Забава
Хејли Бибер цел на интернет-тролови по објавувањето фотографии за роденденот на Џастин Бибер
Манекенката Хејли Бибер, сопруга на пејачот Џастин Бибер, се соочи со негативни коментари од фановите на Селена Гомез откога во средата сподели неколку фотографии со Џастин Бибер по повод неговиот 29. роденден.
Додека некои од нејзините следачи на „Инстаграм“ испраќаа роденденски желби на пејачот, неколку тролови се насобраа во делот за коментари, најверојатно како резултат на онлајн-драмата со Селена, која порано му беше девојка на Џастин.

„По ѓаволите, заборавив да те отследам“, напишаа неколку луѓе спомнувајќи како Хејли изгуби речиси милион следачи за неколку дена по исмевањето на поранешната девојка на Џастин.
Во меѓувреме, друг коментира: „Претпоставувам дека залутаните кокошки понекогаш победуваат“, а трети напишаа: „Храбар потег да ги отклучиш коментарите“.
Други критичари ѝ порачаа на Хејли дека треба да се фокусира да му помогне на Џастин откако тој ги откажа преостанатите концерти од светската турнеја поради здравствени проблеми наместо да споделува фотографии.

Долготрајната расправија меѓу Хејли и Селена кулминира во последните неколку недели. Сè почна кога Хејли почна да ја исмејува Селена на социјалните мрежи.
Хејли деновиве се најде на удар на силни критики откако таа, Кендал и Кајли Џенер ја исмеваа Селена Гомез во своите видеа на „Тик-ток“ и во објавите на „Инстаграм“.
Сè почна во средината на јануари кога папараците ја уловија Селена на плажа и јавно објавија фотографии од нејзината несовршена фигура.
Хејли, Кендал и Џастин потоа објавија заедничко видео на „Тик-ток“, во кое се синхронизираа со аудиото, кое гласеше: „Не велам дека таа го заслужи тоа, но божјиот тајминг е секогаш во право“. Многу фанови беа убедени дека видеото е за Селена и ја нарекоа Хејли љубоморна злобница, на што таа го избриша видеото и рече дека немала намера да ја навреди Селена и дека го искористила аудиото бидејќи е во тренд.
Драмата продолжи во февруари кога Селена ја симна Кајли од тронот како најследена жена на „Инстаграм“. Во едно од своите видеа Селена на следачите им ги покажала претерано истанчените веѓи, а веднаш потоа имаше уште една случајност.
Кајли на „Инстаграм“ веднаш објави фотографија од „зумирана“ веѓа со натпис „случајно ли беше тоа?“, а потоа објави скриншот од повикот на „Фејс-тајм“ со Хејли.
Набргу на социјалните мрежи почна вистинска војна на фановите. Милиони луѓе застанаа во одбрана на Селена Гомез и почнаа да ги повикуваат другите да ја следат на социјалните мрежи, а да ги отследат Кајли и Хејли. Бројот на нивните следачи бргу почна да се намалува за стотици илјади луѓе, а на Селена од 381 милион се искачи на над 386 милиони.
Во исто време, Кајли и Хејли мораа да ги заклучат коментарите на своите објави поради големиот број хејтери, кои сега ги нарекуваат злобни девојки.
Хејли првпат беше во врска со Џастин во декември 2015 година кога пејачот и Селена ставија крај на својата романса. Џастин подоцна беше со Софија Ричи, а во ноември 2017 година тој повторно беше фотографиран како вози велосипед со Селена. Но, тој потоа повторно се смири со Хејли во јуни 2018 година. Се венчаа три месеци подоцна.

