Македонија
Застрелано куче во Скопје, пријава стигнала до ЦУК
Вчера (27.2.2023 година) попладне, на единствениот телефонски број за итни случаи Е-112, граѓанин пријавил дека има застрелано куче на улицата Борка Талевски број 70, што е речиси на границата меѓу скопските општини Центар и Карпош, но сепак на територијата на општина Карпош, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК).
Од таму велат дека „веднаш, по трансферираниот повик од 112, во Секторот за операции и координација на ЦУК, регионалниот ЦУК Скопје ги известил комуналниот инспектор на Град Скопје, локалната самоуправа – Општина Карпош и Центарот за информации и комуникација на МВР за понатамошна постапка во согласност со процедурите на известените институции при вакви случаи“.
Истражувањето на случајот и утврдувањето на фактите при ваквите и слични случаи, како и преземањето оперативни активности, е во насока за придонес за зголемување на безбедноста на граѓаните. Од Секторот за операции и координација при ЦУК во 15 часот е извршено повторно јавување за следење на континуитетот на пријавениот случај во согласност со стандардните оперативни процедури: прво, до комуналниот инспектор на Град Скопје, кој потврдил дека е јавено на „Комунална хигиена“; второ, до контакт-лицата од локалната самоуправа, Општина Карпош, при што повратно е добиено известување дека потребните институции знаат за телото на кучето и потоа, трето, до надлежните од полицијата, кои потврдиле дека била пратена екипа за увид на настанот во согласност со процедурите при вакви случаи“, велат од ЦУК.
Потоа, при комуникацијата и координацијата на активностите за конкретниот случај за застрелано куче во Скопје, Дежурниот оперативен центар при Секторот за операции и координација при ЦУК, по телефонска комуникација и контакт со надлежните служби на МВР, во согласност со оперативните стандардни процедури на ЦУК и по пат на електронски имејл-службени пораки, ја продолжи комуникацијата во интерес за повратни информации за пријавениот случај за застрелано куче во општина Карпош, во корелација со процедурите и надлежностите на институциите од системот за управување со кризи, се вели во соопштението од институцијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Гаши на Националниот молитвен појадок во САД
Претседателот на Собранието, Африм Гаши, учествуваше на Националниот молитвен појадок (National Prayer Breakfast) во Вашингтон.
Се работи за традиционален и значаен настан што ги обединува политичките, верските и општествените претставници, истакнувајќи ги вредностите на дијалогот, взаемното почитување и моралната одговорност во лидерството.
На оваа церемонија се обрати и претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп.
Од Собранието велат дека учеството на Гаши претставува можност за зајакнување на пријателските односи и за афирмирање на улогата на Република Северна Македонија како активен, присутен и почитуван партнер во меѓународната соработка.
Македонија
Се оддалечуваме од Европа поради политиките на власта, му рекол Филипче на известувачот Томас Вајц
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска одржал состанок со постојаниот известувач на Европскиот парламент за Северна Македонија, Томас Вајц. На состанокот, како што информираа од партијата, станало збор за актуелната политичка состојба и за евроинтеграцискиот процес на државата.
Филипче изразил благодарност за ангажманот на ивестувачот на ЕП, Вајц, во следењето на процесот, како и за поддршката на Европската Унија и Европскиот Парламент за европската перспектива на нашата држава.
„На средбата, Филипче посочи дека статусот во кој се наоѓа евроинтеграцискиот процес на Македонија е сериозно загрижувачки, реформската агенда е закочена, реформите не се спроведуваат, а власта не покажува волја за продолжување на европскиот пат. Тој додаде дека наместо напредок кон европскиот пат, државата поради политиките на власта се соочува со стагнација, блокирани реформи и политики кои ја оддалечуваат државата од европските стандарди“, велат од СДСМ.
Филипче нагласил и дека европската интеграција за Македонија значи процес што го зајакнува владеењето на правото, гради функционални институции и обезбедува подобар живот за граѓаните, а Македонија заслужува да се движи напред, а не да губи време и да остане изолирана.
Воедно, Филипче порачал дека СДСМ останува цврсто посветена на европските вредности и реформи, бидејќи иднината на Македонија во Европската Унија, тоа е клучот за подобра, праведна, просперитетна и напредна држава, за подобра иднина за сите граѓани.
Македонија
За возачка дозвола доволно е завршено основно образование, рече Јаневска по протестите
Министерката за образование и наука Весна Јаневска изјави дека за полагање возачки испит е потребно најмалку завршено основно образование, нагласувајќи дека државата обезбедува можности.
„Образованието е бесплатно и за оние што ја надминале возраста, така што до 29 години тие преку Центарот за образование добиваат едукација. Сме имале и проекти со наши странски партнери преку кои Ромите што биле заинтересирани да го дополнат своето образование добиле некаква едукација соодветна на барањата на пазарот на трудот, нивните лични потреби итн“ рече Јаневска одговарајќи на новинарско прашање. Додаде и дека Министерството финансира околу 40 ромски медијатори со цел зголемување на опфатот и редовното присуство на ромските деца во училиштата.
Изјавата доаѓа по протестите на граѓани кои побараа ослободување од обврската за полагање возачки испит бидејќи немаат неопходен степен на образование, а автомобилите им се неопходни.

