!!! pic.twitter.com/Vpzcxr6lbi
— Stella Assange #FreeAssangeNOW (@Stella_Assange) June 26, 2024
Во согласност со спогодбата, таа го осуди на затворска казна, која тој веќе ја одлежа. Тој помина пет години во затвор во Обединетото Кралство.
Според написите, по читањето на пресудата, обвинителството веднаш го повлече барањето за екстрадиција на Асанж, што е голем момент со оглед на тоа што основачот на Викиликс поминал години на суд обидувајќи се да избегне екстрадиција во САД. Судијата рече дека американската влада се согласила да не води понатамошна кривична постапка.
Асанж се насмевна кога таа му честиташе роденден (наредната недела ќе наполни 53 години), велејќи дека се надева дека ќе го започне својот нов живот на позитивна нота.
На сослушувањето Асанж се изјасни за виновен по една точка од обвинението со кое се товари за заговор за добивање и објавување доверливи документи за одбрана на САД.
Тој сега е слободен човек и може да се врати во својата родна Австралија по години во егзил.
Вашингтон тврдеше дека Австралиецот ги загрозил животите на американските агенти и дека нема оправдување за неговите криминални дела. Неговите поддржувачи, од друга страна, го слават како херој кој беше обвинет за откривање американски злосторства.
Во 2010 година, Викиликс, меѓу другото, објави видео од американски воени хеликоптери кои убиваат цивили во главниот град на Ирак, како и информации за стотици цивили убиени за време на американската инвазија на Авганистан.
Британската полиција го уапси Австралиецот во 2019 година во амбасадата на Еквадор во Лондон, каде што престојуваше седум години.
Свет
Северна Кореја лансираше повеќе од 250 балони со ѓубре кон Јужна Кореја: затворен аеродромот во Сеул
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/06/gubre2.jpg)
Во текот на ноќта Северна Кореја лансираше повеќе од 250 балони со ѓубре кон Јужна Кореја, соопшти денеска јужнокорејската армија.
Тоа е шесто вакво лансирање од крајот на минатиот месец, а поради него аеродромот во близина на Сеул беше затворен околу три часа, пренесува „Јонхап“.
Околу 100 балони, главно со отпадна хартија и друг отпаден материјал, слетале во Сеул и во северниот дел на провинцијата Ѓеонгги, соопшти Генералштабот на корејската армија.
Домашните и меѓународните летови беа запрени или одложени околу три часа на меѓународниот аеродром Инчеон, западно од Сеул, од 1:46 часот утринава по локално време, според „Јонхап“.
Анализата на балоните покажала дека тие не содржат отровни материи, се наведува во соопштението на јужнокорејската армија.
Со последната серија, Северна Кореја се проценува дека лансирала повеќе од 2.000 балони кои носат отпадоци од 28 мај, според „Јонхап“.
Како одговор, на 9 јуни, за прв пат по шест години, Јужна Кореја почна да емитува говори против владата на Пјонгјанг преку звучници во пограничната зона.
Свет
(Видео) Торнадо на северот на Италија, делови од земјата под вода
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/06/0bd70e9c-1b8e-45ef-a383-94e6a14f6d4d.jpg)
Северните и централните делови на Италија беа зафатени од невреме, а во градот Ровиго во провинцијата Венето се формира торнадо, врнежите се очекува да траат уште неколку дена.
Пожарникарите примиле повеќе од 200 повици за помош, а меѓу другите извлекле и жена заробена во автомобил од поплавен подвозник.
Fierce floods takeover the streets of Langhirano, #Italy following heavy rains #Flood #Langhirano #Maltempo #Flooding #Flashflood #Rain #Weather #Viral #Climate pic.twitter.com/Uy9V4Wpvfz
— Earth42morrow (@Earth42morrow) June 25, 2024
Повиците за помош биле поврзани и со поплави и разнесени покриви. Неколку автомобили паркинг пред трговски центар биле оштетени од металниот покрив кој се одвоил од блиската зграда, пишува „Анса“.
Обилни врнежи паднаа и на северот на Тоскана, каде што пожарникарите користеа чамци за да ги спасат возачите заробени на поплавените улици.
Издадено е црвено предупредување за водостојот на реките, кое важи и за областа Модена и Пјаченца во провинцијата Емилија Ромања, пишува италијанската новинска агенција „Анса“.
Температурите во поширокото подрачје на северниот и централниот дел од земјава се движат околу 20 Целзиусови степени. Метеоролозите предвидуваат дека врнежите ќе продолжат до четврток, а најлошо ќе биде во провинциите Лигурија, Пиемонт, Тоскана, Умбрија и регионот Марке.