Врската на Џастин и Селена траеше од 2010 до 2018 година со прекини, па поради тоа, некои од фановите на Селена сметаат дека Хејли влијаела на нивната конечна разделба.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Ќерката на Ким Кардашјан повторно шокира: „И ова е 12-годишно дете?“
Модните избори на 12-годишната Норт Вест долго време се предмет на вниманието на јавноста. Не е тајна дека Ким Кардашјан како нејзина мајка трпи критики од општеството, но таа не се грижи за коментарите и често ги оправдува постапките на својата ќерка со една реченица – тоа е нејзиниот креативен начин на изразување и не сака да ја спречува.
Се чини дека младата Норт повторно го привлече вниманието на јавноста, а овој пат со објава на „Тик-ток“. Имено, таа претстави нов имиџ и е потценување да се каже дека ги шокира сите.
@kimandnorth♬ original sound – flxxsohard
Таа носеше целосно црна комбинација, што ја комбинира со скапи ѓердани. Сепак, најголемо внимание привлекоа нејзините избелени веѓи, како и вештачките трепки што го заокружуваа изгледот на 12-годишното девојче.
Набргу потоа следуваа лавина коментари.
„А ова е 12-годишно дете!“, рече еден корисник на „Тик-ток“, а друг напиша: „Нема шанси 12-годишно дете да има пирсинг на прстот, избелени веѓи и такви нокти!“
@kimandnorth💧💧♬ original sound – ꜰɪɴɴ
„Ким треба да научи да биде мајка, а не најдобра пријателка на своите деца“, коментира трет корисник на социјалната мрежа.
Забава
(Видео) Дакота Џонсон ги воодушеви сите во фустан од тантела
Пејачката Лили Ален пееше на сцената на Saturday Night Live по 18 години, а Дакота Џонсон стави свој печат на сè. Убавата актерка се појави за време на изведбата на песната Madeline и ги воодушеви сите со својот изглед.
Познато е колку Дакота ги сака голите фустани, а ниту сега не отстапи од своето правило.
За сцената таа избра навидум едноставен црн, проѕирен фустан, врз кој додаде светкава наметка украсена со циркони и цветни апликации.
Dakota Johnson made a surprise appearance on the most recent episode of Saturday Night Live as the mistress in Lily Allen‘s song “Madeline.” https://t.co/wCOy6INVVf
— The Hollywood Reporter (@THR) December 15, 2025
Сензуален и драматичен, така може да се опише најновиот во низата провокативни појавувања на Дакота Џонсон поради кои речиси ги остави Лили и нејзиниот настап во сенка.
Спектакуларниот накит беше таму за да заокружи сè, а Дакота повторно не отстапи од својот препознатлив стил што го негува со години.
Забава
(Видео) Најстариот син на Доналд Трамп се сврши
Претседателот на САД, Доналд Трамп, објави дека неговиот најстар син, Доналд Трамп Јуниор, се сврши со Бетина Андерсон, членка на високото општество во Палм Бич.
Трамп ја објави веста на празнична забава во Белата куќа. Портпаролот на двојката подоцна ја потврди среќната вест, а набргу се појави и видео од самиот претседател Доналд Трамп како ја објавува веста.
BREAKING NEWS:
President Trump just announced at the White House that his son @DonaldJTrumpJr and his girlfriend Bettina Anderson are getting married! They just got engaged.
Congratulations to them both. pic.twitter.com/psb38nTGla
— Laura Loomer (@LauraLoomer) December 16, 2025
„Тие се сложуваат многу добро и објавија дека ќе се венчаат“, рече претседателот пред да ја покани двојката на сцената.
Дон Помладиот потоа ѝ се заблагодари на својата свршеница што го прифати неговиот предлог.
Ова е третпат Доналд Трамп Јуниор да се свршува. Претходно, 12 години беше во брак со Ванеса, поранешна манекенка и актерка, со која имаат пет деца заедно. Ванеса поднесе барање за развод во 2018 година.
Подоцна се сврши со Кимберли Гилфојл, американска телевизиска водителка.
Романсата, пак, со Бетина почна минатата година, приближно во исто време кога Дон Јуниор ја раскина свршувачката со поранешната водителка на „Фокс њуз“.
фото/депозитфотос

