Македонија
Пренџов до Ковачевски: Груби е вицепремиер за ништо, кога планирате да го разрешите?
Со последните ваши дејствија покажувате непочитување кон највисоката институција кон оваа држава, му порача пратеникот од коалицискиот партнер на ВМРО-ДПМНЕ, ГРОМ Љупчо Пренџов на Димитар Ковачевски на денешната собраниска седница.
„Алијанса на Албанците согласно информациите кои што стигаат во јавноста е претворена во градежна фирма, а овие од Алтернатива им ги разрешуваат министрите и молчат, никаде ги нема. И тоа ќе видете зошто граѓаните немаат доверба ниту во владата, а ниту во политиката“, истакна тој.
Пренџов го праша Ковачевски кога планира да го разреши Артан Груби, додавајќи дека нема никаква одговорноста и покрај тоа што органите на прогон му висат на врат за тоа како купил деловен објект во центарот на државата по цена од 650 евра.
„Гледам денеска го нема Артан Груби до вас. Не знам како сте поделени дали тој работи ноќе, а вие дење, бидејќи една ноќ дали кога собирал кириите од дуќаните и становите што ги издава помина во собранието, па од тука наваму го нема. Сакам да ве прашам дали планирате да го разрешувате Артан Груби. Да купите дуќан во центарот на државата, на улица Македонија по цена од 650 евра и пола институции за прогон да ви бидат на врат, а вие да го третирате да седи до вас и да биде прв вицепремиер задолжен за ништо, е навистина голем срам за Република Македонија“, рече Пренџов.
Пренџов праша дали Ковачевски ќе го разреши и министерот за образование и наука бидејќи цела година не успеал да иштампа учебници.
Кога сме кај разрешувањата Ковачевски ве молам кога планирате да го разрешите министерот за образование? Не е нормално еден министер да не може да иштампа учебници цела година и да нема никакви последици ниту политички, ниту морални, ниту законски, објасни Пренџов.
Дали чувствуваш одговорност за тоа што во државата нема лекови, нема основни средства, за тоа што во државата се живее се полошо и полошо. Што ќар има државата што вчера се назначија тројца или четворица нови министри, вели тој.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Се оддалечуваме од Европа поради политиките на власта, му рекол Филипче на известувачот Томас Вајц
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска одржал состанок со постојаниот известувач на Европскиот парламент за Северна Македонија, Томас Вајц. На состанокот, како што информираа од партијата, станало збор за актуелната политичка состојба и за евроинтеграцискиот процес на државата.
Филипче изразил благодарност за ангажманот на ивестувачот на ЕП, Вајц, во следењето на процесот, како и за поддршката на Европската Унија и Европскиот Парламент за европската перспектива на нашата држава.
„На средбата, Филипче посочи дека статусот во кој се наоѓа евроинтеграцискиот процес на Македонија е сериозно загрижувачки, реформската агенда е закочена, реформите не се спроведуваат, а власта не покажува волја за продолжување на европскиот пат. Тој додаде дека наместо напредок кон европскиот пат, државата поради политиките на власта се соочува со стагнација, блокирани реформи и политики кои ја оддалечуваат државата од европските стандарди“, велат од СДСМ.
Филипче нагласил и дека европската интеграција за Македонија значи процес што го зајакнува владеењето на правото, гради функционални институции и обезбедува подобар живот за граѓаните, а Македонија заслужува да се движи напред, а не да губи време и да остане изолирана.
Воедно, Филипче порачал дека СДСМ останува цврсто посветена на европските вредности и реформи, бидејќи иднината на Македонија во Европската Унија, тоа е клучот за подобра, праведна, просперитетна и напредна држава, за подобра иднина за сите граѓани.
Македонија
За возачка дозвола доволно е завршено основно образование, рече Јаневска по протестите
Министерката за образование и наука Весна Јаневска изјави дека за полагање возачки испит е потребно најмалку завршено основно образование, нагласувајќи дека државата обезбедува можности.
„Образованието е бесплатно и за оние што ја надминале возраста, така што до 29 години тие преку Центарот за образование добиваат едукација. Сме имале и проекти со наши странски партнери преку кои Ромите што биле заинтересирани да го дополнат своето образование добиле некаква едукација соодветна на барањата на пазарот на трудот, нивните лични потреби итн“ рече Јаневска одговарајќи на новинарско прашање. Додаде и дека Министерството финансира околу 40 ромски медијатори со цел зголемување на опфатот и редовното присуство на ромските деца во училиштата.
Изјавата доаѓа по протестите на граѓани кои побараа ослободување од обврската за полагање возачки испит бидејќи немаат неопходен степен на образование, а автомобилите им се неопходни.
Македонија
Дожд и облаци утре, постудено на почетокот на следната седмица
Времето утре ќе биде променливо облачно. Во западните делови ќе има врнежи од дожд, а попладне услови за дожд ќе има и во источните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 6, а максималната ќе достигне од 8 до 14 степени.
Во Скопје, облачно со услови за повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб ветер со променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 11 степени, најавува УХМР.
Утре ќе се задржи променливо облачно време наместа со повремен слаб дожд освен во западните делови каде што ќе биде облачно со врнежи од дожд кои ќе бидат со пообилен интензитет (над 15 l/m²). Ќе дува умерен, повремено засилен ветер. Нови врнежи ќе има во недела и почетокот на следната седмица кога ќе настапи заладување со повремени врнежи од дожд, а на планините и во некои од повисоките места од снег.

